Со низа активности ќе се одбележи Светскиот ден на ретки болести во Охрид

Здружението на граѓани за ретки болести „Живот со Предизвици“ и оваа година го одбележува Светскиот Ден на Ретки Болести – последниот ден од месец февруари. Во рамки на Националната Алијанса за Ретки Болести на Р. Македонија, а предводени од кампањата на ЕУРОРДИС (Европска Организација за Ретки Болести) и под мотото „Придружете ни се за да се слушне гласот на ретките болести“ Здружението за ретки болести со подршка на повеќе институции, здруженија, поединци реализира низа активности насочени кон промоција и информирање на јавноста за лицата заболени од ретки болести и начинот…

повеќе...

Ташевска-Ременски: Кожната болест „скабиес“ била дијагностицирана минатата година, а надлежните не пријавиле во министерството

Министерската за труд и социјална политика д-р Фросина Ташевска-Ременски ги посети Јавната установа Дом за доенчиња и мали деца-Битола, Дневниот центар за деца со посебни потреби и Центарот за социјална работа во Битола при што изврши увид во работењето на установите со цел запознавање со потребите и активностите на истите. При посетата на Домот за доенчиња и мали деца, Ташевкса-Ременски посебно се интересираше за здравствената грижа и состојбата на дечињата кај кои во текот на месец јули, ноември и декември минатата година било дијагностицирано кожно заболување. Министерката посетата на Домот…

повеќе...

Едукативно предавање за болестите на зависност пред охридските гимназијалци

Ноември како месец за одбележување на борбата против болести на зависност, проследен е со низа активности за подигнување на свеста на јавноста, особено младите за штетните последици од пушењето и алкохолизмот. На денешното едукативно предавање, Др. Соња Стурлакова- Димовска, интернист од Центарот за јавно здравје, ги запозна охридските гимназијалци со последиците на конзумирањето на штетните супстанци. „Пушењето веќе не е тренд во развијените земји. Опасноста од развивање на зависноста од никотин е во фактот што цигарите се лесно достапни, а последиците не се видливи веднаш туку по подолг период кога…

повеќе...

И годинава со низа активности ќе се одбележи Светскиот ден за борба против хепатитис

Во рамките на здравствено-превентивната дејност Црвен крст Охрид во партнерство со здружението Опција-Охрид и Центар за јавно здравје Охрид, секоја година со низа активности го одбележува 28-ми јули Светскиот ден за борба против хепатитис. Оваа година, под мотото „ПРЕВЕНИРАЈ ГО ХЕПАТИТОТ-ОД ТЕБЕ ЗАВИСИ“!, предвидена е реализација на активности и настани кои ќе се реализираат во Охрид и Струга и тоа: – вршење на бесплатни, анонимни тестирања за хепатитис кои ќе се реализират во специјално возило од страна на обучени лица од Црвен крст Охрид, Опција-Охрид и Центар за јавно здравје…

повеќе...

Потенцијални опасности и болести кај животните по поплавите

Тетанус – болест на која се подложни сите животни, но, посебно коњите, овците и козите. Животните кои имаат рани истите треба да се третираат и да се вакцинираат. Ботулизам – Токсинот на Cl. Botulinum се размножува во распаднати лешови или во зеленчукот и може да го загади изворот на водата. Посебно чувствителни на оваа болест се коњите и птиците. Карактеристична клиничка слика е појава на парализа, а болеста започнува со слабост и потешкотии во земањето и голтањето на храната. Превентива е спречување на распаѓање на лешови и зеленчук. Листериоза –…

повеќе...

Груевски: Изготвивме системско решение за лекување ретки болести

 По примерот на европските земји, Владата изготви системско решение со кое се предвидуваат средства наменети за финансирање на лекување ретки болести. Средствата ќе се обезбедуваат преку одвојување дополнителен еден денар од кутија купена цигари предвидено со измени во Законот за акцизи. Ова го објави премиерот Никола Груевски на својот Фејсбук профил. „Предизвикот со лекување на пациентите со ретки болести е светски предизвик. Иако погодуваат 1 на 2.000 лица, сепак, тие засегнуваат голем број лица и семејства, имаат големо влијание на животот… Наша задача е да се трудиме да бараме начини…

повеќе...

Утре во ОУ „Христо Узунов“ ќе се одржи трибина на тема „Епилепсија“

ОУ „Христо Узунов“ и Здружението на граѓани за лица со епилепсија утре, 19-ти ноември, во салата за приредби на ОУ „Христо Узунов ќе одржат трибина на тема „Епилепсија“. Предавач ќе биде еминентниот професор доктор Филип Дума. Целта на трибината е запознавање на децата од  VIII и IX одделение со оваа болест како реалност помеѓу наслението и превенција од неа.

повеќе...

Од понеделник започнува вакцинирањето на населението против сезонски грип

ЈЗУ Центар за јавно здравје Охрид од 27.10.2014 г. (понеделник) започнува со вакцинирање на населението против сезонски грип. Вакцинирањето ќе се изведува во епидемиолошката амбуланта на Центар за јавно здравје Охрид, секој работен ден од 8:30-15:00 ч. Овогодинешната вакцина против сезонски грип „Influvac“ е од производителот „Abbot Biologicals“ од Холандија. Цената на вакцина со аплицикација е 400,00 денари.  

повеќе...

Досега невиден број на медицински персонал заразен со Ебола

Епидемија предизвикана од Ебола вирусот во западна Африка е без преседан на многу начини, вклучувајќи го и високиот процент на доктори, медицински сестри и други здравствени работници кои се заболени. До денес, повеќе од 240 здравствени работници ја имаат развиено оваа болест во Гвинеја, Либерија, Нигерија и Сиера Леоне, а повеќе од 120 починаа. Еболата ги однесе животите на истакнати доктори во Сиера Леоне и Либерија, лишувајќи ги овие земји не само на искусен и посветен медицински персонал, туку и од инспиративни национални херои. Неколку фактори помагаат да се објасни…

повеќе...

Препораки за благосостојба на животните при појава на болеста син јазик

Агенцијата за храна и ветеринарство подготви брошура за одгледувачите на животни која се однесува на Препораки за заштита и благосостојба на животните при појава на болеста Син јазик. Брошурата на Македонски јазик може да ја погледнете →тука←.

повеќе...