Италијански компании се заинтересирани за инвестиции во инфраструктурата и енергетиката во Македонија. Ветуваат поддршка за реализација на проектите и преку европските ИПА фондови. Детали за проектите во тие области денеска пред претставници на 30 компании од Италија, организирани од Италијанскиот институт за надворешна трговија, претставија министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески и градоначалникот на Скопје Коце Трајановски. „Разговараме за инфраструктурата и енергетиката, сектори во кои македонската Влада има амбициозни проекти за инвестиции и сето тоа ќе понуди позитивно сценарио и за италијанските бизнисмени. Многу важен момент е да воочиме…
повеќе...Tag: бизнис
Ставрески: Цврсти и конзистентни реформи за подобра бизнис клима
Македонија е мала земја и привлекувањето инвеститори во мала земја која нема излез на море не е лесна работа. Eдинствениот начин се цврсти и конзистентни реформи за олеснување на бизнис климата. Ова го истакнува вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески во интервју за лондонски „Банкер“ во врска со привлекувањето инвеститори и рангирањето на Македонија на 25. место во извештајот на Светска банка за условите за водење бизнис што според магазинот е многу висока позиција која Македонија ја става и пред некои големи нации како што е Јапонија. „Прво треба…
повеќе...Во Торонто, министерот Наумоф ги претстави бизнис поволностите во Македонија
Министерот за странски инвестиции Џери Наумоф за време на неговата посета на Торонто, Канада, беше главен говорник на Форумот „Инвестициски можности за бизнис во Југоисточна Европа“, организиран од Советот на НАТО на Канада. Пред 60-тина претставници на бизнис заедницата од Торонто, тој ја претстави бизнис климата во Македонија и предностите за инвестирање и проширување на нивните активности во нашата земја. Највисоките менаџери на компании кои присуствувале на форумот, соопшти денеска кабинетот на министерот Наумоф, биле заинтересирани за достапноста на квалификувана работна сила, како и поволната бизнис клима во комбинација со…
повеќе...ФДИ: Македонските економски зони топ бизнис дестинации за инвестиции
Охридско-струшкиот регион, кој е на прво место според рангирањето кое го изврши ФДИ магазинот (Financial Times Ltd) е најповолен за инвеститорите во Европа. На ранг листата на високо место котираат и Скопскиот и Штипскиот регион. Ова рангирање покажува дека Македонија е препознатлива бизнис дестинација, а по тој повод на 12-ти овој месец ФДИ Магазинот во Кан ќе додели и награда за Македонија. На доделувањето на наградата се очекува да присуствува директорот на ТИРЗ, Виктор Мизо. Според спроведените анализи од ФДИ во ноември 2013 година на пазарот забележани се 3.652 гринфилд…
повеќе...Груевски: Драстично е подобрена климата за инвестирање во Македонија
Макроекономска стабилност, ниски трошоци за бизнис, ниска задолженост, ниски даноци, технолошко индустриски зони кои нудат одлични можности за работење на компаниите, пристап до голем пазар преку потпишаните договори за слободна трговија, доброто функционирање на институциите, како и поддршката што Владата ја дава на компаниите кои сакаат да инвестираат, се дел од предностите што синоќа премиерот Никола Груевски им ги претстави на заинтересирани инвеститори од регионот на Штутград на Бизнис форум организиран во соработка со Фајненшл тајмс. „Република Македонија има долгогодишна макроекономска стабилност со ниска инфлација која во просек изнесува околу…
повеќе...Oдвоени бизнис средби во Германија со заинтересирани инвеститори
Во рамки на посетата на Германија, премиерот Никола Груевски заедно со економскиот тим денеска посети повеќе компании каде на претставниците им се претставени можностите за инвестирање во Македонија. „Германија е европската локомотива, локомотивата на развојот на европската економија. Затоа сме тука повторно со владина делегација на чело со премиерот за да ги посетиме Штудгард, Дизелдорф и сите околни места каде што пак е центарот на автомобилската индустрија, онаа во која и досега имавме најголем успех во привлекување на странски инвестиции, која има најдобар потенцијал за во иднина да се префрлат…
повеќе...Сарачини: Поради добрата бизнис клима, поголем интерес кај странските инвеститори
Очекувањата се дека Македонија ќе ја заврши 2014 година со 350 милиони евра странски инвестиции. Ваквото зголемување во однос на лани, како што изјави денеска министерот за економија Ваљон Сарачини, се должи на поголемиот интерес кај вложувачите поради добрата бизнис-клима, но и зголемувањето на капиталните инвестиции во инфраструктурата. „Во 2013 странските инвестиции придонесоа да се реализира извоз од 760 милиони евра што е 25 отсто од вкупниот извоз на Македонија или 20 проценти повеќе од извозот во 2012 година“, истакна Сарачини по денешниот состанок со Советот на странски инвеститори во…
повеќе...Модернизираните лаборатории во функција на бизнисот
Портпаролот на Владата на Република Македонија, Александар Ѓорѓиев на денешната прес-конференција рече дека Владата на Република Македонија дефинирајќи го развојот на научно истражувачката дејност како еден од врвните приоритети во Програмата за работа, во 2010 година започна со реализација на капиталниот проект за „Опремување на лаборатории за научно-истражувачка и апликативна дејност”, преку кој досега со најсовремена апаратура се опремија 80 лаборатории на високообразовните институции и јавните научни установи на територијата на Република Македонија, за што се вложени средства во висина од 1,6 милијарди денари или околу 26 милиони евра. „Станува збор…
повеќе...Груевски: Македонија пријателска земја на инвеститорите
Македонија нуди најконкруентни услови за правење бизнис во регионот. Тоа го забележаа повеќе странски компании кои веќе работат во Македонија, а некои од нив одлучија и да реализираат своја втора инвестиција. Ова го истакна премиерот Никола Груевски синоќа на бизнис форум во Дизелдорф пред претставници на повеќе германски компании од автомобилскиот сектори, инфраструктурата, телекомуникациите, туризмот, банкарскиот и осигурителниот сектор. „Американските Џонсон Контролс, Кемет Електроникс, Џонсон Мети, Ванхол, Технокозе, Продис, Гришко…, веќе инвестираа и ја пронајдоа Македонија како најдобра бизнис дестинација. За нас е многу важно што оние кои дојдоа одлучија…
повеќе...Груевски: Австрија да ги искористи можностите на Македонија и да стане прв инвеститор
Австрија во моментов е втор најголем инвеститор во Македонија. Ние сме овде за да помогнеме таа да стане првa. Овде сме да им дадеме информации на компаниите кои сакаат да ги искористат можностите што ги нуди Македонија, истакна премиерот Никола Груевски на бизнис форумот што Владата во соработка со Фајненшл Тајмс го организираше синоќа во Виена. Обраќајќи се пред стотина австриски бизнисмени, Груевски, укажа на фактот дека Македонија има стабилна економија, стабилна валута, низок долг од 34,3 проценти од БДП што, како што рече, е многу важно во актуелната ситуација…
повеќе...