Кривична пријава за жител од Лешани кој ја претепал својата жена

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „телесна повреда при семејно насилство“, СВР Охрид поднесе кривична пријава против В.М (35) од селото Лешани. Пријавениот, казненото дело го сторил во семејната куќа во селото Лешани. Тој започнал жестока расправија со неговата сопруга Г.М.(29), упатувајќи и низа навредливи зборови и пцовки, а потоа применил и физичка сила кон неа, удирајќи ја со нозе и тупаници по целото тело. Од силината на ударите, оштетената Г.М. побарала медицинска помош по што била пренесена во Општата болница во Охрид.

повеќе...

Жител од Лабуништа починал додека бил на гости во Охрид

Синоќа во 22:30 часот во Полициската станица во Охрид од страна на лекар од Медицинскиот Центар – Охрид, пријавено е дека во куќа на ул. „Гоце Делчев“ во Охрид, констатирана е смрт кај Ќ.Ф (62) од село Лабуништа-Струга. Истиот бил на гости кај Б.Б (51) каде му се слошило и паднал на подот. Увид е извршен од страна на увидна екипа при СВР-Охрид, а по наредба на Јавен обвинител телото е предадено за обдукција.

повеќе...

Туристи се пожалиле на труење од храна што ја конзумирале во струшки хотел

Вчера околу 09:35 часот во Полициската станица во Струга, од Медицински Центар Струга било пријавено дека во Интерното одделение биле донесени: Е.Б од Холандија, М.Т и А.А двете од Израел, кои биле сместени во хотелот „Изгрев“. Истите се пожалиле на труење од храна што ја конзумирале во хотелот. По укажаната лекарска помош, истите се пуштени на домашно лекување. Запознати се Јавен обвинител и Државен санитарен инспекторат.

повеќе...

Тодоров: Над 5,5 милиони евра за опрема и инфраструктура во болницата „Св. Еразмо“ во Охрид

Продолжува големиот инвестициски циклус во нова медицинска опрема за јавните здравствени установи низ државата, кој е во вредност од 33 милиони евра. Министерството за здравство денеска ја објави процедурата за јавна набавка на медицинска и немедицинска опрема за Специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Св.Еразмо“ во Охрид, во вредност од околу 120 милиони денари (2 милиони евра), со кои ќе набавиме 515 парчиња медицинска опрема, како и дополнителни парчиња мебел и немедицинска опрема. Ова денеска на прес-конференција го истакна вицепремиерот и министер за здравство Никола Тодоров, кој рече дека тоа…

повеќе...

Тунтев: Состојбите во охридското здравство се катастрофални, посебно во Општата болница

Состојбите во охридското здравство се катастрофални, а тоа посебно важи за охридската Општа болница. Условите во охридската болница се очајни, поразителни и под секакво човечко достоинство, како за пациентите, така и за медицинскиот персонал. Болницата е претворена во партиски штаб на ВМРО-ДПМНЕ, каде што нестручни и несовесни кадри од власта секојдневно практикуваат партиско осветољубие и реваншизам врз политичките неистомисленици. Во болничките одделенија секојдневно се води политика и се врши хајка врз сите што не се партиски послушници на власта, па дури и се суспендираат најдобрите здравствени работници, кои имаат 2…

повеќе...

Василевски: Еден од најзначајните проекти од здравствената област за Охрид е унапредување на условите на „Св. Еразмо“

ВМРО -ДПМНЕ посветено работи на унапредувањето на здравствениот систем, при што врвен приориет претставува подигнување на квалитетот на здравствените услуги на граѓаните. ВМРО-ДПМНЕ како сериозна политичка партија продолжува да инвестира во секој сегмент од здравството, затоа што секоја инвестиција во здравството е инвестиција е за сегашните и идни генерации, инвестиции за здравствената нација и здравството во општеството. Ова го истакна кандидатот за пратеник од ВМРО ДПМНЕ во ИЕ5 Д-р Сашо Василевски, на денешната прес-конференција која се одржа во Специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Св Еразмо“, каде што во завршни фази…

повеќе...

Охриѓанката која ја бара својата биолошка мајка, тврди дека е заведена како „мртво бебе“

Триесет и едногодишната жена, која е родена во Охрид, а посвоена во Скопје, е во потрага по својата биолошка мајка. Таа бара народна помош за да дојде до вистината. „Почитувани, јас да се надоврзам на мојата објава, приказнава го смени текот, јас сум прогласена за мртва, не постојам во посвоените, а на 23.07.1985 има починато бебе, па ги замолувам сите што знаат за таков случај да ме контактираат на мојот фесјбук профил. Не влегувам во детали зошто е тоа сторено, само барам народна помош да дојдам до жената со „мртвото бебе“ од…

повеќе...

Бакрачески: Заводот за кардиоваскуларни заболувања од Охрид бележи тренд на постојан раст и развој

Заводот за кардиоваскуларни заболувања од Охрид е една од поуспешните приказни во системот на јавно здравство на Р.Македонија и институција која во последната деценија бележи тренд на постојан раст и развој, како во бројот на услуги и волумен на работа, така и во бројот на нови воведени методи, постапки и процедури, рече во изјава за медиумите, градоначалникот на општина Охрид, Никола Бакрачески. „Сето тоа беше забележано од страна на Министерството за здравство и Владата на Р.Македонија која што во изминатиот период од 10 години постојано вложуваше во оваа здравствена установа,…

повеќе...

Арнаудов и Василевски: ЈЗУ Општа болница е една од најсовремените болници во регионот

Во програмата на ВМРО-ДПМНЕ како и во изминатиов период, така и во периодот кој следи од програмата „Реално“, многу проекти се започнати и ќе бидат завршени, истакнаа денес кандидатите за пратеници во ИЕ 5 Д-р Љубен Арнаудов и Д-р Сашо Василевски. Како што рекоа еден од главните сегменти на Владата на РМ, предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе биде столбот на здравството, сигурно, безбедно, бесплатно, достапно за секој граѓанин на Македонија. „Имавме тешка задача да дојдиме до оваа болница која веќе не е општа болница на градот, туку е и регионална болница.Во…

повеќе...

Еве како ќе изгледа новиот изглед на Клинички центар во Скопје

Во официјалниот гласник на Европската унија е објавен тендерот за изградба на Универзитетски Клинички Центар „Мајка Тереза“ во Скопје, а по спроведување на законските процедури, градежните работи ќе отпочнат на почетокот на 2017 година. Предвидено е да завршат до крајот на 2021 година, односно рокот на изведба е 45 месеци, со гарантен рок од 12 месеци. Во текот на градбата, нема да се дозволи во ниеден момент да се загрози работата на клиниките во кампусот, посочи министерот за здравство Никола Тодоров и додаде дека ова е долго очекуван проект кој…

повеќе...