Бизнис можностите на Македонија претставени во Милвоки

На бизнис форумот за инвестициските можности во Македонија, што се одржа во Милвоки, САД, две компании  изразиле интерес за посета на македонската држава  и подетално запознавање со  можностите за инвестирање. Вицепремиерот за економски прашања Владимир Пешевски и владината економска делегација се сретнале и со врвниот менаџерски тим на компанија од металната индустрија базирана во Милвоки и посетиле дел од производствените капацитети на компанијата, соопшти Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони. Со централата на компанијата „Џонсон контролс“,  присутна со инвестиции во две фабрики во Македонија, македонската делегација разговарала  за  можностите за…

повеќе...

Американската амбасада донираше софистицирана опрема за граничната полиција и царинската служба

Денес се одржа свечено предавање на опрема на Граничната Полиција при Министерството за внатрешни работи и Царинската управа при Министерството за финансии, што е обезбедена преку Програмата на Амбасадата на САД за контрола на извозот и гранична безбедност (EXBS). На свеченоста свое обраќање имаа Американскиот Амбасадор Пол Волерс, регионалниот EXBS советник Џорџ Кларк, Министерката Гордана Јанкуловска и Директорот на Царинска управа Ванчо Каргов. „Токму безбедноста на границите е еден од приоритетите кои што ги имаме особено заради глобалниот развој на настаните и бројните конфликти што резултираа со значителни миграциони бранови“, –…

повеќе...

Перо Антиќ дебитираше за Атланта

Капитенот на нашата кошаркарска репрезентација, Перо Антиќ, синоќа ги одигра првите минути за Атланта Хокс. На отворањето на претсезоната, во дуелот со актуелниот шампион Мајами Хит, Антиќ одигра речиси 16 минути за кои постигна 3 поени со 4 скокови и 1 украдена топка. Атланта го загуби натпреварот кој се играше во „Америка Ерлајнс“ центарот во Мајами со 92-87, но Перо Антиќ, а и кошаркарската јавност во Македонија ќе го памети овој дуел како прв на наш кошаркар во дресот на НБА тим. Капитенот на нашиот национален состав одигра точно 15:47…

повеќе...

Договорена соработка со реномирани медицински центри во Чикаго

Владина делегација преводена од претседателот на Владата на Република Македонија, Никола Груевски во присуство на министерот за здравство Никола Тодоров, вчера (среда, 25.09.2013 година) оствари посета на три реномирани медицински центри во Чикаго, Соединетите Американски Држави, Универзитетскиот медицински центар РУСХ, Медицинскиот центар на Универзитетот Илиноис и Северо-западниот медицински центар во Чикаго. Во рамки на посетата, владината делегација оствари средба со менаџерските тимови на медицинските центри, при што беа потпишани меморандуми за соработка со Универзитетскиот медицински центар РУСХ и Медицинскиот центар на Универзитетот Илиноис, а со Северо-западниот медицински центар во Чикаго…

повеќе...

Премиерот Груевски ги презентира бизнис поволностите на Македонија во Чикаго

Владината делегација предводена од претседателот на Владата на Република Македонија, Никола Груевски, вчера (среда, 25.09.2013 година), присуствуваше и се обрати на бизнис форум во Чикаго, на кој беа презентирани поволностите кои нашата земја ги овозможува за странските инвеститори. Бизнис форумот се одржа со поддршка на американската компанија „Денстон“, и на него учествуваа триесетина претставници на американски компании од областа на автомобилската индустрија, медицината, енергетиката, инфраструктурата и бизнисот со недвижности. Премиерот Груевски во своето обраќање пред американските бизнисмени се осврна на поволностите за инвестиции кои ги овозможува нашата земја, а кои…

повеќе...

Премиерот Груевски со сопругата на прием кај Барак и Мишел Обама

Премиерот Груевски се сретна со американскиот претседател Барак Обама, а двајцата беа во придружба на своите сопруги. На приемот кој го приреди претседателот на САД за лидерите на земјите учесници на 68. Генерално Собрание на ООН, се фотографираа Барак и Мишел Обама со Никола и Боркица Груевски. Во рамки на престојот, премиерот Груевски ја предводи државната делегација која ќе присуствува на Генералното Собрание на Обединетите Нации каде што и ќе се обрати, ќе присуствува и ќе се обрати на повеќе бизнис форуми за презентација на можностите и поволностите кои Република…

повеќе...

Премиерот Груевски на бизнис форум во Принстон ги повика американските компании да инвестираат во Македонија

Во рамките на економскиот дел од работната посета на Соединетите Американски Држави, владината делегација предводена од премиерот Никола Груевски, вчера (вторник, 24.09.2013 година), присуствуваше и се обрати на бизнис форум во американскиот град Принстон, Њу Џерси, каде што пред триесетина претставници на американски компании од областа на производството, медицината, туризмот, автомобилската индустрија беа претставени поволностите за инвестирање во нашата земја. Премиерот Никола Груевски во своето обраќање се осврна на поволностите кои нашата земја ги нуди за странските инвеститори, а кои пред се се огледаат во најниските трошоци за водење бизнис…

повеќе...