Пронајдена дрога кај охриѓанец

СВР Охрид поднесе кривична пријава против Е.М.(35) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. Во ноември 2015 година, извршен е претрес во домот и возилото на пријавениот при што пронајдена е наркотична дрога марихуана во количина од 88,79 грама.

повеќе...

СВР Охрид поднесе кривична пријава за битолчанец кај кого бил пронајден хероин

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори“, СВР Охрид поднесе кривична пријава против А.А. (23) од Битола. Во текот на август оваа година, пријавениот на подрачјето на Охрид вршел продажба на наркотична дрога хероин, по што на 17-ти истиот месец извршен е претрес во неговиот дом во Охрид каде привремено престојувал. Притоа, полициски инспектори пронајдоа една најлонска кеса со извесна количина хероин сокриена во саксиско цвеќе како и алуминиумска цевка и нагорена алуминиумска фолија со…

повеќе...

Спречен шверц на 12 килограми марихуана на граничниот премин Ќафасан

Царинските службеници од граничниот премин Ќафасан, при спроведување на редовна царинска контрола спречија обид за нелегално внесување на 12 килограми марихуана во Република Македонија. На 9 декември 2016 година околу 18:00 часот на влез во Република Македонија на граничниот премин Ќафасан пристигнало патничко моторно возило со италијански регистарски ознаки, управувано од лицето Л.М. романска државјанка, а со неа патувала и В.С. исто така романска државјанка. Лицата на англиски јазик биле прашани што имаат да пријават за царинска контрола, при што одговориле дека немаат ништо за пријавување и дека се враќаат…

повеќе...

Кривична пријава против едно лице од Скопје поради недозволена трговија со марихуана

Единицата за недозволена трговија со дрога до Основното јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава против лицето З.А. (27) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“, предвидено и казниво по член 215 од кривичниот законик на Република Македонија. Пријавениот во текот на ноември 2016 година неовластено набавил поголема количина на марихуана со намера истата да ја продава на уживатели од Скопје. Имено, Единицата за недозволена трговија со дрога, преземајќи мерки и активности за сузбивање на…

повеќе...

Во два одделни случаи пронајдена дрога кај лица од Охрид

СВР Охрид поднесе кривична пријава против седумнаесет годишник од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“. На 24.03.2016 година околу 20.30 часот од страна на полициски службеници, во близина на зградата во која што живее пријавениот, бил извршен преглед над истиот и биле пронајдени 6,4 грама наркотична дрога марихуана. СВР Охрид поднесе кривична пријава против С.Р. (40) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични…

повеќе...

Кривично пријавени пет лица спречени во намера да препродаваат екстази и хероин

Единицата за недозволена трговија со дрога при СВР-Скопје за два различни случаи поднесе две кривични пријави до надлежното ОЈО Скопје против лицата Б.М.Ѓ. (30), Д.С. (34) и И.Н. (38) од Скопје како и против С.М. (43) од Скопје и Т.К. (43) од Гевгелија, поради основано сомнение дека во текот на минатиот месец неовластено набавиле поголема количина на синтетичка дрога-екстази и хероин, наменети за улична продажба. За сторените кривични дела – „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“, предвидени и казниви по член 215, Судија на…

повеќе...

Притворени две лица од струшко Франгово кај кои била пронајдена дрога

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „недозволено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори,“, полициската станица од Струга, поднесе кривична пријава против Л.Г.(22) и Е.М.(23), двајцата од струшкото село Франгово. Во поднесената пријава, Е.М. се сомничи и за сторено казнено дело „недозволено изработување, држење, посредување и тргување со оружје и распрскувачки материи“. Нив, одредена им е мерка притвор во траење до 30 дена. На 18 овој месец, околу 23 часот, при акција на криминалистичката полиција при СВР Охрид и полициската станица од…

повеќе...

Спречен шверц на 12 килограми марихуана на граничниот премин Блато

Вчера (28.09.2016 година) царинските службеници спречија шверц на 12 килограми марихуана на ГП Блато. Имено, на ден 28.09.2016 година околу 13:40 часот, на граничниот премин Блато за влез во Република Македонија се пријавил З.Л.(33) државјанин на Република Албанија, управувајќи патничко моторно возило марка „Mercedes“ со албански регистарски ознаки, кој на прашањето на царинскиот службеник дали има нешто да пријави за царинска контрола одговорил дека нема ништо за пријавување. Заради сомневање во неговата изјава, царинскиот службеник го селектирал возилото за детален преглед. При вршење на контролата на возилото царинскиот службеник приметил…

повеќе...

Запленета дрога, лекови, девизи, бои за тетовирање, ловечка пушка, фалсификати и друго

Во текот на минатата недела, царинските службеници открија два обиди за криумчарење марихуана и повеќе обиди за криумчарење разна стока, при што привремено се задржани девизи, лекови, бои за тетовирање, лепила, транспортни ремени, контактори, украси за огради, облека, ловечка пушка и муниција и фалсификати. Задржана е следната стока: Лекови и бои за тетовирање – 2097 парчиња KAMAGRAOralJelly (гел) 100 mg, откриени при контрола на српски автобус управуван од српски државјанин, пријавен за влез во државата на царинската испостава Блаце – отсек за патнички промет. Непријавените лекови, за кои е потребно…

повеќе...

Пронајден насад со марихуана

Денес по претходно обезбедена Наредба од надлежен судија, извршен е претрес во домот и помошни простории кај две лица од село Клуковец. При претресот пронајдено е и одземено едно огнено оружје- пиштол калибар 6,35мм за кое лицата немале одобрение за поседување. Во непосредна близина на објектот каде бил вршен претресот пронајден е насад од марихуана- вкупно 191 стебло со големина од еден до четири метри. Стеблата се откорнати и истите ќе бидат предадени за вештачење на Одделот за крим.техника при Министерството за внатрешни работи. Во врска со настанот, две лица…

повеќе...