Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот (АППТ) на Република Македонија и Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата (РСБСП) денес официјално доделија 14 награди за најкреативни фотографии кои вклучуваат природа и активности со велосипед на територијата на Република Македонија за наградната игра “Македонија се сака на точак”. Наградниот натпревар која траеше 3 месеци беше организирана и спроведена преку Фејзбук апликација и имаше за цел да се зголеми свесноста за користење на алтернативен превоз и промоција на убавините на Република Македонија. Сценографијата на фотографијата која беше замислено да содржи…
повеќе...Tag: агенција
Македонија дел од најновата мобилната апликација на Гугл – Google Trips
Македонија е една од земјите која со својот туристички производ се најде на најновата мобилна апликација на Гугл – Google Trips.Најновиот производ во сферата на туризмот кој Гугл го презентираше е џебниот туристички водич – Google Trips, персонализиран водич за патување.Со помош на оваа мобилна апликација туристите ќе можат на полесен начин да го организираат своето патување во еден од 200-те топ градови во светот препорачани од Гугл. Република Македонија е застапена на апликацијата со популарните туристички атракции на Охрид, Скопје, Битола (и други градови кои се вклучени во истата)…
повеќе...Агенцијата за промоција и поддршка на туризам на Македонија Бренд лидер во регионот за 2016 година
Во Белград се одржа шеста по ред Бизнис конференција за Туризам на Југоисточна Европа-СЕЕТ 2016. Награди за достигнувања на полето на туризмот беа доделени на Туристички работници и компании од целиот регион. Наградите се базираат на пазарна анализа и стандардизирани критериуми, кои вклучуваат континуиран позитивен раст, висок степен на пазарна препознатливост, влијание и придонес кон унапредување и популаризација на потенцијалите и создавање на конкурентна слика на туристичката индустрија на Регионот на Југоисточна Европа. На Агенцијата за промоција и поддршка на туризам на Република Македонија и беше доделена Наградата за Бренд лидер…
повеќе...Агенцијата за туризам на саем за туризам во Бања Лука
На покана на туристичката организација на градот Бања Лука, претставници од Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот (АППТ) на Република Македонија ја презентираа Македонија пред повеќе од 30 000 посетители. Меѓународниот саем за туризам во Бања Лука се организираше по трет пат, а целта на посетата на АППТ беше да се испита можноста за соработка на Македонија, со еден млад пазар. Агенцијата за туризам за време на овој саем оствари средби со Туристичка организација на Република Српска, Туристичка организација на град Бања Лука, Туристичка организација на Република Србија, Здружение…
повеќе...Македонската таеквандо репрезентација на прием во Агенцијата за млади и спорт
Денеска во просториите на Агенцијата за млади и спорт беа претставници на македонската таеквондо репрезентација, кои на неодамна завршеното Балканско првенство во Дупница, Бугарија го направија еден од најголемите успеси на македонското таеквондо со освојувањето на вкупно 13 медали од Балканско првенство, од кои и првиот златен медал во сениорска конкуренција. Со овој настап и резултат повеќе од сигурно се подигна нивото на македонското таеквондо, затоа што е запишано на листата на земји кои освоиле Балкански сениорски медали. Марко Стевиќ стана балкански шампион во категоријата -87 килограми, додека Костадин Георгиевски…
повеќе...Агенцијата за туризам го промовира брендот Macedonia Timeless во Франција
Македонската туристичка понуда по втор пат се претстави пред потенцијалите француски туристи. Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот на Република Македонија (АППТ) во наредните 3 дена ја промовира туристичката понуда на земјава на саемот за туризам во Париз, Франција (IFTM TOP RESA 2016 ). Привлекувањето на туристи во оваа земја се одвива преку прилагодена туристичка понуда за детектираниот интерес кој е насочен кон недопрената природа и културата на земјава. Туристичката понуда на Македонија е во конкуренција со понудата од 1700 тур – оператори од светот, а најголем е интересот…
повеќе...АХВ вклучена во контролата на органските производи
Надзор на преработката и прометот на органските и производите во преод од страна на инспекторите за храна и официјалните ветеринари, постапувајќи по базичниот Закон за безбедност на храната и по законите за органско земјоделско производство и за заштита на потрошувачите, и врз основа на подзаконските акти кои произлегуваат од нив а се однесуваат на органското производство се основите врз основа на надлежноста на Агенцијата за храна и ветеринарство во контролата на органските производи. На работилницата, посветена на предизвиците и пречките со кои се соочуваат македонските производители на органска храна, принципот…
повеќе...Работна средба на Агенцијата за аудиовизуелни медиумски услуги и Државната изборна комисија
Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги денеска беше домаќин на работната средба со членовите на Државната изборна комисија. Во фокусот на состанокот беа меѓусебното информирање за досегашните активности, како и напорите насочени кон подигнување на нивото на почитување на изборната регулатива. На средбата уште еднаш беа потврдени заложбите за натамошна соработка во согласност со Меморандумот за соработка, потпишан во февруари годинава. Од почетокот на мониторингот на медиумското известување во пресрет на изборите во декември 2016 година, Агенцијата повторно започна да и доставува на Државната изборна комисија седмични извештаи за…
повеќе...Најдобрите млади програмери на прием во Агенцијата за млади и спорт
Најдобрите од Државниот натпревар за „Избор на најдобар млад програмер” кој е во организација на Здружението на информатичари на Македонија а во соработка со Агенцијата за млади и спорт. кои учествуваа на Интернационалната олимпијада по информатика во Казан, Русија беа гости во Агенцијата за млади и спорт. Тие како дел од проектот наречен „Најдобар млад програмер”, во кој учествуваа преку 400 учесници, а чија цел бешеда преку правилна филтрација низ регионалните и Државните натпревари да ги добиеме најдобрите шестмина, достојно не претставија на Интернационална Олимпијада ( 17-19.08 Казан, Русија). Во…
повеќе...Агенцијата за млади и спорт им посака успех на параолимпијците
Оливера Наковска-Бикова и Ванчо Каранфилов се Македонските претставници на претстојните параолимписки игри во Рио. Тие, заедно со тренерот Бранислав Јовановски и другите сопатници за Рио го најавија учеството на Параолимписките игри, надевајќи се на повторување на успехот од изминатите континентални натпревари. „На мое големо задоволство, во просториите на АМС беше параолимпискиот тим на Македонија, кој ќе ја претставува нашата земја на Летните Параолимписки игри во РИО, но и тим кој во изминатиов период бележи одлични резултати на меѓународните натпреварувања и во вистинска смисла на зборот покажува како треба да се…
повеќе...