Откриени акцизни неправилности при контроли на Царинската Управа во Скопје и Тетово

Во периодот 1-2 септември акцијата на Царинската управа за контрола на продажба на акцизна стока продолжи на територијата на Скопје и Тетово при што се утврдени неправилности во четири случаи кај три правни и едно физичко лице. Привремено се задржани околу 90 литри домашна ракија и 3 литри узо без бандероли и со сомнителен квалитет. Поконкретно, во еден угостителски објект во Тетово е утврдена нелегална продажба на жестоки пијалоци и се одземени околу 4 литри алкохолни пијалоци – ракија и узо, додека при контрола на локал во сопственост на физичко…

повеќе...

Спречен обид за шверц на 120 кг режан тутун на Табановце

Царинските службеници од граничниот премин Табановце – автопат денес после полноќ спречија обид за шверц на 120 кг режан тутун. Околу 02:30 часот после полноќ, на излез од Република Македонија на граничен премин Табановце-автопат пристигна товарно моторно возило со српски регистарски таблички, управувано од српски државјанин со иницијали Д.М. Поради сомневање во изјавата на возачот дека нема ништо да пријави за царинска контрола, а согласно критериумите за анализа на ризик, извршена е дeтална контрола на возилото и при тоа во внатрешниот дел на кабината на горниот кревет под душекот се…

повеќе...

Запленети 50.000 евра, гасен пиштол, семки од марихуана, техничка стока и фалсификати

Царинските службеници од граничниот премин Табановце автопат спречија обид за нелегално изнесување од државата на 40.000 евра. Денес (31.08.2015), десетина минути по полноќ, на граничниот премин Табановце автопат, за излез од државата се пријавил германски државјанин, управувајќи германски автомобил. При контрола на возилото, во рачна ташна сместена на совозачкото седиште, била пронајдена хартиена кеса со 50.000 евра за кои возачот не поседувал документи за потекло, ниту потврда за пријавени девизи при влез во државата. Согласно законските прописи на возачот му биле вратени 10.000 евра, износ што нерезидент може слободно да…

повеќе...

Откриени случаи на нелегална продажба на алкохол во Охрид, Струга и Дебар

Акцијата на Царинската управа за контрола на продажбата на акцизна стока вчера продолжи на територијата на Охрид, Струга и Дебар. Контролирани се 15 објекти и повеќе зелени пазари, при што неправилности се откриени во 4 случаи и привремено се задржани околу 100 литри алкохол без бандероли и со сомнително потекло. Во два угостителски објекти во Охрид и Дебар е утврдена нелегална продажба жестоки пијалоци и одземени се 9 литри алкохолни пијалоци – коњак, вотка, виски и ликер, додека при контрола на зелените пазари во Охрид и Струга кај 2 физички лица…

повеќе...

Запленети 2 тони портокали

Во вторникот околу 13.00 часот за влез во државата на граничниот премин Табановце пристигнало товарно моторно возило со српски регистраски таблички натоварено со портокали со потекло од Холандија, коишто требало увозно да се царинат во царинската ипсостава Скопје 3. При преглед на документите, односно споредба на вредностите наведени во декларацијата и кантарската белешка (од вага), царинските службеници се посомневале дека во возилото се наоѓа повеќе стока од пријавената. Имајќи предвид дека станува збор за лесно расиплива стока, како и поради жештините и немањето соодветни услови за преглед на ваква стока,…

повеќе...

Царинската управа во контрола на продажба на акцизна стока

Вчера, повеќе тимови од царински службеници извршија контрола на продажбата на ацизна стока на повеќе зелени пазари, како и во малопродажни и угостителски објекти на територијата на Битола, Кичево и Прилеп. Неправилности се откриени во 12 случаи при што привремено се задржани вкупно 251 литар алкохолни пијалоци, од кои 243 литри домашна ракија и 8,3 литри други алкохолни пијалоци. Поконкретно, на зелените пазари во Битола, Кичево и Прилеп се откриени 7 случаи на нелегална продажба на алкохол, при што привремено се одземени 219,5 литри домашна ракија и 5,5 литри коњак.…

повеќе...

Запленети цигари, домашна ракија, облека, свежо овошје, суплементи, регистарски таблички

Во текот на минатата недела, царинските службеници открија неколку обиди за криумчарење, при што привремено се задржани цигари, домашна ракија, облека, овошје, додатоци на исхраната и регистарски таблички. Задржана е следната стока: Цигари и ракија – 30 штеки цигари, марка TROKADERO Blue, со македонски контролни маркички, откриени при контрола на бугарски автомобил, управуван од македонски државјанин, пријавен за излез од државата на граничниот премин Деве Баир. Непријавените цигари се пронајдени во внатрешноста на резервната гума и во командната табла, под воланот на возилото. Цигарите се привремено задржани, а против прекршителот…

повеќе...

Спречен обид за шверц на златен и сребрен накит

Царинските службеници вчера попладне спречија обид за шверц на 400 грама златен и сребрен накит во Македонија преку граничниот премин Богородица. На 20.08.2015 година, околу 14:30 часот за влез во Република Македонија со патничко моторно возило со грчки регистарски ознаки, на граничниот премин Богородица се пријави грчки државјанин. Прашан дали има нешто да пријави за царинска контрола, лицето одговори негативно, но поради сомневање во неговата изјава, пристапено е кон детален преглед. Притоа, на задното седиште во женска торба се пронајдени кутиии за накит со 212 грама стар златен накит (26…

повеќе...

Царинската управа објави оглас за слободно работно место

Твининг проектот „Завршување на подготовката за пристапување кон Конвенцијата за заедничка транзитна постапка (КЗТ) и Конвенцијата за поедноставување на формалностите при трговијата со стока“ објавува оглас за слободно работно место. Повеќе информации за пријавување ќе најдете тука.

повеќе...

Запленети брашно, цигари, лепило, очила и мобилни телефони

Во текот на минатата недела, царинските службеници открија неколку обиди за криумчарење, при што привремено се задржани цигари, брашно, лепило, очила со диоптер и мобилни телефони. Задржана е следната стока: Брашно – 300 килограми брашно (30 вреќи од 10 килограми), откриени од страна на мобилните царински тимови, при контрола на српски автобус, што сообраќал кон Република Грција, управуван од српски државјанин, пријавен за влез во државата на граничниот премин Табановце автопат. Непријавеното брашно, сопственост на возачот, е пронајдено во просторот за тоалет на автобусот. Стоката е привремено задржана, а против…

повеќе...