Зголемен е бројот на турски инвестиции во Македонија, но бизнисмените од двете земји договараат уште поинтензивна соработка. Како што беше речено на денешниот деловен форум, Турција ја гледа Македонија како безбедна земја за вложување со одлични услови, а предност повеќе е и тоа што е блиска до европските земји. „Македонија за нас е многу значајна. Дојдовме да ги детектираме полињата за соработка зашто сакаме уште повеќе да инвестираме“, рече Наџи Шаки, претседател на Асоцијацијата на индустријалци од Бурса. Туризмот, земјоделството, прехранбената индустрија, текстилот и градежништвото се најатрактивни за турските инвеститори.…
повеќе...Tag: бизнис
Евроатланските интеграции важни за развојот на македонската економија
Интегрирањето на Република Македонија во светската економија е неопходно за економскиот просперитет на државата. Со зачленувањето на Македонија во НАТО и ЕУ ќе се зголеми обемот на домашното производство, извозот, вработеноста и странските инвестиции. Ова беше нагласено на денешната конференција за влијанието на евроатланските интеграции врз економијата во Македонија, што ја организираше Евроатланскиот совет во соработка со Факултетот за безбедност и Стопанската комора на Македонија. Според министерот за економија Ваљон Сарачини, влијанието на евроатланските интеграции врз економијата во Македонија е повеќеслојно бидејќи зачленувањето во ЕУ и НАТО ќе води кон…
повеќе...Ставрески: Градежништвото двигател на економскиот раст во кризни времиња
Градежништвото е една од основните стопански активности во секоја земја и особено во вакви кризни времиња во изминатите години беше двигател на економскиот раст во Македонија, оцени вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески на отворањето на 10. Меѓународен саем за градежништво, што се одржува од денеска на Скопски саем. Позитивните состојби во градежништвото, според Ставрески, се показател за квалитетот на градежните компании и на сите чинители од тој сектор што учествуваат со значен процент во креирањето на БДП, но и на политиките на Владата за поттикнување на градежните активности.…
повеќе...Турско-македонски бизнис форум во организација на МАТТО
Турција не е само еден од нашите најголеми политички сојузници, туку прераснува во еден од најдобрите економски партенри, порача премеирот Никола Груевски во обраќањето на турско-македонскиот бизнис форум во организација на Стопанската комора Македонија-Турција (МАТТО) што вчера се одржа во Скопје. Билатералната трговија меѓу двете земји, нагласи, е зголемена за осум пати во последните две децении со што Турција е деветтиот најзначаен трговски партнер на Македонија. „Се надевам дека потнцијалите за соработка меѓу двети земји и во иднина ќе бидат искористени, а уверен сум дека постојат огромни потенцијали за соработка.…
повеќе...Нови 10 милиони евра од ЕУ за малите бизниси
Европската унија продолжува да ги поддржува македонските мали и средни претпријатија. Проектираните 2,2 милиони евра потрошени преку проектите во изминатите две години, како што беше оценето на денешната завршна конференција, им помогнаа на фирмите да ги зголемат производството и извозот, како и конкурентноста на домашниот и регионалниот пазар. Нагласувајќи дека целта е поттикнување на економскиот раст и премин кон пазарна економија, евроамбасадорот Аиво Орав најави нови 10 милиони евра за малите бизниси. „Повеќето фирми со поддршка на европските експерти успешно ги остварија поставените цели, зголемување на бројот работни места и…
повеќе...Ставрески: Инвестицијата на Рој ќе продолжи и ќе биде реалност
Инвестицијата на Субрата Рој во Македонија непречено ќе продолжи и ќе стане реалност, а за тоа е потврда денешното соопштение од компанијата,вели вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески. „Денешното соопштение го потврди она што претходно го кажавме, а тоа е дека инвестициите на Субрата Рој во Република Македонија непречено ќе продолжат. Ситуацијата таму е објаснета и дадени се сите детали. Имаме и усна потврда од Рој дека неговиот проект и во Охрид и на други места во Македонија ќе се реализират согласно динамиката што е договорена“, изјави Ставрески одговарајќи…
повеќе...Владата ќе финансира 50 проценти од инвестиците во руралниот туризам
Во насока на поддршка на туризмот, обезбедување на поголем број на туристи, уредување на капацитетите, и овозможување на нови работни места и приходи за бизнисите, Владата одлучи да преземе две нови мерки кои значат сериозен придонес кон реализација на целите за развој. Прво, Владата одлучи да биде проширен опфатот на земји за кои ќе се применува субвенцијата за привлекување на странски туристи. Досега оваа мерка важеше за земјите од Бенелукс, а од оваа 2013 година ќе важи и за Финска, Норвешка, Данска, Шведска, Русија, Украина, Обединетите Арапски Емирати и Јапонија.…
повеќе...Туризмот, земјоделството и енергетиката најинтересни за украинските бизнисмени
Инвестиции во областа на туризмот, земјоделството, производствени дејности, особено во машинската индустрија, рударството, градежништвото и енергетиката се најинтересни за украинските стопанственици од Дњепропетровск, каде владина делегација предводена од вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески ги презентираа можностите за правење бизнис во Македонија. Дњепропетровск и Доњецк се двете најразвиени економии во Украина. За ова говори и фактот што за само десет месеци од минатата година, Дњепропетровск, оствари трговски суфицит од три милијарди долари, што укажува на високата развиеност на овој регион во индустријата. Како што соопшти Министерството за финансии,…
повеќе...Државата ги намали обврските кон компаниите за 72,4 милиони евра
Обврските на државата кон стопанството од септември, кога Владата најави исплата кон компаниите по основ поврат на ДДВ и за договорни работи, е намален за 4,4 милијарди денари или 72,4 милиони евра. Како што соопшти Министерството за финансии на средината на септември, кога почна акцијата на отплата, обврските по основ на поврат на ДДВ и исплата на договорни работи изнесуваше 5.653.277.738 денари или 92 милиони евра. Заклучно со денеска, обврските на државата кон стопанството се намалени на 1.198.000.000 денари, односно на 19,5 милиони евра. Со тоа обврските од почетокот на…
повеќе...Владата ќе покрива половина од трошоците за отворање бизниси во руралните средини
Стратешка определба на Владата на Република Македонија е отворањето на нови работни места и овозможување на поволни услови за отворање и развивање на бизниси, развој на претприемачкиот дух и приватната иницијатива. Исто така, сериозно внимание се обрнува на политиката на рурален развој и економско закрепнување и засилување на македонските села. Комбинирајќи ги овие две стратешки определби и во исто време остварувајќи ги целите кои се предвидени, Владата димензионираше и подготви посебна програма која нуди значајна финансиска поддршка за отворањето и развојот на приватни бизниси и вработувања во руралните средини. Програмата…
повеќе...