Работната група ЕУ – ЕФТА донесе одлука Македонија да се вклучи во заедничкиот транзит на ЕУ и ЕФТА

Делегација на Царинската управа на Република Македонија, предводена од директорот Радеска–Крстевска на 23 март 2015 година присуствуваше на 158-от состанок на ЕУ-ЕФТА Работната група за заеднички транзит и олеснување на формалностите во трговијата со стоки кој се одржа во Брисел, Белгија. На состанокот, Работната група на ЕУ и ЕФТА земјите ги усвои одлуките на Република Македонија да й биде упатена покана за полноправно членство во Конвенцијата за заедничка транзитна постапка и Конвенцијата за поедноставување на формалностите при трговија со стока. Се очекува Советот на ЕУ во мај годинава да ги…

повеќе...

Цариниците на обука за стратешко планирање организирана од Светска Царинска организација

Во периодот од 16 до 20 март 2015 година во Регионалниот тренинг центар на Светската царинска организација во Скопје (РТЦ), се одржува Работилница за стратешко планирање, наменета за раководители од средно ниво. Предавачи на обуката се експерти од Светската царинска организација. Целите на работилницата се запознавање на учесниците со методологиите и придобивките на ефективното стратешко планирање, развојот на долгорочен стратешки план усогласен со стратешките приоритети на администрацијата, како и воспоставување на активности поврзани со стратешките цели дефинирани со носителите на активностите и индикаторите за успех. Еден од очекуваните резултати кои…

повеќе...

Спречен обид за шверц на 14,7 килограми марихуана

Царионските службеници од Одделението за оперативни работи – мобилни тимови вчера спречија обид за шверц на марихуана преку граничниот премин Табановце – автопат. „На 13-ти март во 13:30 часот, на граничниот премин Табановце на излез од Република Македонија пристигна патничко моторно возило со германски регистарски ознаки, управувано од германски државјанин. На прашање на царинскиот службеник дали има нешто да пријави за царинска контрола, лицето одговори негативно. Возилото беше селектирано за детална контрола, првично со царински пес кој дал индикации за присуство на наркотични средства, по што е пристапено кон деталчен…

повеќе...

Одржан состанок помеѓу високи претставници на безбедносни институции на Косово и Царинската управа

Во Царинската управа на Република Македонија се одржа состанок помеѓу високи претставници на безбедносните институции на Косово (полициските служби при Министерството за внатрешни работи, Казнено поправната установа при Министерството за правда, Царинската служба при Министерството за финансии) и претставници на Царинската управа на Република Македонија. Состанокот се одржа во рамки на Проектот “Жените во безбедносните институции на Косово“, поддржан од Амбасадата на Норвешка во Косово. Целта на овој проект е подигање на свеста кај младата женска популација за придонесот на жените во безбедносните институции, како и мотивирање за избор на…

повеќе...

Заплена на амфетамин на Табановце

На 15-ти февруари, на граничниот премин Табановце царинските службеници спречија обид за шверц на амфетамин. Имено, на 15.02.2015 година, околу 22:00 часот, на граничниот премин Табановце за влез во Република Македонија се пријави патничко моторно возило со македонски регистарски таблички управувано од македонски државјанин. При претрес на патничкото моторно возило, во патна торба оставена на задното седиште од возилото во долна тренерка пронајдени се два црни чорапи наполнети со непозната густа материја со бела боја. Чорапите биле сокриени во двете ногавици од тренерката, поточно во поставата која потоа била рачно…

повеќе...

Патниот правец Делчево- Кочани во прекин

Поради големи одрони на карпи и камења на клучката помеѓу Македонска Каменица – с. Истибања, предизвикани од обилните дождови, патниот правец Делчево – Кочани е целосно во прекин. Товарните и патничките возила од граничниот премин Делчево се пренапатуваат преку патот кон Берово или кон с. Бигла преку Виница. Се работи на отстранување на одроните на магистралниот пат Делчево – Кочани.

повеќе...

Примена на регионална конвенција во рамки на ЦЕФТА 2006 во трговијата со БиХ

Законот за ратификација на Протоколот кој се однесува на дефиницијата на поимот „производи со потекло” и методи на административна соработка кон Договорот за изменување и пристапување кон Централно-европскиот договор за слободна трговија, кој е објавен во Службен весник на Република Македонија бр. 131 од 04.09.2014 година, стапи на сила на 12.09.2014 година и при тоа се изврши измена на ЦЕФТА 2006 Договорот и наместо Протоколот за потекло од ЦЕФТА 2006 Договорот во трговската размена со oдредени ЦЕФТА земји, започнува да се применува Регионалната конвенција за пан-евро-медитеранските преференцијални правила за потекло…

повеќе...

Промоција на безготовинското плаќање на царинските испостави

Следејќи ги најмодерните трендови за безготовинско плаќање, а со цел обезбедување на квалитетна и брза услуга за граѓаните, Царинската управа воведува можност за безготовинско плаќање на царинските и други давачки поврзани со царинското работење. Со воведувањето на оваа можност граѓаните и економските оператори веќе нема да имаат потреба да патуваат до најблискиот град или до најблиската филијала на Македонска Пошта и комерцијалните банки, ниту пак да чекаат на ред пред нивните шалтери за да ги уплатат давачките поврзани со царинско работење (царински и други давачки и административни такси), бидејќи отсега…

повеќе...

Извршени пост-Царински контроли кај увозниците на нови возила

Во повеќе наврати во 2014 година, при постапка за редовно царинење на нови моторни возила кои при увозно царинење биле пријавени како товарни моторни возила (возила за превоз на стоки – тарифен број 8704), надлежните царински испостави утврдија дека некои возила, наместо како патнички се погрешно тарифирани и пријавени за увозно царинење како товарни. За појаснување, патничките моторни возила (тарифен 8703) при увоз подлежат на 5% царина, 18% ДДВ и акциза во износ кој е предвиден со Законот за акцизи во зависност од вредноста на возилото, додека за увоз на…

повеќе...

Запленети девизи, прехранбени производи, облека и фалсификати

Во текот на минатата недела и викендот, царинските службеници открија повеќе обиди за криумчарење стока, при што привремено се задржани девизи, прехранбени производи, текстилни производи и фалсификати. Задржана е следната стока: Девизи – 44.000 евра, откриени на скопскиот аеродром Александар Велики, при личен претрес на српски државјанин, кој имал намера да отпатува со лет за Цирих. На прашање на царинските службеници, патникот изјавил дека со себе носи 4.000 евра, но при извршениот личен претрес, под неговата облека, околу половината, пронајдени се уште 50.000 евра. Согласно законските прописи, на патникот му…

повеќе...