Царинската управа се вклучи во акцијата „Ден на дрвото – Засади ја својата иднина“

Царинската управа на Република Македонија, како во сите досегашни акции, активно се вклучи и во осумнаесеттата по ред акција „Ден на дрвото – Засади ја својата иднина!“ под мотото „Засади еко иднина!“, која се одржа на 30 ноември 2016 година. Царинските службеници организираа активности за засадување на садници на сите гранични премини, а голема поддршка на акцијата дадоа и колегите, претставници на другите погранични служби, како од Република Македонија, така и од соседните земји. Оваа година македонските царински службеници засадија вкупно 200 садници. Царинската управа, поддржувајќи ја оваа акција го…

повеќе...

Претставници од Националниот совет на инвалидските организации на Македонија на прием кај претседателот Иванов

Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, во пресрет на Меѓународниот ден на лицата со инвалидност – 3 Декември, денеска прими претставници од Националниот совет на инвалидските организации на Република Македонија. Претставниците на Националниот совет на инвалидските организации на Република Македонија го информираа претседателот Иванов за положбата на лицата со инвалидност, за предизвиците со кои тие се соочуваат, како и за постигнатите резултати во однос на имплементирањето на меѓународните норми и стандарди од Конвенцијата за правата на лицата со инвалидност, којашто оваа година одбележа 10 години од усвојувањето во Обединетите…

повеќе...

Свети Григориј Чудотворец, епископ Неокесариски

Денес е празник посветен на Светиот Григориј Чудотворец, епископ Неокесариски. Божји човек и силен чудотворец, нарекуван втор Мојсеј. Роден од незнабожни родители, но угледни и богати, Григориј најпрво ги изучи елинската и мисирската (т.е. египетската) философија, но откако ја позна нејзината залудност и недоволност се обрати кон христијанските учители, особено кон Ориген во Александрија, кај кого учеше неколку години и од кого прими Крштение. Чист по душа и тело тој сакаше сиот себеси да Му се посвети единствено на Христа, заради што се оддалечи во пустина, каде што долго време…

повеќе...

Утре ќе се одржи акцијата „Ден на дрвото- засади ја својата иднина“

Во рамките на акцијата „Ден на дрвото – Засади ја својата идинина“, што ќе се одржи утре ( 30.11.2016 година), покрај граѓаните ќе бидат вклучени основните и средните училишта од Општина Охрид. Основните училишта ќе засадауваат дрва и ќе реализираат активности во рамки на своите училишта, додека средните училишта ќе вршат пошумување на локалитетот „Мауцкер“. Тргнувањето на автобусите за сите заинтересирани ќе биде во 09 и 11 часот од пред Општина Охрид, ОЕМУЦ „Св.Наум Охридски“, ОУТУ „Ванчо Питошески“ и гимназијата ОСУ „Св.Климент Охридски“ .

повеќе...

Светиот апостол и евангелист Матеј

Денес е празник посветен на Светиот апостол и евангелсит Матеј. Матеј беше син на Алфеј, најпрво цариник (т.е. закупец и порезник или митар) и како таков него го виде Господ во Капернаум и го повика: „Врви по Мене.“ И откако стана, тргна по Него (Матеј 9, 9). Потоа Матеј Му приреди дочек на Господ во својот дом и даде повод Господ да изрече неколку големи вистини за Своето доаѓање на земјата. Откако Го прими Светиот Дух, Св. Матеј го проповедаше Евангелието во Партија, во Мидија и во Етиопија, земјата црнечка.…

повеќе...

Започнува Божиќниот пост

За православните христијани од денес (28 ноември) почнува Божиќниот пост. Овој пост е посветен за подготовка и во чест и спомен на раѓањето во тело на Спасителот и Господ наш Исус Христос, кој заради нашето спасение се воплоти, прими тело и стана Човек за да ја подигне и спаси сета човекова природа. Бог стана Човек за да човекот стане бог по благодат. Оваа зададеност Бог му ја дај на човекот уште во рајот за што требал да исполни само една заповед да се воздржува, т.е. да пости. Ако постот му…

повеќе...

Светиот апостол Филип, свети Григориј Палама, светиот цар Јустинијан (Божикни поклади)

Светиот апостол Филип Роден е во Витсаида крај езерото Галилејско, како Петар и Андреј. Од малечок научен на Светото Писмо, Филип веднаш се одѕва на повикот на Господ Исус и тргна по Него (Јован 1, 43). После слегувањето на Светиот Дух Филип ревносно го проповедаше Евангелието во многу краишта на Азија и Грција. Во Грција Евреите сакаа да го убијат, но со Своите моќни чуда Господ го спаси. Така еврејскиот архиереј којшто се устреми да го бие одеднаш ослепе и сиот поцрне. И имаше силен земјотрес и земјата се отвори…

повеќе...

Свети Јован Златоуст

Денес е празник посветен на Светиот Јован Златоуст. Патријарх Цариградски. Роден е во Антиохија во 354 година, од татко Секунд, војвода, и мајка Антуса. Изучувајќи ја грчакта философија Јован се згнаси од грчкото незнабоштво и ја усвои христијанската вера како едиствена и целосна вистина. Крштение прими од Мелетиј, патријархот Антиохиски, а потоа примија Крштение и неговите родители. По смртта на родителите се замонаши и почна строго да се подвизува. Тогаш ја напиша книгата „За свештенството“ и тогаш му се јавија Светите апостоли Петар и Јован и му прорекоа голема служба,…

повеќе...

Свети Јован Милостив

Денес е празник посветен на Светиот Јован Милостив. Патријарх Александриски. Роден е на осторвот Кипар во кнежевско семејство. Воспитан од детството како вистински христијанин. На настојување од родителите се ожени и имаше деца. Но по Божја Промисла се упокоија и децата и жена му. Прочуен заради милосрдието и благочестивоста, Јован беше избран за патријарх Александриски во времето на царот Ираклиј. Десет години управуваше со александриската Црква како вистински пастир, чувајќи ја од незнабожците и од еретиците. Беше пример на кротост, милосрдие и човекољубие. „Ако сакаш благородство“, велеше, „не барај го…

повеќе...

Светиот великомаченик Мина

Денес е празник посветен на Светиот великомаченик Мина. По потекло Мисирец и војник по занимање Свети Мина, како вистински христијанин, не можеше да го гледа одвратното жртвопринесување на идолите, па ја напушти војската и градот и луѓето и сѐ и отиде во пуста планина. Бидејќи на Св. Мина му беше полесно да живее со дивите ѕверови одошто со незнабожните луѓе. Еден ден светителот го проѕре од далечина незнабожечкото празнување во градот Катуанија, па се спушти во градот и пред сите ја објави својата вера во живиот Бог Христос, а ги…

повеќе...