Подгответе се за обилен дожд, апелира Координативното тело за управување со кризи

Координативно тело за управување со кризи предупредува дека во земјава во наредните денови не очекуваат обилни дождови кои ќе достигнат и над 30 литри на квадратен метар. Од таму испратија препораки до локалната самоуправа и градоначалниците, како и до Центарот за управување со кризи, ЕВН, МВР и АРМ. „Градоначалниците да ги стават на готовност сите расположливи ресурси, да ги мобилизираат кризните штабови и во нив да ги вклучат, претставници од ЦУК, ДЗС и МВР. Градоначалниците кои имаат потреба од дополнителна помош од технички ресурси да се обратат до Дирекцијата за…

повеќе...

Викендов снежна бура, ќе навее снег до 35 сантиметри

Снежни врнежи со температури длабоко под нулата најавуваат метеоролозите на популарниот веб сајт за временска прогноза Accuweather. Тие издадоа предупредување за снежна бура над Скпоје за викендов. Од македонската УХМР најавуваат дека времето утре ќе биде променливо облачно, во југозападните и североисточните делови ќе има слаби врнежи од дожд, на повисоките места од дожд и снег, а на планините од снег. На запад ќе дува умерен до засилен западен ветер, особено на планините. Минималните температури ќе се движат од 1 до 6, а максималната од 5 до 11 степени. В…

повеќе...

УХМР: Jугозападниот ветер донесе пролетна температура и невреме

Топол јужен ветер и висока температура до 16 Целзиусови степени се забележуваат низ Македонија во текот на денешниот ден. Од Управата за хидрометеоролошки работи велат дека оваа состојба денеска се должи на присуството на силен југозападниот ветер кој носи топла воздушна маса и врнежи од дожд. „Денеска има зголемено присуство на силен југозападен ветер, кој носи топла воздушна маса од запад – југозапад и во западните делови врнежи од дожд. Брзината на ветерот се движи од 70 до 100 километри на час. Веќе од петок очекуваме промена на временската состојба…

повеќе...

Од утре обилни врнежи на дожд

Од Управата за хидрометеролошки работи најавуваат обилни врнежи од дожд за утре попладне. Локално се очекува да наврнат и над 30 литри на метар квадратен. Најмногу врнежи ќе има во западните и во северните делови од државата. На повисоките планини ќе врне снег, но во текот на ноќта и во утринските часови во четврток, поради продор на постудена воздушна маса снежната граница ќе се спушти и до илјада метри надморска височина. Во четврток ќе дува умерен, на места засилен северозападен ветер, што ќе услови намалување на облачноста, престанок на врнежите…

повеќе...

До вторник стабилно и суво, од среда со услови за снег

Стабилно и суво време не очекува до вторник, а во среда ќе настапи извесна промена на времето. Ден пред Нова Година не очекува постудено време со услови за локални врнежи од дожд и снег.

повеќе...

Од недела врнежи од дожд и снег

Од недела врнежи од дожд и снег. Како што најавуваат од УХМР, во недела не очекува облачно време со врнежи од дожд, кои на места се очекува да бидат пообилни, а на повисоките планини во западна Македонија ќе има и врнежи од снег. Инаку, до петок се очекува да преовладува релативно топло и стабилно време, по одделни котлини со слаба утринска магла. Во сабота ќе дува умерен до засилен југозападен ветер, а кон крајот на денот во западните делови ќе има врнежи од дожд. Извор: Нет Прес

повеќе...

На Бистра снег, на Шапка само дожд

Според последните информации од метеоролошките станици низ земјава, во северозападниот планински дел, на местата повисоки од 1100 м.н.в. има повремени врнежи од снег со слаб до умерен ннтензитет, јавува УХМР. Порталот skimacedonia.mk, пишува дека денес на Бистра снегот се појави дури до долната граница на ски центарот Маврово што е на околу 1.250 метри, наспроти тоа на Шапка сеуште дождот владее иако е сместена на 1.800 метри. Извор: Нет Прес

повеќе...

Утре дожд и снег

Врнежи од дожд и над 50 литри на метар квадратен на одредени места и повремен снег на највисоките планински врвови, најавува за утре Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Врнежите од дожд утре ќе започнат од раните утрински часови во јужните и западните делови. Во претпладневните часови ќе се прошират насекаде и претежно ќе бидат со умерен интензитет, што ќе придонесе вкупната количина на наврнат воден талог на места да биде над 50 литри на метар квадратен. Не е исклучено на највисоките планински врвови да има и повремен снег. Ќе дува…

повеќе...

Зимски температури и снег кон крајот на ноември

Македонија од утре ќе биде под влијание на влажна воздушна маса. Ни следат дождливи денови и благ пад на температурата, меѓутоа поголемо заладување и прв снег метеоролозите најавуваат дури за крајот на месец ноември. Долгорочните прогнози велат дека токму кон крајот на идниот месец ќе се јават првите услови за провејување на снег во котлините – поточно снег е најавен за 26-ти ноември. Сепак треба да се има предвид дека станува збор за долгорочна прогноза која не може да даде прецизни предвидувања. На фотографијата е прикажана временската прогноза за месец…

повеќе...

Охрид успешно се справува со последиците од невремето

Охрид успешно се справува со последиците од дводневното невреме проследено со обилни врнежи од дожд. Само за 12 часа, 95 отсто од критичните места се санирани и се надминати сите штети. Ова го заклучија Градоначалникот Никола Бакрачески , Министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски и надлежните служби од локалната власт кои денес беа на обиколка низ повеќето поплавени локации во градот и околината. Беа посетени и критичните точки каде од вчера интензивно механизација врши чистење на одводните канали за да се спречат слични појави во иднина. Градоначалникот Бакрачески кој…

повеќе...