Египќаните му ја честитаат победата на проф д-р Ѓорге Иванов и на ВМРО-ДПМНЕ

Претставниците  на автохтоната етничка заедница Египќани во Р.Македонија, му ја честитаат убедливата  двојна победа на  политичкиот субјект ВМРО-ДПМНЕ. Во таа убедлива победа, свој скромен допринес имаат и Египќаните, кои уште од самиот почеток, застанаа на страната на кандидатот за Претседател од ВМРО-ДПМНЕ, проф. д-р Ѓорге Иванов, како и кандидатските листи на ВМРО-ДПМНЕ. Во едни мирни, фер, демократски избори, Египќаните како лојален етникум, изразуваат желба да му ја честитаат победата на ВМРО-ДПМНЕ, со положени надежи, дека ќе продолжат интеграциските процеси, и интегрирање на Египќаните во институциите на системот, нешто што сосема…

повеќе...

НВО коалицијата на Египќаните со апел – Египќаните масовно да излезат на избори

НВО Коалицијата на Египќаните во Македонија, апелира до припадниците на етничката заедница на Египќаните во Република Македонија, масовно да излезат на престојните ретседателски и предвремени парламентарни избори. „Избирачкото право, спага во корпусот на основните човекови права и слободи, и секој  граганин  на Р.Македонија, кој има право на глас, согласно  позитивните прописи, треба да го искористи. Особено ова право, има голема тежина кај припадниците  на помалите  етникуми,  како што се припадниците  на етничката заедница Египќќани во Р.Македонија, бидејки на тој начин, ке ја демонстрираат својата лојалност кон  државата, чии државјани и…

повеќе...

Колумна: Египќаните конечно спомнати како посебен етникум, благодарни на премиерот

 Драги мои, вчерашниот централен митинг на владеачката  ВМРО ДПМНЕ, во Охрид, каде што беше преставен  кандидатот за претседател на владеачката коалиција, не само што беше необичен, величествен, масовен и полн со позитивна енергија,  туку истиот беше  на свој автентичен  начин, настан во кој се …пишуваше  историјата  на етничката заедница на Египќаните во Р. Македонија. Вчера, во преполниот Охрид, како никогаш досега, беа присутни Египќани, првенствено од Охрид, каде се втори по бројност, веднаш зад доминантниот Македонски народ, но и од Ресен, Струга, Битола, Дебар, Кичево од цела Македонија. Вчера, на…

повеќе...

Колумна: Египќаните во Македонија, со надежи во Иванов и Бакрачески

Драги мои, денес  над 30.000 Египќани, припадници на еден автохотон, автентичен и посебен етникум, се чувствуваат „уморни“, од децениското трпеливо, но и културно/ манифестирана/ лојалност, кон институциите на системот.  Тој дискурс, на такво однесување, на припадниците на етничката заедница на Египќаните во Р.Македонија, во една парламентарна демократија и едно мултиетничко, мултиконфенсиално, мултикултурно општество, во краен случај вреди да се поздрави, но за жал, токму таквото етичко етаблирање на Египќаните не вроди со плод за адекватна, праведна и соодветна застапеност, на припадниците на етничката заедница на Египќаните, во институциите  на системот.…

повеќе...

Одржано годишното собрание на Здружението на Египќаните во Република Македонија „Пирамида ЗЕМ“

Управниот одбор на Здружението на Египќаните „Пирамида ЗЕМ“, денес во големата сала на Општина Охрид го одржа своето редовно изборно годишно собрание. На собранието присуствуваа Египќани од Охрид, претставници од другите етнички Здруженија, како и претставници од Локалната самоуправа. Собранието избра ново раководство. За претседател беше избран Арбен Демироски – Бено, потпретседател Дејвид Фазлиоски, секретар Кујтим Ибраими, портпарол Јасмина Џаку, благајник Насер Ибраим, советодавец Нијази Таип. Избрани беа и тројца членови Беким Селим, Елвис Али и Аки Рамадан. Пред присутните се обрати и заменик-градоначалникот Ангел Јанев, советникот Кујтим Усеини кој…

повеќе...

Колумна: ВМРО-ДПМНЕ е природен сојузник на Египќаните во Македонија

 Драги мои, ако се потрудиме да направиме една ретроспектива на политичката активност на припадниците на еден автохтон и автентичен етникум, како што се над 30.000 Египќани во Р.Македонија, слободно можеме да констатираме дека Египќаните во Македонија, во континуитет ја имале поддршката од страна на политичкиот субјект ВМРО-ДПМНЕ, со десничарска политичка ориентација. Таквата искрена, коректна и пред се и над се пријателска компонента, во односите помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и припадниците на етничката заедница на Египќаните во Македонија, започна уште во 1997 година, кога се интензивира со доаѓање на власт на ВМРО-ДПМНЕ во…

повеќе...

Египќаните задоволни од вниманието на претседателот на државата Иванов

Демир Далип како овластен претставник на Египќаните за надворешна соработка, оствари неформална средба со претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов. Далип изрази задоволство од реализираната средба. „Задоволни  сме, од реализираната неформална средба со претседателот, проф. д-р Ѓорге Иванов, која патем беше и наша  втора средба. Да напоменам првата беше реализирана во март 2011 година. Задоволни сме, од обавениот разговор и дадената подршка. Констатиравме дека Генералниот Секретаријат е надлежен за спроведување на Охридскиот Рамковен Договор, и тука во иднина, ќе ги бараме правата. Над 30.000 Египќани, имаат природно право да бидат…

повеќе...

Колумна: Парадокс на вистината

 Драги мои, сите ние, како човечки битиа, денес живееме во време, кое изобилува со една максимална динамичност, време кое изобилува со многу парадокси, нелогичности, како да се спуштила завесата на маглата, од која не може да се ѕирне во битието на вистина, живееме во време, според Хегеловата претпоставка „Секој против Секого“ кога добрите, позитивни  работи, кои предизвикуваат насмевка, доза среќа и радост на граѓанството, но и на поширокиот опиниум, било тоа да е лоциран во домашените туристи  или оние  странските, кои по подолг временски интервал, и со многу труд и…

повеќе...

Колумна: 2014 – година да се биде или не за Египќаните во Македонија

 Драги мои, сите ние, како човечки битиа, ги броиме последните денови на годината, која полека, но сигурно, не отпоздравува и се разделува со сите нас, притоа ни го приредува последниот танц со неа, за некои  проследен како „танцот со ѕвездите“, а за некои како последен танц со темнината.  Традиционално, при крајот на секоја година, сите ние, резимираме што сме направиле, дали и до кое ниво сме ги реализирале поставените цели и приоритети, дали сме во насока на позитивно остварување, или пак се движиме  во надолна линија или пак тапкаме на…

повеќе...

Колумна: Охридскиот Рамковен ​Договор како „да не важи“ за Египќаните во Македонија​

 Драги мои, после 12 години, изминати од потпишувањето на Охридскиот Рамковен Договор, за жал, денес слободно можеме да констатираме дека истиот не даде никакви интегрирачки елементи за етничката заедница на Египќаните во Република Македонија. Секоја анализа во процесот на спроведување на Охридскиот Рамковен Договор ќе ве доведе до ноторниот факт дека ниту еден деклариран Еѓипканец, не е вработен во институциите на системот, а недај боже, да помислиме да биде унапреден во својата професионална кариера. Дискурсот на прашања, кои се поставуваат во таа насока, имаат и тоа како комлексен карактер, имајќи…

повеќе...