Притворени прилепчанец и скопјанец кои продавале дрога во Охрид

Поради постоење основи на сомнение за сторени казнени дела „Неовластено производство и пуштање во промет на опојни дроги, психотропни супстанци и прекурсори“, СВР Охрид поднесе кривична пријава против Г.С.(30) од Прилеп и Ф.Ј.(21) од Скопје. Од страна на судија на претходна постапка на двајцата им е одредена мерка притвор од по 30 дена. Пријавениот Г.С. пред околу една недела набавил поголема количина опојна дрога таблети “Екстази “, опојна дрога “Амфетамин“ и “Хашиш“ по што ги препакувал во мали количини со цел продажба на лица нарко уживатели од подрачјето на Охрид,…

повеќе...

Пронајдена дрога во два одвоени случаи кај две лица од Охрид

СВР Охрид поднесе кривична пријава против А.М.(46) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање вопромет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“. На 4-ти април годинава, од страна на полициски службеници е извршен претрес во домот на пријавениот при што се пронајдени пет семки канабис и 0,4 грама мешавина на марихуана и тутун. СВР Охрид поднесе кривична пријава против М.Р.(21) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање вопромет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“. На…

повеќе...

Разбиена петчлена криминална група во рамки на акцијата „Мрежа“

На 23-ти овој месец по спроведена повеќемесечна истрага , Секторот за недозволена трговија со дрога при Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал реализираше случај на недозволена трговија со наркотична дрога, при што во моментот од слобода се лишени пет лица, македонски државјани сите членови на криминална група. Според досегашните документирани сознанија оваа криминална група подолг временски период наназад се занимавала со недозволена трговија и препродажба на кокаин низ улиците на Скопје. Имено кокаинот го препродавале како на дилери така и директно на наркозависници по цена од 60-70 евра…

повеќе...

Пронајдена дрога кај жител од струшко Велешта

Поради постоење основи на сомнение за сторени казнени дела „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги и прекурсори‘‘ и „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“, полициската станица од Струга поднесе кривична пријава против А.Б. (27) од струшкото село Велешта. На втори мај оваа година, при претрес во неговиот дом, криминалистичката полиција пронајде и одзеде неколку помали најлонски паковки со опојна дрога кокаин, семенски материјал од растението „Канабис сатива“ како и неколку куршуми од различен калибар. Во спална соба на првиот спрат од семејната куќа, пронајдена…

повеќе...

Кривична пријава против две лица за недозвoлена тргoвија со дрога

Министерството за Внатрешни работи – Секторот за Недозволена Трговија со Дрога во содејство со Царинската Управа на РМ по преземени мерки реализираа случај на недозовлена тргoвија со дрога при што запленети се 1 кг 300 гр хероин и од слобода се лишени две лица македонски државјани при што е пресечен меѓународен канал. На 15.07.2015 година околу 20,40 часот на ГП Табановце на излез од Р.Македонија по претхоно добиено сознание во автобус кој се обраќал на редовна автобуска линија Струга – Луцерн Швајцарија од страна на царински службеници од Царинската Управа…

повеќе...

Во печките на Југохром уништено запленето оружје и дрога

По повод Светскиот ден на борба против малото и лесно оружје, во погоните на Југохром во Јегуновце, денеска беше уништена поголема количина на оружје, одземено во постапки кои се веќе завршени со правосилна судска пресуда. Во присуство на Министерот за внатрешни работи и членовите на комисијата задолжена за ништење на оружјето кое се чуваше по институционалните депоа, во печките на Југохром завршија вкупно 593 парчиња разновидно оружје. Поконкретно, по видови, беа уништени 103 пушки, 397 пиштоли, 13 автоматски пушки, еден пушкомитралез, 58 парчиња ладно оружје и 21 цевка за пушка.…

повеќе...

Битолчанец ја продавал својата сопруга за 1.000 денари

СВР Битола поднесе кривична пријава против К.И.(33) од Битола, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „тешка телесна повреда“, „посредување во вршење проституција“ и „овозможување употреба на наркотични дроги“. На 4-ти јуни во семејниот дом во Битола, при расправија со неговата сопруга, пријавениот физички ја нападнал при што и нанел тешки телесни повреди. Исто така, во периодот од јануари до јуни 2015 година пријавениот за паричен надомест од 500-1000 денари посредувал во вршење на проституција на неговата сопруга, а воедно и овозможувал да користи наркотични дроги и психотропни супстанции.

повеќе...

Пронајдени садници марихуана во атарот на Мислешево

Насад со засадени седумнаесет садници марихуана, деновиве пронајде криминалистичката полиција од полициската станица во Струга. Посевите со марихуана, се засадени на помала земјоделска површина во атарот на струшкото село Мислешево на место со бујна вегетација во близина на реката Сатеска. Засега непознат сторител, од почетокот на годинава, на земјоделската површина ги засадил и одгледувал садниците со марихуана кои, по оперативен пат се лоцирани од страна на полициските инспектори. За пронајдениот насад со марихуана, запознат е јавниот обвинител од Основниот суд во Струга по што насадите се подигнати од местото и…

повеќе...

Откриени 15 кривични дела за недозволена трговија со дрога и оружје

СВР Скопје-Единицата за недозволена трговија, работејќи по добиени сознанија за недозволена трговија со дрога и оружје, во месец јуни оваа година, превземаше интензивни мерки и активности што резултираше со реализација на 12 кривични дела од областа на недозволена трговија со дрога и три кривични дела од областа на недозволена трговија со оружје. При реализацијата на кривичните дела се запленети 34 таблети екстази, 32 таблети ЛСД, 16,89 грама анфетамин, 9,4 грама наркотична дрога-хероин (спакуван во 31 паковка за улична продажба), 25 расади марихуана, 18,38 грама наркотична дрога -марихуана, 4,3 грама наркотична…

повеќе...

Во куќа во тетовско Шипковица пронајдени насади со канабис

Полициски службеници на СВР Тетово, ноќеска извршиле претрес во домот и помошен објект на 73-годишниот З.Р. во Шипковица. При претресот рализиран во консултација и координација со јавен обвинител, на балкон од соба на третиот кат во куќата, што ја користел неговиот 42-годишен син Х.Р, пронајдени се 150 пластични чаши од јогурт, наполнети со ситна земја, од кои во 5 имало изникнати непознати зелени растенија со височина од околу 3 сантиметри, како и пластична кутија со непознат растителен семенски материјал. Покрај ова, во помошен објект до куќата, пронајдени се 46 вреќи…

повеќе...