Обраќање на премиерот Емил Димитриев по повод 2 Август – Илинден

Обраќање на премиерот Емил Димитриев по повод 2 Август – Илинден Почитувани присутни, Почитувани претставници на Македонската Православна Црква-Охридска Архиепископија, Почитувани претставници на верските заедници, Почитувани претставници на Собранието, на Владата, на општините, Почитувани претставници на дипломатскиот кор, Почитувани граѓани, Денес сме овде на ова легендарно место “Мечкин камен“, заеднички да го одбележиме големиот празник 2 август – Илинден, кој е симбол на непокорот, симбол на жртвата, симбол на преданоста на цела една генерација наши предци, кои тогаш кога било потребно се жртвувале себеси за денес ние да живееме слободно…

повеќе...

Обраќање на претседателот Иванов по повод 2 Август – Илинден 2016 година

Обраќање на претседателот Иванов по повод 2 Август – Илинден 2016 година Почитувани граѓани на Република Македонија, Почитувани потомци на нашите знајни и незнајни херои кои своите животи ги положија за татковината Македонија, Денес, на ден Илинден, во годината кога одбележуваме четврт век независност, ви го честитам најголемиот македонски празник. Овој четврт век независност се надоврзува на повеќе од седум децении од АСНОМ и повеќе од еден век од Илинден 1903-та, но и на многувековниот стремеж и борбата за слободна Македонија. Во овој четврт век се вткаени сите соништа и…

повеќе...

Градоначалникот Бакрачески со честитка за празникот Илинден

Градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески по повод 2 Август – Илинден, Денот на Републиката, упати честитка до граѓаните на Охрид и Република Македонија и до сите Македонци ширум светот. „Нека ни е честит најголемиот македонски празник – Илинден, денот кој нè задолжува, обединува и инспирира. Нека бидат вечни спомените на илинденците и хероите на Народно-ослободителната и антифашистичката војна. На овој празник се поклонуваме на славното дело на Револуцијата, на храброста, на доблеста, на љубовта кон Татковината. Благодарение на двата Илиндена, 1903 и 1944, кои се светилникот на нашата борба за…

повеќе...

Светиот пророк Илија – Илинден

Денес е празник посветен на Светиот пророк Илија – Илинден. Боговидец, чудотворец, ревнител за Божјата вера. Родум од племето Ароново, од градот Тесвит и затоа е наречен Тесвитјанин. Кога се роди Илија, неговиот татко Савах виде ангели Божји околу детето како го повиваат во оган и му даваат да јаде пламен. Ова беше предзнак за неговиот пламенен карактер и за богодаруваната огнена сила во него. Целата своја младост ја мина во богомислие и во молитва, повлекувајќи се често во пустината за во тишина да размислува и да се моли. Во…

повеќе...

Македонија ги одбележува двата историски Илиндена

Република Македонија денес ги одбележува двата историски Илиндена – 113 години од почетокот на Илинденското востание и 72 години од Првото заседание на АСНОМ. Илинденското востание е востание против Отоманската империја организирано од страна на ТМОРО и претставува еденод најголемите и најзначајните настани од македонската историја. По подготовките за востание против Отоманската империја, на 2 август 1903 година на православниот верски празник Св. Илија – Илинден започнало Востанието. Ова востание е познато како Илинденско, според денот на започнување. На почетокот на јануари 1903 година, Централниот комитет на ВМРО донел решение да…

повеќе...

Преподобна Макрина

Преподобна Макрина – Најстарата сестра на Св. Василиј Велики и Св. Григориј Ниски. Како девица рано ја свршија за некој благороден младич. Но кога ѝ умре свршеникот, Макрина се заветува никогаш да не стапи во брак, говорејќи: „Не е право девојката верена за еден вереник да оди кај друг; според природниот закон сопружништвото треба да биде едноa како што е едно раѓањето и една смртта“. Уште го оправдуваше таа ова со верата во Воскресението, сметајќи го својот вереник не за мртов, туку за жив во Бога. „Грев и срамота е“,…

повеќе...

Светиот маченик Емилијан и Преподобниот Јован многустрадален

Светиот маченик Емилијан Во времето на Јулијан Отстапник во тракискиот град Доростол живееше момчето Емилијан, слуга на градоначалникот. Кога царот Отстапник почна со меч и со оган да го сотира христијанството ширум римското царство, во Доростол дојде царски пратеник да ги убива христијаните. Но не најде ни еден единствен. Израдуван од тоа, тој им приреди голема гозба на доростолските граѓани и заповеда големо жртвопринесување на идолите и деноноќна веселба по целиот град. Таа ноќ тргна Свети Емилијан по идолските храмови, по плоштадите и градските улици и со копач ги испокрши…

повеќе...

Светата маченичка Марина – Огнена Марија

Денес е празник посветен на Светата маченичка Марина – Огнена Марија. Родум од Антиохија Писидиска, од родители незнабожци. Дури во својата дванаесетта година слушна за Господ Исус Христос, дека се воплоти од Пречистата Дева, дека изврши многу чуда, прими крсна смрт и славно воскресна. Нејзиното младо срце се распали со љубов кон Господ и таа се заветуваше дека никогаш нема да се мажи и со сета душа сакаше да пострада за Христа, да се крсти со крв на мачеништво. Татко ѝ ја замрази заради нејзината вера и не ја сметаше…

повеќе...

Светата маченичка и девица Јулија

Денес е празник посветен на Светата маченичка и девица Јулија. Родум од Картагена, од прочуен род. Кога Персијанците ја покорија Картагена, многуброен народ беше одведен во ропство. Беше фатена и заробена и Света Јулија и му падна во рацете на некој трговец во Сирија. Трговецот беше незнабожец. Кога виде дека Света Јулија е христијанка, ја советуваше да се откаже од Христа и да стане едноверна со него. Јулија никако не се согласуваше со тоа. Па бидејќи беше верна и добра во служењето, трговецот ја остави и не ѝ додеваше повеќе…

повеќе...

Илинден неработен ден за сите граѓани

Министерството за труд и социјална политика соопштува дека, согласно со Законот за празниците на Република Македонија (“Службен весник на РМ”, бр.21/98 и 18/07), 2 август 2016 година (вторник), Ден на Републиката, е неработен ден за сите граѓани на Република Македонија. Истовремено, Министерството за труд и социјална политика на сите граѓани на Република Македонија им го честита Денот на Републиката.

повеќе...