Спомен на јавувањето на Чесниот Крст во Ерусалим

Во времето на царот Констанс, синот на Свети Константин, кога беше патријарх Кирил Ерусалимски, во девет часот наутро над Голгота се појави Чесниот Крст и се простираше до небото над Елеонската Гора. Тој Крст беше посветол од сонцето и поубав од најубавото виножито. Сиот народ, и верните и неверните, ги оставија своите работи и во страв и со восхит гледаа во небесниот знак. Мнозина неверници се обратија во верата Христова, а исто така и многумина еретици аријанци ја оставија својата злобна ерес и се вратија во Православието. За овој знак…

повеќе...

Во Охрид ќе се одбележи Денот на пожарникарите

Со дефиле на противпожарните возила низ Охридските улици утре во 10:00 часот охридските пожарникари ќе го започнат одбележувањето на 20ти мај- Денот на пожарникарите во Р. Македонија. Во 10:30 часот во дворниот простор на ТППЕ – Охрид ќе се одржи презентација на противпожарната опрема, а половина час подоцна во работните простории ќе се одржи свечен прием. Одбележувањето на празникот ќе биде заокружено со крводарителска акција на пожарникарите во Медицинскиот центар во Охрид.

повеќе...

Денови на македонската фотографија во Охрид

Институтот за филм – филмска академија Охрид и Фото сојуз на Македонија организираат „Денови на македонската фотографија “ од 20.05.2016 година до 25.05.2016 година. • Пристигнување на учесниците на ДМФ во попладневните часови во Охрид и сместување во хотел Табана, до 19 и 30h. • 20.00 ч. – проекција на документарен филм за Вивиен Маер во Институт за филм, Филмска Академија Охрид (ФИОФА) – Охрид • Дружење на учесниците Сабота, 21.05.2016 година Од 11.00 ч. – блок со презентации и видеа за фотографите во Институт за филм, Филмска Академија Охрид…

повеќе...

Вторник, Св. Кирил и Методиј – неработен ден за сите граѓани

Министерството за труд и социјална политика, соопштува дека согласно со Законот за празниците на РМ („Службен весник на РМ„ бр.21/98 и 18/07), 24 мај 2016 година (вторник), „Св. Кирил и Методиј“, Денот на сесловенските просветители е неработен ден за сите граѓани на Република Македонија.  Истовремено, Министерството за труд и социјална политика на граѓаните на Република Македонија им го честита празникот.

повеќе...

Светиот маченик Варвар

Светиот маченик Варвар беше војник во времето на Јулијан Отстапник. Кога царскиот војвода Вакх ја поведе римската војска против Франците, во таа војска беше и Варвар, потаен христијанин. На боиштето се појави некој си јунак од страна на Франците, сличен на Голијат и ги предизвикуваше Римјаните за да му излезе некој на мегдан. Војводата Вакх го посоветува Варвар тој да излезе. Варвар Му се помоли во своето срце на живиот Бог, излезе и го победи оној џин. Од тоа војската на Франците се збуни и побегна. Тогаш војводата направи голема…

повеќе...

Светата великомаченичка Ирина и Светите Мартин и Ираклиј

Денес е празник посветен на Светата великомаченичка Ирина и Светите Мартин и Ираклиј, Светата великомаченичка Ирина Живееше во апостолските времиња на Балканот во некој град Магедон, каде што татко ѝ Ликиниј беше малечок цар. Некои мислат дека таа е Словенка. Родена како незнабожка од родители незнабожци, Пенелопа (така ѝ беше името пред да се крсти) на христијанската вера се поучи од нејзиниот учител Апелијан. Св. Тимотеј, учителот на апостол Павле, ја крсти заедно со уште неколку дворјанки и ѝ ги донесе да ги прочита Посланијата на Светиот апостол Павле. Кога…

повеќе...

Понеделник 23 мај- неработен ден за Власите

Министерството за труд и социјална политика соопштува дека согласно со Законот за празниците на РМ (,,Службен весник на РМ,, бр.21/98 и 18/07), 23 мај 2016 година (понеделник), Националниот ден на Власите, е неработен ден за граѓаните припадници на влашката заедница во Република Македонија. Истовремено, Министерството за труд и социјална политика на граѓаните припадници на влашката заедница во Република Македонија им го честита Националниот ден на Власите.

повеќе...

ОУ „Живко Чинго“ освои второ место на училишните игри без граници

Основците од ОУ  „Живко Чинго“, Велгошти освоија второ место на овогодинешните училишни игри без граници. Групата ја сочинуваа учениците: Ивана Коческа, Кристина Латкоска, Дарко Ложанкоски, Филип Пердулоски, ученици од осмо одделение. „Честитки на учениците за постигнатиот висок успех на натпреварот, им посакувам и понатамошни успеси во спортот“ – вели директорот Ѓоко Чингоски. WebOhrid

повеќе...

Промовиран 20-от број на Лице в лице: Здраво семејство – зрело општество

На одбележувањето на Меѓународниот ден на семејството во светот, 15 мај, се приклучи и уличното списание ,„Лице в лице“, промовирајќи го на неформална средба своето најново издание посветено токму на тема: семејство и семејни вредности. Голем број на граѓани и пријатели на Платформата за активизам, „Лице в лице“ и на продавачите на единственото улично списание во земјава, денес, во Градскиот парк, ја изразија својата поддршка, и преку дружба, забава и разговори на тема: семејство, го одбележаа овој Меѓународен ден кој во фокус ги има иницијативите за обезбедување здрав живот за…

повеќе...

Верниците го одбележаа Танасовден (летен) во Рамне

Денес се слави празникот посветен на Св. Атанасиј Велики или Танасовден (летен). По тој повод во селото Рамне, во манастирот на Св. Атанасиј Велики многу верници од Охрид и пошироко присуствуваа на светата литургија, како и палеа свеќи, со желба за подобро здравје и среќа. Како секоја година, така и оваа стариот кум, Илија Лекоски  даде ручек на присутните верници. За многу години! А.Андриоски

повеќе...