Кривична пријава за лице од Дебар поради бесправно градење

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „Бесправно градење“, полициската станица од Дебар поднесе кривична пријава против Б.И. (55)  од Дебар. Во текот на 2011 година, пријавената на сопствено замјиште на улицата „Видое Смилевски-Бато“ во Дебар, изградила индивидуален стамбен објект со површина од 184,5 метри квадратни што било спротивно на одобрението и на деталниот урбанистички план според кој на таа градежна парцела требало да се изгради објект со површина во основата од 166 метри квадратни. Практично, пријавената Б.И. изградила објект со поголема површина од 18 метри квадратни односно…

повеќе...

Се реконструира дистрибутивната мрежа во струшкиот, дебарскиот и ресенскиот регион

ЕВН Македонија и оваа година работи на изградба на нова и реконструкција на постојната дистрибутивната мрежа во струшкиот, дебарскиот и ресенскиот регион. Корисничкиот енерго центар на ЕВН Македонија во Струга досега изгради над 5 километри дистрибутивна мрежа на ниско и средно напонско ниво. Реконструирани се 13 трафостаници, изградени се нови 4 компактно бетонски трафостаница и направена е реконструкција на дел од постојната мрежа. Извршена е и дислокација на над 1000 мерни уреди, со што во едно се реконструира и ниско напонската мрeжа и се воведува ред во користењето на електричната…

повеќе...

Кривична пријава за лица од Дебар поради злоупотреба на службената положба

Поради постоење основи на сомнение за сторени казнени дела „Злоупотреба на службената положба и овластување“ и „Бесправно градење“, полициската станица од Дебар против П.П. (61) и Г.Ц. (50) двајцата од Дебар, поднесе кривична пријава. Пријавениот П.П. во својство на раководител на Секторот за урбанизам и комунални рабооти во Општина Дебар и Г.Ц. како архитект во општината, во периодот од 24 до 27 декември 2013 година, злоупотребувајќи ја службената положба и овластување со пречекорување границите на своето службено овластување и како надлежни за вршење на работите од уредување на просторот, од…

повеќе...

Безживотно тело пронајдено во џип со англиски национални ознаки

Едно возило-џип марка „Range Rover“ со англиски национални ознаки и безживотно машко тело на задното седиште, синоќа пронајдоа полициските службеници работејќи на реализација на казненото дело „Разбојништво“ извршено на 29-ти минатиот месец во две златари во Дебар. Возило е пронајдено во 19 часот и 45 минути на место викано „Мирешки ливади“ во близина на државната граница со Република Албанија. Двете задни врати од џипот биле отворени, задното ветробранско стакло било скршено, а на задното седиште во лежечка положба е забележан машкиот леш. На лице место, во тек е криминалистичко-технички увид…

повеќе...

Забранет влез во Македонија за албански државјанин

На 13.06.2014 година на регионалниот пат Дебар-Струга, полициски службеници го затекнале албанскиот државјанин С.Н.(26), кој имал остварено нелегален влез во РМ. Истиот е приведен во ПС-Дебар, изречена му е мерка „Забрана за влез во РМ“ во траење од три години.

повеќе...

Притворен 62-годишен жител на Дебар поради силување

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „Силување“, полициската станица од Дебар против Ќ.И. (62) од Дебар поднесе поднесе кривична пријава. Него одредена му е мерка притвор во траење од 30 дена по што е спроведен во казнено-поправна установа во Скопје. Пријавениот, казненото дело го сторил во периодот од 21-ви до 28-ми минатиот месец  при што, и покрај покажаното спротивставување на обљуба присилил и извршил 14 годишно момче од Дебар. Тоа го сторил откако го забележал во близина на едно училиште во Дебар. Во расветлувањето на ова казнено…

повеќе...

Кривична пријава за лице од Дебар поради фалсификување на потписи

Поради постоење основи на сомнение за сторени казнени дела „Злоупотреба на службена положба и овластување“ и „Фалсификување или уништување деловни книги“, полициската станица од Дебар против И.И.(38) од Центар Жупа поднесе кривична пријава. Пријавениот, искористувајќи ја својата положба директор на земјоделската задруга „Нов живот“ од центар Жупа како и овластувањата што ги имал, извршил фалсификување на потписи на доверители-членови на задругата, изготвил и заверил записник за одржан состанок на собранието на задругата со наводно донесени одлуки, употребувајќи ги потоа како вистинити. Внесувајќи лажни податоци, пријавениот И.И. во записникот и одлуките…

повеќе...

Кривична пријава за жител од Октиси поради недозволено изработување, држење и тргување со оружје

ПС Струга поднесе кривична пријава против Н.Д.(41) од с.Октиси, струшко, за сторено кривично дело „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“. На 20.04.2013 година, на регионалниот пат Струга-Дебар од страна на полициски службеници од ПС за БПС е запрено патничко возило „опел“ управувано од пријавениот, по извршен преглед во возилото во багажникот под резервната гума се пронајдени четири куршуми кал. 9 мм. наменети за повеќе модели пиштоли и одредени автоматски оружја.

повеќе...

Сарачини: Има раздвижување на економијата во дебарскиот крај

Министерот за економија Ваљон Сарачини и заменик-министерот за транспорт и врски Џељаљ Бајрами денеска го посетија Дебар каде се запознаа со спроведувањето на проектите предвидени согласно програмата на Владата. Посебен акцент беше ставен на реализацијата на проектите од патната инфраструктура кои треба да придонесат за забрзан локален и регионален развој. Министерот Сарачини оцени дека е добро тоа што и на локално и на регионално ниво се чувствува раздвижување на економијата. „Дебар е одличен пример на место каде природните ресурси се преточени во реален бизнис. Кога станува збор за инвестициите во…

повеќе...

Едно лице го загуби животот во тешка сообраќајна несреќа на регионалниот пат Струга-Дебар

Едно лице го загуби животот во тешката сообраќајна незгода што рано утрово околу 03 часот и 50 минути се случи на регионалниот пат Струга-Дебар. Агрон К. (29) од Велешта на лице место им подлегна на повредите во момент кога патничко моторно возило „БМВ“ со струшки регистарски таблички, управувано од сега починатиот, излетало од патот и   директно удрил во камена ограда. Во тешката сообраќајна незгода, со телесни повреди се здобил Б.В. (42) од селото Велешта. Тој е пренесен на хируршкото одделение во општата болница во Струга каде е задржан на…

повеќе...