АМСМ: На граничните премини гужва, но нема задржувања

Сообраќајот на сите државни патишта се одвива по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На граничните премини има зголемена фреквенција на возила, но нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. Од АМСМ нагласуваат дека оваа информација се однесува само за македонската страна на премините. Според информација од Министерството за транспорт и врски: од 01.07.2015 година започнува со примена времениот режим на сообраќај во летниот период од 01.07 до 31.08 на државните патишта во Република Македонија со кој се забранува…

повеќе...

Откриени и запленети 326 литри шверцуван Ред Бул

Во магацинските простории на две правни лица од Скопје, царинските инспектори од Одделението за истраги открија шверцувани 326 литри енергетски пијалак Ред Бул. Во првиот случај, при контрола на магацинските простории на правно лице од Скопје на кванташкиот пазар во Скопје, откриени се 1.140 лименки енергетски пијалак Ред Бул без декларации на македонски јазик, со состав на производот напишан на бугарски и романски јазик. На најлонските обвивки на пакетите имало залепени етикети со ознаки BG и RO, што било причина за сомневање дека производите се наменети за тамошните пазари и…

повеќе...

Подобрување на протокот на граничните премини

Царинската управа континуирано презема мерки за олеснување и забрзување на граничните формалности и зголемување на пропусната моќ за стока на граничните премини. Во таа насока, избрана е консултантска фирма која до крајот на годината ќе ја подготви градежно техничката документација за надградба на објектите на граничните премини Табановце и Ќафасан. Конкретно станува збор за проширување на постојниот терминал за увоз и извоз на стока на граничниот премин Табановце за дополнителни 4.000 м2 и изградба на нови придружни објекти, како и изградба нов увозно извозен царински терминал од 9.500 м2 на…

повеќе...

Продолжува акцијата за контрола на правилна употреба на акцизна стока во малопродажба

Од Царинската управа информираат дека на 24 и 25 јуни, Царинската управа извршила контрола во 176 малопродажни објекти и ресторани на целата територија на Република Македонија. Од извршените контроли, откриени се 27 случаи на нелегална продажба на акцизни добра (алкохол и тутун) при што се привремено задржани 238 литри алкохол и 11 килограми режан тутун за пушење, за што се спроведуваат законски предвидените прекршочни или кривични постапки. Минималните казни за прекршоци се 3000 евра за правното лице и 500 евра за одговорното лице во правното лице, како и забрана за вршење…

повеќе...

АХВ потпиша Меморандум за соработка со Царинската управа на РМ

Директорот на Агенција за храна и ветеринарство, Зоран Поповски и директорот на Царинска управа на Република Македонија Наташа Радеска Крстевска денес потпишаа Меморандум за соработка. Меморандумот е поттик за интензивирање на взаемната соработка во делот на контрола на храната од животинско и неживотинско потекло и на производите кои доаѓаат во контакт со храната со крајна цел заштита на економските, трговските, фискалните и општествените интереси на Република Македонија. Со овој документ се дефинира соработката меѓу двете институции за спречување на влез на небезбедни пратки со храна или храна за животни, нуспроизводи…

повеќе...

Откриени 129 комплети од кутија за прва помош, елек и триаголник

Од Царинската Управа информираат дека 129 комплети од кутија за прва помош, елек и триаголник, за различни патнички автомобили, откриени се при контрола на македонски автобус, што сообраќал на релација Дортмунд – Охрид, пријавен за влез во државата на граничниот премин Табановце автопат. Непријавените производи се пронајдени во патните торби на македонски државјанин, патник во автобусот.

повеќе...

Јавен повик за доставување на ЕОРИ број

Царинската управа на Република Македонија ги информира сите економски оператори инволвирани во транзитна царинска постапка дека на 1 јули 2015 година, Република Македонија пристапува кон Конвенцијата за заедничка транзитна постапка, со што ќе почне да се применува заедничка транзитна постапка со земјите членки на Европската Унија, ЕФТА и Турција. Конвенцијата овозможува пратката за која е започната транзитна постапка во некоја од овие 33 земји да пристигне во било која царинска испостава во Македонија само со еден единствен транзитен документ и обратно, со што во голема мера ќе се забрза транспортот…

повеќе...

Запленети девизи, Swarovski накит, облека и обувки, техничка стока и цигари

Во текот на минатата недела, царинските службеници открија повеќе обиди за криумчарење, при што привремено се задржани девизи, Swarovski накит, обувки, облека, мобилни телефони, автоделови и цигари. Задржана е следната стока: Девизи – 3.200 евра, откриени при личен претрес на македонски државјанин, кој со македонски автомобил се пријавил за излез од државата на граничниот премин Деве Баир. Во панталоните на патникот се пронајдени 5.200 евра за кои не поседувл доказ за потекло. Согласно законските прописи, на патникот му се вратени 2.000 евра, износ што резидент може слободно да го внесе…

повеќе...

Царинската Управа во контрола на правилна употреба на контролни мерки за акцизни добра

Во текот на мај 2015 година, Царинската управа на Република Македонија, согласно своите надлежности кои што произлегуваат од Законот за акцизите, изврши контрола на обележување и употреба на контролни марки – бандероли во малопродажни и угостителски објекти кои вршат промет со акцизни добра. Од досега извршените контроли неправилности се откриени во 6 трговски друштва при што привремено се задржани акцизни добра – алкохолни пијалоци. При контрола на 2 трговски друштва (1 угостителски и 1 малопродажен објект) откриени се шишиња со домашна ракија кои воопшто не биле означени со контролни марки,…

повеќе...

Поднесувани кривични пријави од Царинска Управа во мај годинава

Постапувајќи по констатирани неправилности, Царинската управа на Република Македонија во мај 2015 година поднесе 7 кривични пријави против 4 правни и 8 физички лица до надлежните јавни обвинителства. Кривичните пријави се поднесени поради постоење на основано сомнение за сторено кривично дело „Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“, „Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“, „Царинска измама“ и „Повреда на права од индустриска сопственост и неовластена употреба на туѓа фирма“. Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки…

повеќе...