Царинската управа спречи нов обид за изнесување на 48 стари нумизматички монети кој датираат од од 2 век п.н.е до 4 век од н.е., како и монети од поново време (од 17 век од н.е.), со различно писмо, големина и ознаки од Македонија преку граничниот премин Делчево во Бугарија. И овој обид за изнесување културното богастсво на државата е извршен од страна на американски државјанин, кој пристигнал во Македонија во хуманитарна мисија во околните села на градовите Штип и Пробиштип. Случајот е откриен на 12.04.2013 година, на граничниот премин Делчево,…
повеќе...Tag: царина
Царинската управа – домаќин на ЦЕФТА регионална работилница за ОЕО
Како претседавач на Подкомитетот за царина и потекло на ЦЕФТА во 2013 година, Царинската управа на Република Македонија на 3-4 април организираше регионална работилница за Овластен Економски Оператор (ОЕО) и можностите и начините за создавање на ОЕО ЦЕФТА програма што ќе биде компатибилна со програмата на ОЕО на ЕУ и ќе овозможи олеснување на трговијата. На работилницата присуствуваат претставници од Царинските управи на ЦЕФТА земјите (Република Македонија, Србија, Косово, Албанија, Босна и Херцеговина, Молдова, Хрватска, Црна Гора), Царинските управи на Австрија, Холандија, Велика Британија и Секретаријатот на ЦЕФТА. Царинската управа…
повеќе...Цел шлепер со фалсификат лак и пена за коса Intesa запленети на царинската испостава Богородица
Царинските службеници од царинска испостава Богородица, синоќа околу полноќ привремено задржаа околу 43 илјади парчиња лак и пена за коса, под сомнение дека се фалсификат на заштитна трговска марка INTESA. Имено, на 28.03.2013 година, 30 минути по полноќ, за влез во Република Македонија на граничниот премин Богородица се пријави турски камион, управуван од лице со турско државјанство. Камионот бил натоварен со стока со турско потекло, пријавена за транзитна постапка за увозник од Тирана-Албанија. При контрола на стоката, царинските службеници забележале козметички производи за нега на коса од трговската марка INTESA,…
повеќе...Над 30 илегалци откриени во товарен воз
Царинските службеници од царинската испостава Железничка станица Гевгелија, спречија нов обид за нелегален влез на патници во државата, при што се откриени 31 илегалци во меѓународен товарен воз. Вчера, 13-ти март, во вечерните часови, на железничката станица Гевгелија, при контрола на товарен воз што сообраќал на релација Грција–Австрија, биле откриени вкупно 31 илегалци. 20 илегалци биле пронајдени во внатрешноста на четири контејнери со церада, а 11 илегалци биле откриени во надворешниот дел на 2 вагони, легнати на носачите под натоварените контејнери. Според нивните изјави илегалците биле државјани на Египет, Мали,…
повеќе...Потпишана спогодба помеѓу Македонија и Црна Гора за соработка и взаемна помош по царински прашања
Директорот на Царинската управа, г-н Ванчо Каргов и генералниот директор на Царинската управа на Црна Гора, г-н Владан Јоковиќ во името на владите на двете држави, денес (13.03.2013 година) потпишаа Спогодба помеѓу Владата на Република Македонија и Владата на Црна Гора за соработка и взаемна помош по царински прашања. Потпишувањето се случи во Херцег Нови, Црна Гора во рамки на билатералната средба на претставници на двете Царини. Со оваа Спогодба се промовира соработка помеѓу двете царински служби и се создава правна рамка за да се обезбеди правилна примена на царинското…
повеќе...8 илегалци откриени во товарен воз
Царинските службеници од железничката станица Гевгелија повторно спречија обид за нелегален влез на 8 мигранти на територијата на Република Македонија. Синоќа, 11.03.2013 година, околу 20 часот, при делумна контрола на товарен воз што сообраќал на релација Грција – Австрија, во контејнер со церада натоварен со челична жица за автомобилски гуми, пронајдени се осум патници – илегални мигранти, кои не поседувале никакви документи за идентификација. Според нивните изјави сите се државјани на Сирија, а намерата им била да стигнат до некоја западноевропска земја. Мигрантите се предадени на Службата за гранична контрола…
повеќе...Спречен шверц на луксузна стока
Царинските службеници на Аеродромот „Александар Велики“ – Скопје, спречија обид за шверц на луксузна стока. Вчера (07.03.2013) со лет од Лондон, на Аеродромот „Александар Велики“ – Скопје пристигнал косовски државјанин кој по подигањето на својот багаж се определил за зелен канал каде поминуваат патници кои немаат ништо да пријават за царинска контрола. Патникот, по случаен избор е селектиран за детална контрола, при што во неговиот багаж, царинските службеници пронајдоа: – 3 ланци и 1 пар обетки Versace, – 7 парфеми (Hugo Boss, Channel 5,…
повеќе...Билатерална средба помеѓу царинските администрации на Македонија и Турција
На 6 и 7 март 2013 година во Анкара, Турција, директорот на Царинската управа на Република Македонија Ванчо Каргов оствари билатерална средба со директорот на Подсекретаријатот за Царина на Република Турција, задолжен за ЕУ и надворешни прашања, г-дин Хасан Косеоглу на која беа разгледани конкретните резултати од успешно воспоставената соработка и беа разменети мислења и предлози за нејзино продлабочување во иднина. Директорите разменија искуства околу воведувањето на нови ИТ системи во двете царински управи, особено осврнувајќи се на развојот на Новиот компјутеризиран транзитен систем (НКТС) во двете земји, имајќи превид…
повеќе...Спречен шверц на фалсификувани охридски бисери
Царинските службеници од граничниот премин Табановце–автопат, спречија обид за нелегално внесување на 205 парчиња накит од охридски бисер, за кои се претпоставува дека се фалсификат. Вчера околу 20:00 часот, за влез во Република Македонија на граничниот премин Табановце-автопат пристигнал автомобил со македонски регистарски таблички, сопственост на фирма од Охрид во кој патувале четворица македонски државјани. На прашање на царинскиот службеник дали имаат нешто за пријавување за царинска контрола, возачот на автомобилот, македонски државјанин со иницијали Б.Р., изјавил дека во автомобилот носи стаклена витрина и кукли за излог. Царинскиот службеник одлучил…
повеќе...Утрово спречени два нови обиди за шверц на дрога
Царинските службеници од граничниот премин Богородица, во координирана акција со одделението за оперативи работи при Царинска управа и МВР, утрово (10.2.2013) спречија обид за криумчарење на околу 5,2 кг наркотичка дрога -хероин. Во еден час по полноќ, за влез во Република Македонија на граничниот премин Богородица царинските службеници селектирале за детален преглед автомобил Голф-5 со македонски регистерски таблички, управувано од лицето И.С. македонски државјанин, кој патувал на релација Истанбул-Скопје. При преглед на возилото, во специјални изработени прегради (бункери) од внатрешната страна на четирите бандажи од возилото, како и во кеса…
повеќе...