Сезоната на капење е во полн ек. За жал веќе се случија неколку трагични случаи во Охридското езеро, па затоа од Црвен Крст Охрид потсетуваат на важноста од одговорно однесување во вода. Според податоците на Службата за спасување на вода на Црвен крст Охрид најголемиот број на несреќи на вода предизвикан е од човечкото однесување. Причините можат да бидат недоволно познавање на пливање, ризично однесување на капачите, злоупотреба на алкохол и опојни средства, разлика на температурата на телото и водата, повреда при влегување во вода, нагло настапување на болест во…
повеќе...Tag: црвен
Непознати лица се претставуваат како членови на Црвен крст и советуваат станари да ги напуштат домовите
Поради забележена појава на лица во станбени делови во Охрид, кои лажно се претставуваат како вработени/членови на Црвен крст и им советуваат на станарите на некои згради да ги напуштат становите, од Црвен крст Охрид укажуваат до населението во Охрид да останат разумни и присебни и да не подлегнуваат на најразлични манипулации и лаги, кои во овој случај се насочени кон стари лица, со цел да се создаде простор за кражба и оттуѓување предмети од нивниот дом. Случајот е пријавен и во СВР Охрид. Црвен крст Охрид има свој претставник во…
повеќе...Показна вежба за извлекување давеници, укажување прва помош и реанимација
Со показна вежба на извлекување давеници, укажување прва помош и реанимација денес на старото градско пристаниште во Охрид, Црвен крст Охрид преку дел од своите тимови на спасители на вода и тимови на парамедици ја покажа својата подготвеност за справување со предизвиците поврзани со безбедноста на вода на капалиштата, во претстојната летна сезона. Вежбата ја следеа дваесет претставници на Црвен крст на Норвешка кои не ги криеја своите позитивни импресии од професионалноста на тимовите за спасување на Црвен крст Охрид. Напоменуваме дека од утре, 19 јуни па се до 20…
повеќе...Дефиле низ охридските улици по повод Светскиот ден за заштита на животната средина
Во рамки на своите програмски активности, а по повод 5 јуни – Светскиот ден за заштита на животната средина, Црвен крст Охрид преку своите волонтери од програмата „Грижа за стари лица” ќе организира дефиле со едукативен карактер, низ улиците на Охрид, со цел подигнување на свеста и свртување на вниманието на јавноста кон бројните еколошки проблеми во светот и кај нас. Дефилето ќе започне на 5-ти јуни 2017 година, понеделник, во 11:00 часот од пред седиштето на Црвен крст Охрид, а поворката ќе се движи по тротоарите на улица „Димитар Влахов“,…
повеќе...Прв Бреинобреин Демо Фест на младите таленти
Првиот БРЕИНОБРЕИН ДЕМО ФЕСТ на децата кои ја посетуваат Бреинобреин програмата во Центарот за развивање на животни вештини Бреинобреин-Црвен крст Охрид, кој поради вчерашните временски непогоди беше одложен, ќе се одржи денес (31.05.2017г.) во предворјето на црквата Св.Софија со почеток во 18:30 ч. Преку 100 деца на возраст од 4-14 години на атрактивен и креативен начин ќе ги презентираат знаењата, техниките и вештините кои ги стекнале и развиле со следење на Бреинобреин програмата, а кои ја потенцираат фотографската меморија, нумеричките и вербални способности, мултитаскингот.
повеќе...Познати добитниците на наградите на литературниот и ликовен конкурс
Заврши литературниот и ликовен конкурс кој во рамки на одбележување на 8 мај – Светскиот ден на Црвениот крст и Неделата на Црвениот крст (8-15 мај) и чествувањето на празникот на големите просветители Св. Кирил и Методиј, на тема „Хуманоста во заштита на човековото добро и достоинство“ беше објавен од страна на Клубот за грижа за стари лица при Црвен крст Охрид. Голем број наши сограѓани од најразлична возраст, со свои дела учествуваа на конкурсот. Посебно формирани комисии во состав: За литературни дела: Тоде Илиески – Поет, вработен во НУБ…
повеќе...Прво место за учениците од ОУ „Христо Узунов“ на Општинскиот натпревар по прва помош
Под мотото „Биди херој, укажи прва помош“ во организација на Црвениот крст Охрид, учениците од ОУ„ Христо Узунов“ го освоија првото место. Натпреварот се одржа на градскиот плоштад каде што учениците ги презентираа стекнатите знаења и техники за укажување на прва помош. Под менторство на професорот Владо Андрески учениците: Калина Најдеска, Ангела Крстаноска, Ивона Содороска, Емилија Мојсоска, Кристина Попоска и Дарко Василоски во категоријата подмладок најдобро се снајдоа и заслужено го освоија првото место.
повеќе...Одржан 46-от Општински натпревар по прва помош
На 46-от Општински натпревар по прва помош кој во организација на Црвен крст Охрид, денес се одржа во Охрид, во конкуренција од 13 екипи во категорија подмладок и младина, најуспешна во категорија подмладок беше екипата од ОУ „Христо Узунов“ од Охрид. Во категоријата младина првото место и право на учество на Државниот натпревар по прва помош, го освои екипата на ОСУ „Св.Климент Охридски“-Гимназија. Од Црвен Крст Охрид изразуваат благодарност до сите кои ја помогнаа реализацијата на оваа активност.
повеќе...Традиционален 46ти по ред Општински натпревар по прва помош „Биди херој, укажи прва помош“
Несреќите се случуваат секојдневно и насекаде: во домот, на улица, на училиште, на работно место, на игралиште, во природа и каде ли уште не. Во таквите ситуации правилното укажување прва помош значи спасување човечки живот. Во рамките на своите активности во делот на првата помош Црвен крст Охрид на 06.05.2017 (сабота) во периодот од 9-16 часот, под мотото „БИДИ ХЕРОЈ, УКАЖИ ПРВА ПОМОШ”, ќе го организира традиционалниот, 46-ти по ред, Општински натпревар по прва помош. На натпреварот, стекнатите знаења и техники за укажување на прва помош ќе ги покажат повеќе…
повеќе...Хуманитарна собирна акција во Охрид по повод Неделата на солидарност
Во рамките на социјално-хуманитарната дејност, а по повод одбележување на Неделата на солидарност од 17 – 23 април, под мотото „ВАШИОТ ПРИЛОГ – ЗНАЧАЈНА ПОМОШ“, со цел подигање на нивото на свест на населението за потребната помош и поддршка на ранливото население, Црвениот крст организира хуманитарна собирна акција за обезбедување на помош во храна, облека, обувки, средства за хигиена, постелнина, детски играчки и парични средства, која ќе биде наменета за социјално загрозените лица, старите лица и лицата со посебни способности од Охрид и Дебрца. Од Црвениот крст Охрид апелираатт и…
повеќе...