Балканот го очекува силно невреме

По неколку “пеколно” топли денови, доаѓаат силни врнежи проследени со грмотевици и обилни дождови, пренесува Телегрф.рс. Според прогнозите на метеоролозите, Балканот го очекува уште еден студен бран, со врнежи за време на викендот. Покрај Балканот, погодени ќе бидат и Италија и Австрија. За невремето посебно треба да се подготват Словенија и Хрватска, бидејќи таму студениот бран ќе погоди најсилно. Најголемо количество на дожд се очекува во сабота навечер. Наредната седмица во балканскиот регион се очекува нестабилно време со врнежи, што не е невообичаено за овој период од годината. Извор: Нет…

повеќе...

Дожд, ветер и грмотевици за време на викендов

Времето денес во Македонија ќе биде променливо облачно со услови за локален краткотраен дожд во попладневните часови,  додека утре (недела), во попладневните часови не очекува нестабилно време со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во понеделник и вторник ќе има услови за слаб локален дожд, а дневната температура ќе опадне за неколку степени.

повеќе...

Розов дожд на охридскиот плоштад

Денешниот ветер кој ги „вознемири“ јапонските цреши од плоштадот до пристаништето во Охрид, направи розов „дожд“ од цветови кој претставува вистински феномен. Нашите сограѓани, но и бројните туристи, поминувајќи покрај овие дрвја направија фотографии за спомен од ова романтично попладне во Охрид.  WebOhrid

повеќе...

Дожд и опаѓање на дневните температури

Од УХМР најавуваат дека утре, понеделник ќе имаме повремен дожд со послаб интензитет и ќе дува умерен до засилен северен ветер, што ќе придонесе за опаѓање на дневните температури. Во Охрид ќе биде променливо облачно со услови за повремен дожд. Ќе дува умерен северен ветер. Утринската температура ќе биде 8 степени, а дневната ќе достигне до 16-от степен целзиусов. Од вторник во Македонија се очекува стабилно и суво време со пораст на дневната температура.

повеќе...

Утре обилен дожд и грмотевици

Македонија утре ќе биде под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса која ќе услови променливо облачно и нестабилно време со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, особено во северните и источните делови од земјата. Од Управата за хидрометеоролошки работи информираат дека локално се очекува процесите да бидат поинтензивни со силни електрични празнења и интензивен пороен дожд, а не се исклучува и можноста за изолирана појава на град. Извор: Нет Прес

повеќе...

По двата пеколно жешки денови следи невреме

Утре под влијание на многу топла воздушна маса од југ ќе преовладува сончево и многу топло време, кон крајот на денот ќе има локално зголемување на облачноста. Дневната температура ќе биде над просекот за овој период од годината, а УВ индексот ќе има висока вредност 7. Од четврток веќе ќе следи променливо и нестабилно облачно, на повеќе места со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално можно е процесите да бидат и поинтензивни. Се очекува минималните температури да се движат од 10 до 17 степени, а максималните да се искачат…

повеќе...

Од четврток пороен дожд

Времето денеска во Македонија ќе биде топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен и западен правец. Утринската температура ќе се движи од три до девет, а дневната од 22 до 29 степени. Од понеделник до четврток времето ќе биде сончево и многу топло, со мала до умерена локална облачност. Во вторник и среда дневната температура ќе биде над просекот во овој период од годината и во поголем дел од земјава ќе надмине 30 степени. УВ-индексот ќе биде 7. Во четврток попладне се…

повеќе...

Од утре дожд, грмежи, ветер, на некои места и град

Од утре нашето подрачје ќе потпадне под влијание на циклонска активност и на нестабилна воздушна маса. Времето ќе биде променливо, а на повеќе места ќе има пороен дожд, грмежи и засилен ветер. На одредени места можна е појава на град, особено во јужните и источните делови на земјава. Во среда ќе има локални слаби врнежи од дожд, особено претпладне. Ветерот ќе го промени правецот во северен, што ќе предизвика пад на дневната температура за неколку степени.

повеќе...

Облачно време со повремени врнежи од дожд и снег

Времето денес во Македонија ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд, на повисоките места од дожд и снег, а на планините снег. Ќе дува умерен до засилен северозападен ветер. Се очекува, во вечерните часови врнежите од дожд да преминат во снег и на пониските места во западните и северните делови. Облачно и студено со повремени врнежи претежно од снег ќе биде и во наредните два дена. Од четврток следува период на стабилно време, со ниски утрински температури, а дневните ќе бележат значителен пораст.

повеќе...

Македонија на удар на циклонот Викторија, ќе врне дожд и снег

Македонија денеска ќе биде на удар на циклонот Викторија. Не очекува променливо облачно попладне со повремени врнежи од дожд, а на планините снег. Доцна попладне на повеќе места врнежите ќе се интензивираат па наместа ќе наврнат над 30 л/м2, особено во западните и јужните предели. На планините ќе се формира нова снежна покривка, наместа и над 20 цм нов снег. Ќе дува умерен југоисточен ветер. Температурата ќе се движи од 5 до 12 степени. Извор: Нет Прес

повеќе...