Денес се одржа свечено предавање на опрема на Граничната Полиција при Министерството за внатрешни работи и Царинската управа при Министерството за финансии, што е обезбедена преку Програмата на Амбасадата на САД за контрола на извозот и гранична безбедност (EXBS). На свеченоста свое обраќање имаа Американскиот Амбасадор Пол Волерс, регионалниот EXBS советник Џорџ Кларк, Министерката Гордана Јанкуловска и Директорот на Царинска управа Ванчо Каргов. „Токму безбедноста на границите е еден од приоритетите кои што ги имаме особено заради глобалниот развој на настаните и бројните конфликти што резултираа со значителни миграциони бранови“, –…
повеќе...Tag: царина
Спречен обид за шверц на лекови
На 1 ноември 2013 година (петок), царинските инспектори од специјалната оперативна единица на граничниот премин Блаце при извршена контрола на товарно моторнo возило-комбе спречија обид за шверц на лекови. Царинските инспектори при вршење на контрола на обиколницата околу Скопје во правец кон Тетово, на 01.11.2013 година околу 16:45 часот сопреа товарно возило-комбе со косовски регистарски ознаки управувано од косовски државјанин со иницијали А.Ѓ. Лицето започнало транзитна постапка за лекови наменети за фирма увозник од Косово, низ Република Македонија во 15:34 часот од граничниот премин Богородица кон граничниот премин Блаце. Првична…
повеќе...Презентирани развојните активности на Системот за обработка на царински декларации и акцизни документи
Царинската управа во соработка со Интрасофт Интернешенел, во Скопје во просториите на Царинска управа, официјално ги презентираше развојните активности на Системот за обработка на царински декларации и акцизни документи (СОЦДАД). На настанот кој денес се одржа во амфитеатарот на Царинска управа, пред присутните се обрати директорот Ванчо Каргов кој меѓу другото истакна дека од овој проект кој претставува инвестиција на Царинската управа полза ќе имаат сите страни учесници во царинската постапка – трговци, царински органи на Република Македонија, други органи и општеството во целина. Со поедноставување и автоматизирање на административното…
повеќе...Запленето огнено оружје и муниција на Деве Баир
На граничниот премин Деве Баир вчера, царинските службеници спречија обид за шверц на поголема количина огнено оружје, муниција и распрскувачки материи. Вчера 13.10.2013, околу 15:00 часот, за излез од Република Македонија на граничниот премин Деве Баир се пријави патничко моторно возило марка „Опел Астра“ со грчки регистарски ознаки управувано од албански државјанин. При преглeдот на возилото во фабричките шуплини од левата и десната страна на задните врати под тапацирот, како и во багажниот простор исто така под тапацирот, царинските службеници пронајдоа> · 8 автоматски пушки, ·…
повеќе...Запленето поголемо количество шверцувана стока вредна околу 500.000 денари
Регионалниот центар за гранични работи-Север, завчеравечер (10 октомври) реализираше случај на кримчарење со текстил при што беа запленети околу 3254 парчиња разновиден текстил натоварени на четири коњи со вредност на стоката од околу 450 000 до 500 000 денари. Во врска со случајот РЦ за ГР Север до ОЈО за гонење на организиран криминал и корупција, ќе поднесе соодветна пријава против НН сторител, поради постоење на основано сомнение дека извршило кривично дело „криумчарење“. Имено, по предходни оперативни сознанија и изготвен план за постапување на службите на м.в. “Широка ливада“, атар…
повеќе...Спречен шверц на околу 500 свечени фустани за Германија
Царинските службеници на граничниот премин Богородица спречија обид за шверц на голема количина свечени фустани. На 21.09.2013 година во 02:00 часот на влез во Република Македонија на граничниот премин Богородица, пристигна патничко моторно возило со германски регистерски таблички, управувано од турски државјанин придружуван од сопатник германски државјанин. При рутински преглед на возилото, царинските службеници забележаа дека истото е полно со картонски кутии со стока, која лицата воопшто не ја пријавиле за царинска контрола. При детален преглед, пронајдени се вкупно 480 непријавени свечени фустани, спакувани во 18 картонски кутии, сместени во…
повеќе...748 штеки цигари запленети на аеродромот во Скопје
Царинските службеници на Аеродоромот „Александар Велики“ – Скопје, утрово спречија обид за шверц на 748 штеки цигари. Околу 05:00 часот на скопскиот Аеродром Александар Велики царинските службеници во соработка со граничната полиција, при вршење на редовна контрола на стоки и патници за летот на релација Скопје – Лондон Лутон, кај четворица македонски државјани пријавени за излез од државата открија поголема количина цигари од различен бренд. На прашањето дали имаат нешто да пријават четворицата патници, сите со двојно државјанство и носители на бугарски пасоши, одговориле негативно. По барање на царинските службеници…
повеќе...Укинат надоместокот за граѓани и возила од Косово
Започнувајќи од 00:00 часот синоќа (15 септември), повеќе не се наплаќа надомест при влез на територијата на Репблика Македонија на граѓани на Косово и за сите видови на возила регистрирани во Република Косово. Министерството за трговија и индустрија на Република Косово донеесе Одлука за укинување на Одлуката за забрана на увоз на сите стоки со потекло од Република Македонија која влезе во сила на 15 септември 2013 година во 00:00 часот. Со тоа престанува да се применува Одлуката на Владата на РМ за воведување на паричен надомест за влез на…
повеќе...Семејството, па дури и малолетната ќерка, му биле „параван“ и ги заглавил во шверц со хероин
Министерството за внатрешни работи, во содејство со Царинската Управа на Р.Македонија, вчера, пресече меѓународен канал на недозволена трговија со хероин на релација од Р.Турција преку Р.Грција и Р.Македонија со крајна дестинација западно европските земји, при што се запленети 2 кг и 430гр високо квалитетен хероин, а од слобода се лишени две лица. Вредноста на наркотичната дрога хероин доколку би се продал на нарко-пазарот во Западна Европа би достигнала цена од околу 300.000 евра. При преземени координирани мерки и активности на вчера (31.08.), околу 12,30 часот, на ГП „Богородица“ при влез…
повеќе...Трет обид за нелегално внесување на ловечка муниција во последните седум дена
Царинските службеници од граничниот премин Богородица спречија обид за внесување на 1250 парчиња непријавена ловечка муниција. На 27.08.2013 година за влез во Република Македонија, на граничниот премин Богородица се пријави патничко моторно возило со грчки регистарски таблици, управувано од грчки државјанин, придружуван од двајца сопатници, кој на прашање на цариниците изјави дека покрај 1200 парчиња муниција и 4 парчиња ловечки пушки, за кои поседува одобрение за увоз издадено од Минисерството за внатрешни работи на Р.Македонија, нема друга стока за пријавување. Поради сомневање во одговорот, цариниците спроведоа детална контрола на возилото…
повеќе...