ОО на СДСМ Дебарца им го честита Божик на верниците од католичк​а вероисповед

ОО на СДСМ Дебарца, на сите верници од католичка вероисповед, кои ги слават празниците според Грегоријанскиот календар, им го честита големиот христијански празник Божиќ, со искрени желби за здравје, среќа, успех и благосостојба во Новата Година. Додека последниов бадников ден догорува, слушнeте го Господ што ви зборува, следи го патот на срцето што ве води, Среќен Божиќ – Христос се роди. За многу години!

повеќе...

Уште една активност на охридскиот Црвен крст – продажба на хуманитарни честитки

Во наредниве неколку денови Црвениот крст од Охрид ќе спроведе уште една активност, а тоа е продажба на хуманитарни честитки, кои што се изработени специјално за празниците кои што следуваат. „Иако можеби малку делува застарено, можеби не толку многу праќаат честитки веќе во ова ново модерно време, сепак мислиме дека тоа е еден многу убав начин на изразување и честитање на оние празници кои ни следуваат. Цената на честитките е многу симболична 30 денари со коверт.“ – изјави Антонио Додевски, секрeтар на Црвен крст – Охрид. Хуманитарните честитки се изработени…

повеќе...

Честитка од претседателот Иванов по повод празникот Св. Климент Охридски

Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, по повод празникот Св. Климент Охридски упати честитка до поглаварот на Македонската православна црква, архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан. „Дозволете ми, на сите верници од православна вероисповед, Вам лично и на целото свештенство и монаштво, по повод големиот празник Свети Климент Охридски, да Ви упатам срдечни честитки и најискрени желби за благосостојба и за мирен духовен живот. Овој голем светител е закрилник и патрон на македонскиот народ низ целата негова историја. Свети Климент Охридски е основоположник на Охридската книжевна школа, а како…

повеќе...

СДСМ Охрид со честитка за Денот на ослободувањето на Охрид

ОО на СДСМ Охрид на сите жители на Општина Охрид им го честита 7-ми Ноември – Денот на ослободувањето на Охрид од фашистичката окупација, со искрени желби за мирен и спокоен живот во слобода, демократија и благосостојба на сегашните генерации и идните поколенија. „Водени од идејата дека слободата е највредната придобивка за секој човек, десетици борци за слобода од Охрид пред 69 години ги положија своите животи во борбата за конечно ослободување на градот. На 7-ми Ноември 1944 година помислата за ослободување на својот град од фашистичките окупатори и живот…

повеќе...

Градоначалникот Бакрачески на граѓаните им го честита 7-ми ноември – Денот на ослободувањето на Охрид

По повод одбележувањето на 7-ми ноември, Денот на ослободувањето на Охрид од фашистичката окупација, градоначалникот Никола Бакрачески испрати честитка до граѓаните.  „На граѓаните на Охрид им го честитам 7-ми Ноември – Денот на ослободувањето на  Охрид од фашистичката окупација, изразувајќи благодарност и почит кон сите оние кои во текот на НОБ ги вградија животите за слобода. Искрена  благодарност изразуваме и за генерациите охриѓани кои во овие 69 години слободен растеж, се вградија себеси во напредокот на градот. Долг на сите нас како и на генерациите што доаѓаат е да го…

повеќе...

ВМРО-ДПМНЕ со честитка до охриѓани по повод Денот на ослободувањето на Охрид

Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, упатува честитки до сите охриѓани по повод 7- ми Ноември, Денот на ослободувањето на Охрид со искрени желби за вечен мир, добар соживот и  благосостојба. „7-ми ноември е денот кога ја искажуваме нашата благодарност кон борците кои со своите животи  пред 69 лета, допринеле  за денешната слобода и чекорење во сопствена држава. Денес ја одбележуваме победата на демократските сили  над фашизмот. Со чествувањата по повод денешниот празник, ние се присетуваме на хероиските подвизи на борците против фашизмот, како завет дека нивните херојства и жртви никогаш нема…

повеќе...

Охридските Египќани со честитки по повод Денот на Македонска​та Револуционерна Б​орба​

 „Како лојални граѓани на Р.Македонија, за нас, Македонските Египќани, Денот на Македонската Револуционерна Борба, е светол ден, имајќи го во предвид фактот, дека  во идеалите на Четрите златни букви В.М.Р.О. се длабоко врежани имињата на многу Египќани, кои на овие простори се уште пред 13 век п.н.е.  Имаме аманет вековен, од генерациите Египќани, кои учествувале како логистика во формирањето на Македонската Револуционерна Организација, како поддржувачи на идеалите  на формирањето на оваа Организација. Овој датум, претставува симбол за борба за слобода, независност, во време кога немало македонска држава, во едни мошне…

повеќе...

СВР Охрид со честитка по повод 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба

„По повод празникот 23 Октомври, Денот на македонската револуционерна борба, упатуваме искрени честитки до сите граѓани и желби за среќен и долговечен празник. Почитувајќи ги вековните идеали и стремежи за слобода на македонскиот народ, како демократска и професионална институција, доследно ја продолжуваме борбата за изградба на стабилен безбедносен систем и  ефикасно справување со  криминалитетот.  Работиме неселективно, законски и етички имплементирајќи ги современите Европски стандарди за полициско работење и проактивен пристап  со јавноста.  Посветени сме кон почитување и зајакнување на човековите права и слободи и блискост со граѓаните и го даваме…

повеќе...

Честитка од ВМРО-ДПМНЕ до граѓаните на Охрид по повод 23 Октомври – Денот на формирање на ВМРО и Ден на македонската револуционерна борба

По повод 23 октомври-Денот на формирањето на ВМРО и Денот на македонската револуционерна борба, ОК ВМРО-ДПМНЕ на сите граѓани на Охрид им го честита големиот државен празник „Создавањето на Внатрешната Македонска Револуционерна Организација-ВМРО, пред 120 години на 23 октомври 1893 година во Солун, претставува најзначајниот историски момент во организираната борба на македонците за формирање на своја независна Македонска држава. Во овие моменти на чествување на големиот празник, се сеќаваме и ги спомнуваме сите револуционери и борци, кои низ историјата ги втемелија своите животи за создавање на самостојна, независна и достоинствена…

повеќе...

Честитка од Градоначалникот Трајкоски по повод 23 Октомври Ден на ВМРО

Градоначалникот на општина Дебарца, Игор Трајкоски, по повод 23 октомври – Денот на македонската револуционерна борба упати честитка до сите граѓани. „23 Октомври – Ден на македонската револуционерна борба, Ден на создавањето на Внатрешна македонската револуционерна организација  преставува симбол на македонската истрајност за создавање на своја независна и слободна држава.  Во Солун на 23 октомври 1893 година се роди идејата за формирање на Внатрешна Македонска револуционерна организација на чија идеја за Независна слободна држава Македонија сите ние сме наследници а таа наша должност треба да ја пренесеме на идните поколенија…

повеќе...