Циклонот Давид ќе направи потоп низ Македонија

Подрачјето на Македонија од денес па се крајот на продолжениот викенд ќе биде зафатен од моќен циклон кој доаѓа од Медитеранот, пишува метерологот Славчо Попоски. Името на овој циклон е Давид. Овој циклон ќе ни донесе обилни врнежи од дожд над целата територија на Македонија. Ќе има и локална појава на грмежи. Особено обилни врнежи ќе имаме за време на викендот што доаѓа. За време на овој циклон на некои места се очекува да наврне огромна количина воден талог (над 80 литри на квадратни метри). Повремено ќе дува силен ветер…

повеќе...

Облачно, врнежливо и свежо време за престојниот продолжен викенд

Облачно, врнежливо и свежо време не очекува за престојниот продолжен викенд. Како што најавуваат од УХМР, денес нашето подрачје е под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса од Медитеранот која претпладнево условува претежно облачно време со слаб локален дожд. Во текот на денот врнежите ќе се прошират насекаде, локално ќе се интензивираат и ќе бидат проследени со ретки грмежи. Пообилни врнежи ќе има во вечерните и ноќните часови кога на места ќе наврнат над 30л/м2, особено во јужните и источните делови. Утре претежно облачно со повремени врнежи од дожд…

повеќе...

Вечерва не очекуваат поројни дождови

Денес ќе имаме сончево време со мала до умерена облачност, а вечерва не очекуваат поројни дождови. Исто така можна е појава на грмежи и засилен ветер. Локално се очекуваат поинтензивни процеси со обилен пороен дожд и можна појава на град. Утринската температура ќе се движи од 11 до 18, а дневната од 22 до 27 степени. УВ индексот ќе има вредност 5.

повеќе...

Викендов не очекува дожд

Денес во Македонија ќе има сончево и топло време со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец. Утринската температура ќе се движи од 12 до 20, а дневната од 31 до 38 степени. Според прогнозите на Управата за хидрометеролошки работи, во петок ќе имаме сончево и топло време, во попладневните часови со изолирана појава на краткотраен дожд и грмежи. За време на викендот и во понеделник времето се очекува да биде нестабилно на повеќе места, со интензивен пороен дожд, електрични празнења и засилен ветер.

повеќе...

Пороен дожд и град ја зафати Македонија

Во Македонија од пладневните часови почна развој на нестабилна облачност, најпрво во планинските подрачја во западна Македонија, околу Јакупица и крајниот североисточен дел. „Во моментов поинтензивна нестабилност има во прилепскиот дел, на потегот од Охрид кон Крушево и во североисточните делови. Според радарската слика од Тополчани југоисточно од Прилеп, има појава на невреме со поинтензивни процеси“, информира Управата за хидрометеоролошки работи. До крајот на денот, на повеќе места ќе се задржи нестабилно време. Ќе биде облачно со порoен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално се очекува процесите да бидат поинтензивни…

повеќе...

Утре дожд и грмежи

Утре и задутре земјава ќе биде под влијание на влажна и нестабилна маса односно не очекуваат дожд и грмежи. Поизразена нестабилност ќе има утре, особено во северните и југозападните делови, каде локално се очекува да има обилен пороен дожд и грмежи, како и засилен ветер. Не се исклучува и можноста за изолирана појава на град. „Во случај на појава на електрични празнења се препорачува поголема внимателност, да не се престојува на отворен простор и под осамени дрвја“, информира Управата за хидрометеоролошки работи. Врнежливо време и пониски температури не очекуваат и…

повеќе...

Утре најтоплиот ден ова лето, задутре дожд

Најтоплиот ден во ова лето не очекува утре. Како што најавуваат метеоролозите времето утре во Македонија ќе биде сончево и многу топло со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Утре, кога не очекува најтоплиот ден за оваа сезона, утринската температура ќе биде во интервал од 15 до 22, а дневната од 34 до 41 степени. По најтоплиот ден во годината – пороен дожд И во четврток под влијание на многу топла воздушна маса дневните температури на повеќе места ќе бидат над 35, а долж…

повеќе...

Попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи

Времето денеска во Македонија ќе биде променливо облачно, а попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи наместа во форма на невреме. Повремени врнежи ќе има и преку ноќта особено во јужните делови од земјата. Утринската температура од 10 до 19 степени, а дневната од 24 до 31 степени.

повеќе...

Претпладне сончево, попладне краткотраен дожд

Времето претпладне во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а попладне облачноста ќе се зголемува и ќе има услови за појава на краткотраен дожд претежно во западните планински делови и сосема на југоистокот од земјава. Ќе дува слаб до умерен претежно западен ветер. Утринската температура ќе се движи од седум до 14, а дневната од 22 до 29 степени. Во среда времето ќе биде променливо облачно и посвежо со повремени врнежи од дожд особено во западните и јужните делови од земјата. Ќе дува умерен повремено засилен северен ветер.…

повеќе...