Во текот на 3-тата недела од 2014 година (од 13.01.2014 – 19.01.2014 година), од вкупно 31 извештајна единица во Република Македонија, групни пријави за заболени од грип се добиени од 25 единици, со вкупен број на заболени од 1.385 (МБ 6,7/10.000). Во споредба со бројот на заболени во 3-тата недела од минатата сезона (748), се бележи зголемување за 85,2%, а во однос на епидемискиот праг (просечниот број заболени за оваа иста недела во изминатиот 10-годишен период, кој изнесува 1.027), се регистрира зголемување за 34,9%. Вкупниот број на заболени од грип…
повеќе...Tag: болница
Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ Охрид утре ќе го посети Одделот за геријатрија во Општата болница
По повод празниците утре (вторник) Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ Охрид ќе има традиционална хуманитарна активност, посетувајќи го Одделот за геријатрија во Општата болница Охрид. Настанот ќе се одржи утре во 11 часот во Одделот геријатрија.
повеќе...Пратеникот Николоски утре ќе изврши донација на отоларинголошкиот уред во Општата болница
Утре во 10:30 часот ќе се изврши донација на отоларинголошки уред кој е неопходен за нормално извршување на прегледи кај пациенти од овој тип. Донацијата ќе ја изврши пратеникот Александар Николоски во име на австралиско-македонското лекарско друштво, кое ја обезбеди донацијата.
повеќе...Во текот на првата недела од 2014 година само 13 лица пријавени со симптоми на грип
Во текот на 1-та недела од 2014 година (од 30.12.2013 – 05.01.2014 година), во Република Македонија, од вкупно 31 извештајна единица, само 13 пријавиле заболени лица со симптоми на грип (на групни пријави за заболени од грип), со вкупен број 366 (МБ 1,8/10.000). Во споредба со бројот на заболени за 1-та недела од минатата сезона (143), се бележи зголемување за 2,6 пати, а во однос на просечниот број заболени за оваа иста недела во изминатиот 10-годишен период (1172), се регистрираат 3,2 пати помалку заболени лица. Вкупниот број на заболени од…
повеќе...Повеќе ЈЗУ ќе добијат современа медицинска опрема
Министерството за здравство почнува постапка за набавка на нова современа медицинска опрема која вклучува три апарати за компјутерска томографија, два акцелератора, и по еден ангиограф, мамограф и дигитален рендген апарат за повеќе јавни здравствени установи. Со новата опрема пациентите ќе имаат можност на исто место да добијат и дијагностика и лекување, без да бидат препратени за дијагностика во друга здравствена установа и потоа повторно да се вратат за лекување во претходната ЈЗУ. Ова денеска на прес-конференција го истакна ресорниот министер Никола Тодоров, кој рече дека вкупна проценета вредност на новата…
повеќе...Бројот на пријавени случаи на грип/заболувања слични на грип во Македонија бележи континуиран пораст
Во текот на 52-рата недела од 2013 година (од 23.12 – 29.12.2013 година), во Република Македонија, од вкупно 31 извештајна единица, 14 пријавиле 231 лице со симптоми на грип, на групни пријави за заболени од грип. Во споредба со бројот на заболени за 52-рата недела од минатата сезона (88), се бележи зголемување за 2,6 пати, а во однос на просечниот број заболени за оваа иста недела во изминатиот 10-годишен период (65), се регистрираат 3,6 пати повеќе заболени лица. Вкупниот број на заболени од грип во републиката од почетокот на сезоната…
повеќе...Груевски и Тодоров го означија почетокот на проектот Нов клинички центар
Почетокот на градежните активности за изградба на новиот клинички центар пред старата зграда на Клиниката за гинекологија и акушерство-Скопје денеска го означија премиерот Никола Груевски, министерот за здравство Никола Тодоров и заменик-министерот Јовица Андовски. Премиерот Груевски изјави дека стартот на оваа голема операција е со уривање на старата зграда на Клиниката за гинекологија која треба да се отстрани за да се изгради нов современ огромен комплекс клиники „Мајка Тереза“. „Тоа е на местото на старата зграда на Клиниката за гинекологија која е од 30-тите години на минатиот век, значи над…
повеќе...Невладините организации „Мултиетник груп“ и „Подобар живот“ доделија новогодишни пакетчиња во Општа болница
По повод Новогодишните празници, денес претставници од Невладините организации „Мултиетник груп“ и „Подобар живот“ доделија новогодишни пакетчиња за децата кои се лекуваат во детските одделенија при Општата болница во Охрид. Како што истакнаа организациите, оваа хумана акција е всушност продолжување на традицијата на Египќаните, да се посетат децата во детското одделение во Општа болница во Охрид, а се со цел да предизвикаат насмевки на лицата на најмладите. „Пред новогодишните празници, ние се потрудивме како невладина организација „Мултиетник груп“ заедно со претседателот на невладината организија „Подобар живот“ Неџат Сабри, заедно со…
повеќе...За една недела пријавени 161 случај на грип
Во текот на 51-вата недела од 2013 година (од 16.12 – 22.12.2013 година), во Република Македонија, на групните пријави за грип се пријавени 161 лице со симптоми на грип. Во споредба со бројот на заболени за 51-вата недела од минатата сезона (40), се бележи зголемување за 4 пати, а во однос на просечниот број заболени во изминатиот 10-годишен период (48), се регистрираат 3,4 пати повеќе заболени лица. Вкупниот број на заболени од грип во републиката од почетокот на сезоната 2013/2014 (40 недела, 2013) заклучно со 51-ва недела, изнесува 746 лица.…
повеќе...Советникот Настоски донираше постелнина и пижами за Детското одделение при Општата болница
Денес, на Детското одделение при Општата болница во Охрид, Љупчо Настоски донираше постелнина и пижами за децата кои се згрижуваат заради болничка нега на ова одделение. „Хуманоста е доблест на секој човек. За време на празнувањето на големиот празник Св.Никола, во неврзан разговор со вработен од Детското одделение при Општата болница – Охрид добив информација што им е најнеопходно. Заедно со моето семејство, а во рамки на нашите можности, одлучивме и одвоивме средства годинава да подариме постелнини и пижами“. – изјави Настоски. Советникот Настоски на сите граѓани им ги честита…
повеќе...