Хортикултурно уреден просторот кај крстосницата „Питу Гули“ – „Марко Нестороски“

Според утврдената динамика од страна на општина Охрид за создавање  40 нови зелени катчиња на целата територија на општина Охрид,  Ј.П. „Охридски Комуналец“ хортикултурно го оплемени новоуредениот простор кој се наоѓа во УЗ. „Горна Влашка Маала“, во близина на чинарот, на аголот од крстосницата на улиците „Питу Гули“ и „Марко Нестороски“. Засадена е трева, 150 сезонски цвеќа и 30 декоративни садници.

повеќе...

Цвеќе за жените – членки на Здружението на телесно инвалидизирани лица од Охрид

Во рамки на 8-мо мартовските празнувања, заменик-градоначалникот на Охрид, Ангел Јанев ги посети  жените – членки  на Здружението на телесно инвалидизирани лица од градов. Со желби за добро здравје, среќа и успеси тој им подари цвеќе и укажа на нивната важна улога и допринос во градењето на општествениот живот. Заменик градоначалникот Јанев, потенцира дека Локалната самоуправа има слух и секогаш ќе излегува во пресрет на решавање на проблемите со кои се соочуваат овие категории луѓе.

повеќе...

Цвеќе од градоначалникот Бакрачески и за пензионерките од Охрид

Во пријатна празнична атмосфера со цвеќе и искрени желби за здравје, среќа и безгрижна иднина, градоначалникот Никола Бакрачески во хотелот Ривиера им го честита 8-ми март- Меѓународниот ден на жената на членките од   Здружението на пензионери од Охрид, Јавното Претпријатие Комуналец, активот на жени „Мајки- газди“ како и на  припадничките од понежниот пол од затворот од Струга кои исто така прославуваа во овој хотел. „Ова е ретка прилика кога можам на сите вас да  ви се заблагодарам за сето она што сте го направиле за ова Општество без разлика…

повеќе...

Дворот во ОУ„ Дебрца“ разубавен со ружи

Во текот на реализацијата на проектот „Заедно до почиста општина“ учениците и вработените на Основното училиште „Дебрца“, с. Белчишта засадија 100 садници ружи. Ружите беа донирани од страна на Локалната самоуправа на Општина Дебарца, на чело со градоначалникот Игор Трајкоски. Исто така беа засадени и 10 борчиња, кои беа  донирани од Гарден Центар „Розенталис“ од село Волино. Учениците од ОУ „Дебрца“ ги разубавија училиниците и училишните холови со засадување на цвеќиња.

повеќе...

Рајска градина на почетокот на Косел

Колку близу бил рајот, барем оној за глетка во очите и за одмор на душата! Ако патувате, ако сте од Охрид, или ако сте во Охрид, тогаш ви недостасуваат само 7 (седум) километри за да стигнете во Косел. Застанете  пред  фабриката Мегасеф (пред Емо) и свртете десно. Само на 300 метри оттука, погледот ќе ве однесе до дворот на семејството Џулијано и Валентина Наумоски. А тука, веќе насетувате, илјадници цветови кои растат и цветаат во еден од ретките пластеници во Македонија – во оваа огромна и величествена цветна рајска градина…

повеќе...

„Градски Пазар“ Охрид издава под закуп тезги за продажба на украси и цвеќе на плоштадот кај Стариот чинар

По повод празникот 8-ми Март, ЈП „Градски Пазар“ Охрид, издава под закуп тезги за продажба на украси и цвеќе на плоштадот Крушевска Република (кај Стариот чинар). Дополнителни информации можат да се добијат во административните простории на ЈП „Градски Пазар“ Охрид на Бул. Туристичка бр.79 или на тел 046-266-600 Лицата заинтересирани за изнајмување на тезгите да се пријават во административните простории на ЈП „Градски Пазар“ Охрид.

повеќе...

Положено свежо цвеќе по повод 106 години од смртта на Марко Бошњаков

По повод  сто и шест години од смртта на охридскиот гемиџија Марко Бошњаков, денеска пред спомен плочата крај неговата родна куќа се одржа чествување, а делегација од Општина Охрид положи свежо цвеќе. Пред присутните охриѓани за животот и делото на Бошњаков пригоден говор одржа претседателот  на Комисијата за празници и манифестации при Општината, Дејан Пановски. „Во овој ден на сеќавање сакам да го споменам и трудот и посветеноста на нашиот историчар Никола  Целакоски којшто со својот труд ја запозна јавноста подетално  за животот  и делото на  Марко Бошњаков. Плочата во…

повеќе...

Охридски Комуналец: Нека Вашите дворови и тераси бидат цветни во секое годишно време

Расадникот кој функционира како засебна работна единица во рамките на Ј.П. „Охридски Комуналец“ располага со голем асортиман саден материјал. „На граѓаните им овозможуваме да ги украсуваат и аранжираат своите дворови и тераси во секое годишно време. Во моментов покрај декоративните зимзелени, листопадни и украсни дрвја, располагаме и со цветен саден материјал од зимската и рано-пролетната цветна реколта. Располагаме со садници од видот хибридна виола (очиња) во одлична состојба и квалитет со разновиден колорит, потоа белис -перенис и каранфилчиња, кои се сега по намалени цени и пристапни за сите граѓани.“– велат…

повеќе...

Бетонската жардињера на „Туристичка“ се обновува со нови садници

Бетонската жардињера која се наоѓа помеѓу коловозните ленти на „Булевар Туристичка“ хортикултурно се дотерува. Сите оштетени садници на потегот од крстосницата кај гимназијата до крстосницата кај градскиот пазар се отстрануваат, земјената подлога се обработува и се засадуваат нови садници. Планирано е на овој потег да се засадат околу 60 нови садници од зимзелени и украсни видови кои на сообрќајницата ќе и дадат подобар естетски изглед, а во исто време нема да претставуваат  пречка во одвивањето на сообраќајот.

повеќе...

Хортикултурно уреден чинарот на улица „Питу Гули“

Деновиве екипите на „Паркови и зеленило“ при „Охридски Комуналец“ го оплеменија просторот околу чинарот на ул. „Питу Гули“ во Урбана заедница „Горна Влашка Мала“. Засадени се 40 цветно декоративни садници, а екипи на Ј.П. „Градски Гробишта“ ги заменија оштетените клупи. Со ова хортикултурно уредување локацијата која се наоѓа покрај фреквентна крстосница доби нов лик. Со вакви акции ќе се продолжи и во наредниот период создавајќи нови зелени катчиња на повеќе локации во сите урбани заедници во општина Охрид.

повеќе...