Запленети 1200 пара фалсификувани патики

Царинските службеници на граничниот премин Богородица привремено задржаа 1200 пара патики поради сомневање дека се фалсификат. На 24 јануари, околу 20 часот, на Царинска испостава Богородица со транзитна декларација пријавени се обувки со потекло од Кина, натоварени во товарно моторно возило со македонски регистарски ознаки, управувано од македонски државјанин. Стоката која требало да транзитира низ територијата на Република Македонија била наменета за фирма увозник од Косово. При спроведената контрола, во возилото меѓу пријавените обувки, царинските службеници пронајдоа 1200 пара брендирани патики за кои постои сомневање дека се фалсификати. Доколку производите…

повеќе...

Запленети дезодоранси, тоалетни води и 124 чека на Богородица

На граничниот премин Богорoдица, вчера, во два одвоени случаи привремено се задржани приближно 15 илјади парчиња дезодоранси и тоалетни води и 124 чека со вредност од  1.443.565 евра. На 20 јануари 2014 година во 13 часот на граничен премин Богордица за транзит низ државата се пријави лице со турско државјанство.  Лицето управувало товарно моторно возило со турски регистарски ознаки натоварено со збирна стока од Турција. Стоката која требало да транзитира низ Република Македонија била наменета за фирма увозник од Косово. Со транзитна декларација пријавени биле козметички препарати – 14.776 парчиња…

повеќе...

Откриени два килограми хероин на граничниот премин Богородица

Царинските службеници од граничниот премин Богородица – автопат спречија обид за нелегално пренесување на 2 кг високо квалитетен хероин. Денес (06.01.2014година) околу 05:30 часот, за влез во Република Македонија на граничниот премин Богородица се пријави автобус на транспoртната фирма од Истанбул, Турција. При детален прегледот на патниците од автобусот кај една патничка албански државјанин, на нејзиното тело, поточно над стомакот се откриени 7 (седум) пакетчиња со непозната прашкаста материја со светло кафена боја со тежина околу 2000 грама. По извршеното тестирање на пронајдената светло кафена материја  со тестери за дрога…

повеќе...

Пресечен уште еден меѓународен нарко-канал, запленети речиси 140 килограми марихуана

Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал во содејство со Царинската Управа на Р. Македонија –специјални царински мобилни единици реализира случај на недозволена трговија со наркотична дрога –  марихуана со висок квалитет, при што запленети се 138,936 килограми марихуана со што е пресечен меѓународен нарко-канал од Р.Македонија преку Р.Бугарија до западноевропските земји. По спроведена повеќемесечна истрага раководена од надлежен Јавен обвинител од ОЈО за гонење на организиран криминал и корупција во која се применети посебни истражни мерки, вчера (17.12.) околу 10,30 часот  на ГП “Делчево“  на излез од Р.…

повеќе...

Откриена марихуана во тетрапак сокови

Царинските службеници спречија обид за шверц на марихуанa сокриена во тетрапак сокови. Вчера, 12 декември, околу 11:30 часот, на граничниот премин Табановце, за излез од државата се пријави автобус со македонски регистарски ознаки сопственост на превозната компанија oд Скопје, кој сообраќал на вонредна линија Тетово-Берлин. При царинската конторла, и покрај тоа што сите патници одговориле дека немаат ништо за пријавување, поради сомнително однесување селектирано е за контрола лицето  Г.Д. – македонски државјанин. При прегледот на неговата патна торба, покрај личната гардероба пронајдена е и најлон кеса со јадење и 2…

повеќе...

Запленети 24 илјади швајцарски франци на скопскиот аеродром

Царинските службеници на аеродромот Александар Велики во Скопје, спречија обид за нелегално внесување во државата на 24 илјади швајцарски франци. Вчера, околу 17 часот, на Аеродром Александар Велики во Скопје, за влез во Република Македонија, се пријави патничка во инвалидска количка, со иницијали С.И., придружувана од нејзиниот сопруг, двајцата македонски државјани, кои пристигнале со лет од Цирих. И покрај тоа што се определиле за зелен канал, каде поминуваат патници кои немаат ништо за пријавување, царинските службеници ги селектирале за детален преглед. При прегледот, во рачната чанта на патничката и во…

повеќе...

Спречен обид за шверц на накит

Царинските службеници на граничниот премин Деве Баир спречија обид за нелегално внесување на околу 1500 парчиња накит Swarovski. На 18 ноември 2013 година, околу 9 часот наутро, на граничниот премин Деве Баир за влез во државата се пријави патничко моторно возило со бугарски регистарски ознаки, управуван од бугарски државјани, а како сопатник патувала и осомничената во случајот, исто така бугарска државјанка, со иницијали И.А. На прашање на царинските службеници дали имаат нешто да пријават, патниците изјавиле дека немаат ништо за пријавување и дека патуваат туристички  во Скопје каде ќе останат…

повеќе...

Запленети обувки со кои може да се опреми еден помал град во Македонија

Министерството за внатрешни работи откри огромна количина на криумчарени обувки. Во соработка со Царинската управа во натамошна постапка ќе се утврдува дали запленетите обувки се оригинали или фалсификати и кои стои зад нивниот увоз во Република Македонија, односно дали истите биле наменети за нивна продажба во земјава или за натамошен извоз.   Случајот е откриен откако патрола на мобилната единица “Алфа” запрела возило на патот кој води од с.Визбегово кон Шуто Оризари, при конторла на возилото алфите забележале неколку кутии со обувки кои веројатно биле земени како мостри, веднаш потоа…

повеќе...

Спречен обид за шверц на 70 илјади евра

Царинските службеници на граничен премин Богородица во средата спречија обид за нелегално внесување на 70 илјади евра. На 13 Ноември околу 14:30 часот за влез во Македонија се пријави патничко моторно возило со бугарски регистарски ознаки, управувано од грчки државјанин  со иницијали М.П. со кој патувале неговата сопруга и ќерка. На прашање дали имаат да пријават нешто за царинска контрола, возачот и патниците во возилото одговориле дека немаат ништо за пријавување. Поради основано сомневање во одговорот, царинските службеници извршија контрола на возилото при што на задното седиште, во црна ташна пронајдени…

повеќе...

Директорот на Царинската управа одржа академски час на Факултетот за туризам и угостителство

Директорот на Царинската управа во Охрид, одржа Академски час пред студентите од Факултетот за туризам и угостителство, насока Царина и шпедиција, при Универзитет Св.„Климент Охридски“– Битола. Пред присутните студенти директорот на царинска управа Ванчо Каргов предаваше на тема „Управување со работата и промените во Царинската управа“. Целта на предавањето е да им се покаже на студентите и практично што работи Царинската управа а не само она што се учи во книгите. Директорот Каргов истакна дека студентите од овај факулте се едни од најфрекфентните кандидати за прием на работа во Царинската…

повеќе...