Делегација на Амбасадата на Република Кина во Република Македонија, денеска беше во работна посета на Секторот за внатрешни работи Охрид. На средбата, претставниците на кинеската амбасада, на раководниот тим на СВР Охрид им го искажаа задоволството од високиот степен на безбедност во Охрид забележано од кинеските туристи што во изминатиов период го посетиле Охрид. „Се грижиме за туристите што од Кина доаѓаат во Република Македонија и во Охрид, водиме сметка за нивните права и посебно за начинот на решавање на евентуалните безбедносни проблеми со кои би се соочиле“, рече Цуј…
повеќе...Tag: безбедност
Во Охрид презентирани брошурите за опасностите во храната
Организацијата на потрошувачи на Македонија заедно со Организацијата на потрошувачи Охрид и Агенцијата за храна и ветеринарство денес во Охрид презентираше три нови заедничко изработени брошури кои што се однесуваат на исхраната на населението. Целта беше тие брошури да се промовираат во маркетите во Охрид, да им се поделат на граѓаните, практично да се доближат до потрошувачите на кои што им се наменети овие брошури. „Едната брошура „Опасности во храната“ се однесува на опасностите, кои опасности би можеле да произлезат од прехрамбените производи кои што ние насекаде ги јадеме, без…
повеќе...Во Охрид ќе се реализира собраќајно воспитна кампања „Децата-безбедни во сообраќајот“
Општинскиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата Охрид, согласно програмата за работа за 2016 година, во соработка со Локалната самоуправа, Министерството за образование и наука, Министерството за внатрешни работи и предшколската установа „Јасна Ристеска“, годинава, заедно со децата од предшколска возраст, во Охрид ќе ја реализира сообраќајно-воспитна кампања „Децата-безбедни во сообраќајот“. Годинава, оваа кампања ќе биде дел од проектот „Ве молам возете полека“ што ќе се реализира утре (четврток) со почеток во 09 часот и 15 минути на кружната раскрсница на пресекот на булеварите „Туристичка“ и „АСНОМ“. Тука ќе…
повеќе...Шетање куче од автомобил
Убав сончев ден, време за прошетка, но со кого да излезете попрво, со сопругата или пак со кучето!?! А зошто не и со двајцата? Додека жената си вози автомобил, онака во прва со вклучени четири трепкачи, вие си го влечкате кучето по вас. Колку и да им изгледала добро идејата, во пракса тоа не изгледаше баш така. Напротив, ова претставуваше малтретирање за кучето. WebOhrid
повеќе...Јолевски: Македонија останува посветена на зачленувањето во НАТО
„Република Македонија останува посветена на својата цел да стане членка на НАТО што поскоро. Како Министерство за одбрана продолжуваме со реформите во армијата и одбранбениот сектор бидејќи тие реформи се битни за државата, затоа што на тој начин градиме силна, мобилна и ефикасна армија, а истовремено исполнувајќи ги стандардите на НАТО.“ Тоа го истакна министерот за одбрана Зоран Јолевски во обраќањето пред учесниците на Безбедносниот форум „Одлуките од Самитот на НАТО во Варшава: импликации за Алијансата и за земјите од Западен Балкан“, што во организација на Маршал-центарот на Република Македонија…
повеќе...НАТО-форум за безбедност во Охрид
Во организација на Маршал-центарот за Република Македонија, од денеска до 30 август, во охридскиот хотел „Гранит“, се одржува Форум за безбедност на тема „Одлуките од Самитот на НАТО во Варшава: Импликации за Алијансата и за земјите од Западен Балкан“. Форумот се одржува четврта година по ред, во партнерство со Европскиот центар за безбедносни студии „Џорџ К. Маршал“ од Германија и со поддршка на Одделот за јавна дипломатија на НАТО и на Одбранбениот колеџ на НАТО од Рим. На форумот ќе говорат истакнати професори, аналитичари и експерти, меѓу кои проф. д-р…
повеќе...Едукативно – превентивна акција „Вози одговорно – животот е во твои раце“
Во рамките на работата и реализацијата на предвидените програмски активности во годишната програма, Општинскиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата-Охрид, утре 29 јули (петок) во 11:30 часот, ќе ја реализира едукативно-превентивната акција „Вози одговорно-животот е во твои раце“. Целта на оваа активност е потсетување на потребата од почитување на сообраќајните правила и прописи за безбедно одвивање на сообраќајот, внимателно управување со патничките и други моторни возила, подигнување на јавната свест за зголемена безбедност во сообраќајот и унапредување на сообраќајната безбедносна култура кај сите учесници во сообраќајот. Во рамките на…
повеќе...СВР Охрид со превентивни мерки во текот на празничниот продолжен викенд
Во текот на празничниот продолжен викенд, СВР Охрид ќе презема ефективни, пред се превентивни мерки, со цел зачувување на јавниот ред и мир и подигнување на степенот на безбедност во сообраќајот. Мерките на полициските службеници ќе се насочат кон учесниците во сообраќајот што ги кршат сообраќајните правила и прописи и не ги почитуваат законските одредби од Законот за безбедност во патниот сообраќај. Мерки, посебно ќе се преземаат кон сторителите на казнени дела, со цел елиминирање на можностите за нарушувања и загрозување на јавниот ред и мир и вршење имотни деликти.…
повеќе...Спасовски: МВР ги преземa сите мерки зa безбеднoст нa грaѓaните
Министерот за внатрешни работи денеска гo пoсети пoлицискoтo oдделение вo Мaтејче, а се сретна и со припадниците на МВР кои ги извршуваат своите задачи во овој регион. „Имaме згoлеменo присуствo нa теренoт бидејќи вo oвoј периoд имaме сериoзни предизвици, и вo Мaкедoнијa и вo региoнoт имaме бегaлскa кризa. Вo рaмките нa сите oвие aктивнoсти, полицијата има згoлеменo присуствo oвде вo кумaновскиoт-липковскиот и вo скoпскиoт региoн, се сo цел дa се oбезбеди пoгoлемa сигурнoст нa грaѓaните нa Република Македонија. Имaме сoрaбoткa и сo грaѓaните oд oвoј региoн и требa сите дa…
повеќе...Во Охрид ќе се одржи едукативна трибина за алтернативните форми на мобилност
Во Охрид ќе се одржи едукативна трибина за алтернативните форми на мобилност. На трибината ќе се дискутира за тоа како зголеменото користење на алтернативните форми на мобилност (велосипедите, ролерите, пешачењето и сл.), можат да придонесат до намалување на ризиците во сообраќајот. Додатно, тема ќе биде и како најдобро да се заштитиме себеси и другите кои користат алтернативни форми на мобилност, а ќе биде направен пресек и на состојбите во сообраќајот во Охрид во периодот од 2010 година до сега. Едукативната трибина е во организација на Републичкиот Совет за безбедност во сообраќајот…
повеќе...