Обука „Детекција на дроги со службени кучиња“

Француската Амбасада во Скопје преку својата служба за Внатрешна Безбедност во соработка со ОБСЕ од 3 до 7 ноември 2014 година организираше обука наменета за 11 водачи на кучиња од Единицата за службени кучиња при МВР. Обуката ја реализираа двајца француски експерти и обучувачи од француската Национална жандармерија од Центарот за обука на службени кучиња во ГРАМАТ, кои заедно со македонските колеги разменија знаења во однос на техниките на детекција на дроги со помош на службени кучиња. Активностите во рамки на оваа обука се реализираа во кругот на самата Единица…

повеќе...

Пронајдена дрога кај скопјанец

Поради постоење основи на сомнение за сторени казнени дела „неовластено производство и пуштање во промет на опојни дроги, психотропни сустанци и прекурсори“ и „овозможување на употреба на опојни дроги“ полициската станица Струга против И.Н. (25) од Скопје поднесе кривична пријава. На шести јули оваа година, пријавениот отворајќи ја пред полициските инспектори предната хауба од неговото патничко моторно возило марка „БМВ“, исфрлил една најлон кеса со опојна дрога марихуана што претходно ја сокрил под хаубата на моторот до филтерот за воздух. Дополнително кај пријавениот  во чорапот од левата нога пронајдено е…

повеќе...

Пронајдена дрога кај стружанец

Полициската Станица Струга поднесе кривична пријава против М.Б.(35) од Струга, за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотична дрога, психотропни супстанции и прекурсори“. На 05.08.2014 година, во Струга извршен е претрес во домот на пријавениот каде се пронајдени и одземени 0,19 грама хероин.

повеќе...

Пронајдена марихуана кај охриѓанец

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „Неовластено производство и пуштање во промет на опојни дроги, психотропни сустанци и прекурсори“ СВР Охрид поднесе кривична пријава против Н.М.(39) од Охрид. Пријавениот на 19 февруари оваа година за 50 евра набавил одредена количина опојна дрога марихуана која сакал да ја продава на наркозависници од Охрид и Струга, а дел да ја користи за лична употреба. Следниот ден околу 10 часот и 15 минути Н.М. е забележан на паркинг просторот кај градскиот пазар и притоа кај него пронајдени се 72 грама…

повеќе...

Кај охриѓанец пронајдена дрога

СВР Охрид поднесе кривична пријава против А.Т.(44) од Охрид, за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотична дрога, психотропни супстанции и прекурсори“. На 04.10.2014 година од страна на полициски службеници е извршен претрес во станот на пријавениот во Охрид, при што се пронајдени околу 15 грама хероин. Од страна на судија во претходна постапка на пријавениот му е одредена мерка притвор во траење од 30 дена.

повеќе...

Пронајдена дрога кај 50 годишен охриѓанец

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „Неовластено производство и пуштање во промет на опојни дроги, психотропни сустанци и прекурсори“ СВР Охрид поднесе кривична пријава против А.Н.(50) од Охрид. Него одредена му е мерка одземање на патна исправа и повремено јавување во основниот суд во Охрид. На шести овој месец, при претрес во неговиот дом, полициските инспектори пронајдоа околу 2500 семки од растението Канабис сатива и околу 30 грама опојна дрога марихуана. Семките се пронајдени во пластична кутија покрај прозорецот од дневната соба, во зипер кесички сокриени во…

повеќе...

Експерти за борба против дрогата на тркалезна маса во Охрид

Денес во Охрид започна дводневната тркалезна маса, на која учество земаат претставници на Одделенијата за недозволена трговија со дрога од земјите во регионот и над 30-тина водечки форензичари за дрога од целиот свет. Настанот е организиран од ОБСЕ и МВР, во тесна соработка со Канцеларијата на ОН за борба против дрога и криминал (УНОДЦ). На тркалезната маса ќе се разговара за квалитетот на истрагите и превенирање на криминалот поврзан со дроги, вклучувањето на форензичарите со нивното истражување и обезбедување на научни докази поврзани со намалување на трговијата со дрога. Тема…

повеќе...

Пронајдена дрога кај охриѓанец

СВР Охрид поднесе кривична пријава против А.Т.(44) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „неовластено производство и пуштање во промет на опојни дроги, психотропни сустанци и прекурсори“. На 04.10.2014 година при претрес во домот на пријавениот полициските инспектори пронајдоа 18 грама опојна дрога хероин и 22 грама кокаин. На А.Т. му е одредена мерка притвор во траење од 30 дена.

повеќе...

Пронајдена дрога кај лице од Охрид

СВР Охрид поднесе кривична пријава против лицето Д.Д.(23) од Охрид, за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотична дрога , психотропни супстанции и прекурсори“. На 11.06.2014 година, во Охрид, откако полициски службеници при личен преглед од пријавениот одзеле паковка со марихуана, извршен е претрес во неговиот дом, каде се пронајдени уште две пакувања марихуана со вкупна тежина од 88,99 грама и една рачно изработена цигара со 0,16 грама мешавина од тутун и марихуана.

повеќе...

Директорот Чавков на Конференција на асоцијацијата на шефови на полициите од земјите на ЈИЕ-СЕПКА

Директорот на Бирото за јавна безбедност при МВР м-р Митко Чавков од денес до 26-ти овој месец во Хаг, Холандија, ќе учествува на Конференцијата на асоцијација на шефови на полициите на Југоисточна Европа – СЕПКА, на која што наедно ќе бидат одржани и Конвенцијата на европски шефови на полициите 2014 и Конференција на шефови на полициите на Балканскиот регион во ко-организација со италијанското претседателство со советот на ЕУ. Според предвидената агенда на овие настани, кои што се од особено значење, се очекува да се дефинираат идните заедничките активности на полициските…

повеќе...