Изложба од проектот „Млади уметници“ на Агенцијата за млади и спорт

На 12 декември (понеделник) во Националната галерија на Македонија – објект Мала станица со почеток во 18:00 часот ќе биде отворена изложбата за проектот „Млади уметници“ од страна на директорот на Агенцијата за млади и спорт Марјан Спасески и стручната комисија. Овој проект трета година по ред се имплементира од страна на Агенцијата за млади и спорт. Имено, во рамки на конкурсот пристигнаа 66 дела, а наградени се следните : – Тамара Антевска (СЛИКАРСТВО), – Симона Спирковска (СКУЛПТУРА), – Неслихан Сулејман (ГРАФИКА), – Јасмина Трпевска (ФОТОГРАФИЈА), – Драганчо Божинов (ГРАФИЧКИ…

повеќе...

Македонските дизајнери во нов економски подем

Дизајн центарот „Јавна соба“ најавува прва голема распородажба на дизајн производи со 100% македонски предзнак која ќе се реализира во Скопје на 9 и 10 јануари од 10:00 до 21:00 часот. За прв пат мебел, облека, накит, аксесоари и други производи од младите македонски брендови се продаваат по мошне поволни цени. Рамо до рамо со големите светски брендови кои сме навикнати да ги гледаме и конзумираме во трговските центри, македонските дизaјнери се пуштаат во нов економски подем и тоа на домашниот пазар. Младите дизајнери одобруваат голем колективен попуст на своите…

повеќе...

Магацин на АРМ ќе се пренамени во прв Центар за дизајн во Македонија

Објект кој бил магацин на Армијата на Република Македонија, со вкупна површина од 1.450 метри квадратни, ќе биде реновиран и пренаменет во прв Центар за дизајн во Македонија. Лоциран е на улица „50-та дивизија“ во Скопје и досега беше под надлежност на Министерството за одбрана, а со одлука на Владата му е даден под наем на Здружението „Јавна соба“ од Скопје за период од 20 години. Министерот за одбрана Зоран Јолевски му го предаде симболично клучот од објектот на Александар Велиновски од „Јавна соба“, во присуство на министерката за култура…

повеќе...

Свечено отворена Интернационалната летна школа за архитектура и дизајн во Охрид

Синоќа во Центарот за култура Григор Прличев во Охрид свечено беше отворена Интернационална летна школа за архитектура и дизајн што веќе втора година се одржува во организација на Универзитет Американ Колеџ Скопје – Факултет за Архитектура и Дизајн. На свеченоста присуствуваа и Токиските архитекти, Јошихару Цукамото и Момојо Каиџима, основачи на  едно од најиновативните архитектонски бироа во светот.  „Штотуку пристигнавме и немавме прилика да видиме многу од архитектурата во Охрид но ова што се случува тука со летната школа е прекрасна работа. Задоволство е да се биде тука. Веднаш ја…

повеќе...