Србија ќе ги соборува нелегалните дронови

Србија се соочува со голем број на дронови. Според српските медиуми, се проценува дека Србија има дури 4 илјади дронови, а само 150 од нив се регистрирани, односно околу 50 регистрирани барања месечно добиваат дозвола за управување на дрон. Казните за непријавувањето, односно нелегалното управување на дрон се високи. Паричната казна изнесува од 50 илјади до 150 илјади динари, додека пак можна е дури и затворска казна од 30 до 60 денови. Во Србија од неодамна стигна и првиот уред за пресретнување на беспилотни летала кои летаат без дозвола, а се наоѓаат…

повеќе...

Уште еден месец за замена на дозволите за поседување и носење на оружје

Преостанува уште еден месец за замена на дозволите за поседување и носење на оружје. Рокот истекува на 12 април, a дотогаш граѓаните и правните лица кои поседуваат оружје со стари дозволи се должни да поднесат барање за нивна замена. Барањето треба да биде поднесено во Министерството за внатрешни работи, Оддел за граѓански работи, Сектор за оружје, експлозивни и опасни материи, агенции за обезбедување и детективска дејност, Отсек за оружје, експлозивни и опасни материи според место на живеење на физичкото лице, односно седиште на правното лице. WebOhrid

повеќе...

Измени во начинот на полагање за возачка дозвола

Измени во начинот на полагање за возачка дозвола. Законот за безбедност во сообраќајот содржи неколку измени во споредба со претходните правила, за автошколите и кандидатите за возачи. Секое возило на автошколите мора да има вклучено камера, која ќе го следи текот на оспособувањето на кандидатот за возач, како и подготвеноста и техниката на самиот возач-инструктор, пишува Скопјеинфо. Неофицијално, меѓу другото, се зборува дека наскоро ќе поскапуваат цените за обука во автошколите. Имено, од автошколите велат дека станува збор за стандардизирање на цените во сите автошколи во Македонија. Па така, ако…

повеќе...

Дозволи за движење во НП Галичица ќе можат да се подигнат секој работен ден од 9 до 13 часот

Јавната Установа Национанален парк Галичица им соопштува на сите жители на Охрид како и на посетителите поради следниот викенд кој е продолжен дека ќе можат дозволи за движење во границите на паркот да подигнат до петок 31.07 2015, секој работен ден од 9 до 13 часот во дирекцијата на паркот на улица „Велестовски Пат“ б.б. При посетата во паркот заинтересираните треба со себе да понесат лична карта и точно да го знаат времето на посетата на паркот со точна релација. Дирекцијата на паркот апелира до граѓаните да ја почитуваат воведената…

повеќе...

Во тек е пријавување за полагање на испит за рибочувари и за вршење стопански риболов

Се известуваат сите заинтересирани лица кои сакаат да се пријават за полагање на испит за добивање уверение за рибочувар и/или за полагање на испит за добивање на уверение за вршење стопански риболов, дека е потребно да достават барање (пријава) која содржи: – Име и презиме на кандидатот, адреса на кандидатот, ЕМБГ, датум и место на раѓање и – доказ за уплатен надомест за полагање на испитот. Средствата за полагање на испитот се уплаќаат на сметката на сопствени приходи на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. Прашањата за полагање на испит…

повеќе...

Потпишан Протокол за преземање на лица кои престојуваат без дозвола

Денес (16.12.) во Министерството за внатрешни работи се одржа средба на Заменикот на Министерот за внатрешни работи г. Земри Ќамили со Вонредниот и ополномоштен Амбасадор на Република Словачка во Република Македонија Н.Е. м-р Мартин Безак при што беше потпишан и Протоколот меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Република Словачка за спроведување на Спогодбата меѓу Република Македонија и Европската заедница за преземање на лица кои престојуваат без дозвола. На средбата, Заменикот Министер г. Ќамили изрази предлози за натамошно продлабочување на меѓусебните односи и соработка преку размена на податоци и…

повеќе...

Од 10-ти октомври аплицирање за ЦЕМТ дозволи

Од 10 до 15 октомври со почеток од 24 часот ќе отпочне аплицирањето по електронски пат за распределба на годишните ЦЕМТ дозволи за 2015 година, истакна министерот затранспорт и врски Миле Јанакиески. „Трговските друштва кои имаат лиценци за јавен превоз на стоки за сите видови меѓународни транспортни дозволи и трговските друштва кои имаат лиценца за превоз на стока за сопствени потреби ќе можат да аплицираат на интернет страната www.dozvoli-mts.gov.mk,“ рече Јанакиески и напомена дека за ЦЕМТ дозволите за 2015 година ќе имаат право да аплицираат превозници кои поседуваат возило со…

повеќе...

ЗРРСК „Свети Апостол Петар“ од Охрид започна со издавање на дозволи за рекреативен риболов за риболовниот ревир „Слив на Охридско Езеро“

Здружението на рекреативни риболовци спортски клуб „Свети Апостол Петар“ од Охрид започна со издавање на дозволи за рекреативен риболов за риболовниот ревир „Слив на Охридско Езеро“ каде спаѓаат сите реки во општините Охрид и Дебарца и Требенишко езеро. За рекреативната зона „Слатинско Езеро“ дозволи за рекреативен риболов ќе почнат да се издаваат ако се создадат услови за рекреативен риболов. Здружението издава и Државни дозволи кои важат за сите риболовни води во Република Македонија и дневни дозволи за акумулацијата „Козјак“. „За риболов без дозвола, казните се големи и на лице место…

повеќе...

Од денес стартуваат измените во полагањето на практичниот дел за стекнување возачка дозвола

“Со денешното започнување на примената на новиот Правилник за спроведување на возачкиот испит, односно неговиот практичен дел којшто ги опфаќа полагањето на полигонско возење и т.н. градско возење, заедно со измените што веќе се имплементирани во делот на теоретскиот испит  всушност ја заокружуваме реформата во сферата на полагањето за возачка дозвола а со едниствена цел да се зголеми знаењето, вештините и безбедноста во управувањето со возилата на кандидатите за добивање возачка дозвола“. Ова, меѓу другото, го истакна министерката за внатрешни работи м-р Гордана Јанкулоска при денешната посета на Испитниот центар…

повеќе...

Охридската капетанија во рамките на своите редовни активности спроведува испити за управувач за чамец

Капетанијата на пристаништата – Охрид  во рамките на своите редовни активности спроведува  и одржува испити за Управувач за чамец. Испитот се одржува во периодот од месец април до месец октомври и тоа еднаш месечно во месеците април, мај, септември и октомври, додека во  текот на летните месеци јуни, јули и август  испитот се одржува два пати месечно. Кандидатите  пријавите за испит ги поднесуваат најдоцна  еден ден пред испитот, а во прилог на пријавата треба да достават: – пријава за полагање на испит – фотокопија од важечка лична карта – две…

повеќе...