Во текот на 3-тата недела од 2014 година (од 13.01.2014 – 19.01.2014 година), од вкупно 31 извештајна единица во Република Македонија, групни пријави за заболени од грип се добиени од 25 единици, со вкупен број на заболени од 1.385 (МБ 6,7/10.000). Во споредба со бројот на заболени во 3-тата недела од минатата сезона (748), се бележи зголемување за 85,2%, а во однос на епидемискиот праг (просечниот број заболени за оваа иста недела во изминатиот 10-годишен период, кој изнесува 1.027), се регистрира зголемување за 34,9%. Вкупниот број на заболени од грип…
повеќе...Tag: доктор
Тодоров: Распишан оглас за 400 нови вработувања во здравството
Министерот за здравство Никола Тодоров најави нови 400 вработувања во јавното здравство. Владата на почетокот на годината, нагласи тој, донесе една стратешка, но и историска одлука за вработување на 800 здравствени работни во јавното здравство. „Со тоа што беше договорено првите 400 да бидат во првата половина од годината, а вторите 400 во втората половина, односно при крајот на оваа година. Веќе се распишани огласите за 400 вработувања во јавното здравство, од кои половина се докторски кадар, односно специјалисти или специјализанти, а другата половина се сестри, болничари, акушерки и друг…
повеќе...Македонски лекари ќе се обучуваат во израелскиот медицински центар Шнајдер
Министерот за здравство Никола Тодоров, кој придружуван од директорката на Универзитетската клиника за детски болести д-р Аспазија Софијанова, е во еднодневна посета на Израел, потпиша Меморандум за соработка со реномираниот Детски медицински центар Шнајдер, со седиште во Тел Авив. Детскиот медицински центар Шнајдер, соопшти Министерството за здравство, од своето основање во 1991 година е претпознатлив како институција за медицински и академски достигнувања. Меморандумот е со важност од пет години, со можност за продолжување и подразбира соработка во делот на медицинската едукација и обука во следните области: педијатриска кардиологија и кардиохирургија,…
повеќе...Градоначалникот – доктор Бакрачески го стави во употреба новиот апарат за срце
Во Заводот за кардиоваскуларни заболувања во Охрид денес беше извршена првата интервенција врз пациент со новата опрема за интраваскуларен ултразвук IVUS (Intravascular ultrasound), која е набавена од Америка од средства на Заводот за кардиоваскуларни заболувања, а во употеба го предаде градоначалникот Никола Бакрачески, долгогодишен директор на оваа здравствена институција, заедно со докторот Власис Нинос од клиниката во Солун. „Ќе имаме можност да ги подобриме не само дијагностичките перформанси во насока на подобро откривање на стеснувањата на крвните садови на срцето, туку и да ја утврдиме природата на наслагите во тие…
повеќе...Во Македонија има над 200.000 пациенти со ревматолошки заболувања, голем дел од нив можат да бидат лекувани поуспешно!
Од 02 до 05 октомври 2013 година, во Охрид се одржа Вториот македонски конгрес со меѓународно учество. Меѓународните учесници на Конгресот се воедно долгогодишни партнери и поддржувачи на НВО НОРА. Врз основа на ова партнерство, а и поради недоволна медиумска покриеност на Конгресот, НОРА доби ексклузивно право нив да ги интервјуира со цел да ги сподели нивните ставови со пошироката јавност во РМ. Др. Владимир Огненовски–Директор на Амбулантниот оддел за ревматологија при Универзитетот од Мичиген посочи дека третманот на пациентите во РМ не е на ниво со стандардите кои се…
повеќе...Македонски доктори во странство можат да се вратат во јавното здравство
Доктори од Република Македонија кои повеќе од пет години континуирано работат во странство, во земјите-членки на ОЕЦД, ќе може да склучат договор со Министерството за здравство и да работат во јавните здравствени установи во државата. За таа цел, Министерството денес ќе објави оглас во медиумите и на веб страницата. Ова на прес-конференција го истакна министерот за здравство Никола Тодоров, кој рече дека станува збор за уште една значајна новина која Министерството ја презема и е продолжување на мерката со која досега 80 доктори од приватни здравствени установи се вратиле во…
повеќе...Договорена соработка со реномирани медицински центри во Чикаго
Владина делегација преводена од претседателот на Владата на Република Македонија, Никола Груевски во присуство на министерот за здравство Никола Тодоров, вчера (среда, 25.09.2013 година) оствари посета на три реномирани медицински центри во Чикаго, Соединетите Американски Држави, Универзитетскиот медицински центар РУСХ, Медицинскиот центар на Универзитетот Илиноис и Северо-западниот медицински центар во Чикаго. Во рамки на посетата, владината делегација оствари средба со менаџерските тимови на медицинските центри, при што беа потпишани меморандуми за соработка со Универзитетскиот медицински центар РУСХ и Медицинскиот центар на Универзитетот Илиноис, а со Северо-западниот медицински центар во Чикаго…
повеќе...Досега 300 здравствени работници на обука во врвни медицински центри низ светот
Оваа и наредните две години по 500 медицински лица, главно лекари, ќе бидат испратени на обука во странство. Како што рече премиерот Никола Груевски, само годинава, до крајот на овој месец, преку 300 доктори реализирале ваква обука во врвни медицински центри низ светот. „Сметам дека до крајот на годинава ќе ја достигнеме проектираната бројка од 500 лица, а можеби и ќе ја надминеме. Паралелно со заминувањето на нашите лекари во странство, во Македонија доаѓаат и лекари од други држави кои тука вршат обуки. Такви тури веќе имавме неколку“, истакна Груевски.…
повеќе...Успешно имплементиран системот за електронска евиденција во здравството во повеќе општини
Министерството за здравство ја известува јавноста во Република Македонија дека во изминатиот месец во повеќе општини во Република Македонија успешно се имплементира системот „Национален систем за електронска евиденција во здравството“ и тоа во делот на електронско упатување со закажување и Е-рецепт. Согласно усвоениот протокол за имплементација, проектот стартува етапно, односно општина по општина и досега истиот е имплементиран во над 20 општини. Согласно досегашните сознанија од имплементациониот период, Министерството за здравство ги известува сите матични лекари да внимаваат при креирањето на електронските рецепти и одбирањето на генериките на лековите и…
повеќе...Почна процедурата за преземање на првите 45 специјалисти од јавно во приватно здравство
Министерството за здравство почна процедура за преземање 45 доктори-специјалисти од приватно во јавно здравство кои се јавија на првиот оглас на Министерството од вкупно пријавените 103 лекари-специјалисти. Постапката за нивно преземање за поголем број од нив е завршена, обезбедени се согласности и потпишани се договорите. Тие почнуваат со работа од 1 август. Ова денеска на прес-конференција го истакна министерот за здравство Никола Тодоров, кој рече дека станува збор за првата група доктори-специјалисти кои ќе бидат преземени од приватни во јавни здравствени установи. Од понеделник, како што најави Тодоров, Министерството за…
повеќе...