Министерот Адеми се сретна со австрискиот амбасадор Бајер

Министерот за образование и наука, м–р Абдилаќим Адеми денеска (понеделник, 7 јули, 2014) оствари работна средба со амбасадорот на Република Австрија во Република Македонија, неговата екселенција Томас Михаел Бајер и со координаторот за образование и култура при австриската амбасада, г-дин Матијас Форхер Маер. На средбата се дискутираше за соработката меѓу двете држави во областа на образованието и науката, при што беше изразена взаемна подготвеност за нејзино продлабочување и зацврстување. Презентирајќи ги тековните и планираните проекти во областа на образованието и науката, министерот Адеми посебно се осврна на високото образование и…

повеќе...

Градоначалникот Бакрачески оствари средба со словачкиот амбасадор Безак

Градоначалникот Никола Бакрачески денес оствари  работна средба со  амбасадорот на Република Словачка во Република Македонија, Мартин Безак. На средбата се   разгледуваа можностите за соработка  меѓу Охрид и  словачкиот град Нитра на повеќе полиња , пред се во  културата , со оглед на тоа што овој град кој   е еден од најстарите и петти најголем во Словачка, исто како и Охрид изобилува со богата историја, култура и традиции. Во тој поглед беше истакнато дека  Нитра е потенцијалниот и прв  словачки град со кој Охрид би се збратимил а тоа…

повеќе...

Проштална средба на кинескиот амбасадор Цуи Џивеи со министерот Димовски

Република Македонија и Народна Република Кина имаат одлични односи и плодна соработка во областа на земјоделството, истакнаа министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски и амбасадорот на НР Кина во нашата држава Цуи Џивеи на денешната проштална средба. Министерот Димовски на средбата му се заблагодари на амбасадорот Џивеи за неговата и за поддршката која неговата земја ја дава на Министерството за земјоделство и на Владата на Република Македонија, како и за можностите за обука и школување на вработени во Министерството за земјоделство во НР Кина. „Нашата плодна и успешна…

повеќе...

Амбасадорот Ивон на проштална средба кај министерот Попоски

Министерот за надворешни работи Никола Попоски денеска го прими на проштална средба амбасадорот на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска во Република Македонија, Кристофер Ивон. На средбата Попоски искажал високо уважување за соработката со Амбасадата на Обединетото Кралство и придонесот на амбасадорот Ивон во продлабочувањето на македонско-британските односи за време на неговиот дипломатски мандат во Македонија. Притоа, изразил подготвеност отворениот и конструктивен дијалог да продолжи да се негува и по доаѓањето на новиот амбасадор на Обединетото Кралство во Македонија. Попоски и Ивон се согласиле дека политичките односи меѓу…

повеќе...

Градоначалникот Бакрачески се сретна со амбасадорката на Австралија за Македонија Јулија Фени

Градоначалникот Никола Бакрачески денеска во Охрид, оствари средба со Амбасадорката на Австралија зa Република Македонија, Јулија Фени, чие претставништво се наоѓа во Белград- Република Србија, и со почесниот конзул од Република Македонија во Австралија, Зоран Костовски. Во опуштена атмосфера со кафе муабет, градоначалникот Бакрачески ги запозна своите гости со културно –историските обележја и убавини на Охрид кој поради своите специфичности долги години е под заштита на УНЕСКО. Се разгледуваа можностите за соработка меѓу охридскиот и универзитетот кој функционира во збратимениот град со Охрид, Волонгонг каде живеат и работат голем број…

повеќе...

Кинескиот амбасадор на заминување на прием кај градоначалникот Бакрачески

Градоначалникот Никола Бакрачески, денеска прими кинеска делегација предводена од  Амбасадорот на Република Кина  во Република  Македонија, Цуј Џивеи чиј мандат истекува во месец мај годинава. Градоначалникот Бакрачески се заблагодари за  сите  заложби  и активности,  што Амбасадорот Џивеи ги направил  за доброто на  Република Македонија но и за градот Охрид ,посебно истакнувајќи ги неговите заложби за реализација на проектот што се однесува на изградба на  автопатот од Кичево до Охрид, а кој е особено значаен за туристичкиот и стопански развој на градов. „Неговото лобирање за добивање кредит од кинеската влада за…

повеќе...

Градоначалникот Трајкоски оствари средба со американскиот амбасадор во Македонија Волерс

Во Општина Дебарца денеска се одржа работна средба помеѓу Американскиот Амбасадор во Република Македонија, Пол Волерс и Градоначалникот на општина Дебарца, Игор Трајкоски. На средбата се разговараше за локалната власт, проектите кои се реализирани и проекти кои ќе се реализираат. Од страна на Градоначалникот Трајкоски, Амбасадорот Волерс беше запознаен за состојбата во општина Дебарца, за проектите кои се реализираат од страна на Општината и начинот на добивање помош од централната власт и меѓународните организации. Амбасадорот се интересираше дали до сега се реализирани проекти со подршка на USAID во општина Дебарца.…

повеќе...

Амбасадорот на САД во Македонија Пол Волерс утре во работна посета на Дебарца

Утре  во работна посета на Општина Дебрца ќе присуствува амбасадорот на САД во Република Македонија, Пол Волерс. Предвидено е амбасадорот Волерс да се сретне со градоначалникот на општина Дебарца, Игор Трајкоски.

повеќе...

Американската амбасада донираше софистицирана опрема за граничната полиција и царинската служба

Денес се одржа свечено предавање на опрема на Граничната Полиција при Министерството за внатрешни работи и Царинската управа при Министерството за финансии, што е обезбедена преку Програмата на Амбасадата на САД за контрола на извозот и гранична безбедност (EXBS). На свеченоста свое обраќање имаа Американскиот Амбасадор Пол Волерс, регионалниот EXBS советник Џорџ Кларк, Министерката Гордана Јанкуловска и Директорот на Царинска управа Ванчо Каргов. „Токму безбедноста на границите е еден од приоритетите кои што ги имаме особено заради глобалниот развој на настаните и бројните конфликти што резултираа со значителни миграциони бранови“, –…

повеќе...

Градоначалникот Бакрачески ги претстави потенцијалите на Охрид

Градоначалникот Бакрачески  во својство на домаќин на работниот ручек  со  45–те  почесни конзули од Македонија  во светот, одржа поздравна здравица во која што меѓу другото истакна. „Да се биде градоначалник на Охрид претставува голема чест но истовремено и голема одговорност- да се заштитат  универзални вредности на градот и регионот а истовремено да се создадат можност за одржлив економски развој и зголемување на животниот стандард на граѓаните. Во нашата стратегија за локален развој ние го идентификувавме туризмот и индустријата како движечки столбови на економскиот растеж на градов. Меѓутоа Македонија и Охрид…

повеќе...