Сите политички сили да се фокусираат на евроинтеграциите и тие да не им бидат заложник на нивниот политички натпревар зашто тоа е на штета на граѓаните и на Македонија, порача еврокомесарот за проширување Штефан Филе на заедничката прес-конференција со премиерот Никола Груевски по завршувањето на четвртата сесија од пристапниот дијалог на високо ниво меѓу македонската Влада и Европската комисија. Филе посочи оти по политичката криза можеме да се фокусираме на Пристапниот дијалог. „Завршена е значајна работа и постигнат е напредок по важни прашања, но се согласивме дека уште треба да…
повеќе...Tag: еу
Груевски: Имаме солидни резултати и аргументи за позитивен извештај
Премиерот Груевски рече дека Македонија има многу солидни резултати и аргументи за позитивен извештај и позитивна одлука на јунскиот Самит и покрај политичките притисоци со кои се соочува. Тој ги набележа добрите резултати во петте клучни области од Пристапниот дијалог на високо ниво, а ја истакна и посветеноста на Владата за унапредување на добрососедските односи. За меѓусебната соработка со Бугарија рече дека биле презентирани бројните иницијативи преземени од македонска страна. Во однос на Грција, пак, додаде дека иако билатералната политичка комуникација не е на посакуваното ниво, Македонија продолжува со позитивен…
повеќе...Одржани втори експертски консултации за прашања од ЕУ на ниво на надлежни директори за ЕУ помеѓу Македонија и Грција
На 5 април 2013 година во Скопје се одржаа вторите консултации за прашања поврзани со евроинтегративниот процес меѓу делегации на Министерствата за надворешни работи на Република Македонија и на Република Грција. Овие консултации претставуваат продолжение на претходно одржаниот ваков состанок помеѓу претставници на двете институции во Атина на 7 јуни 2012 година. Македонската делегација ја повтори стратешката определба за натамошно унапредување на добрососедските односи со Република Грција, потврдена и преку доставените иницијативи за зајакнување на меѓусебната соработка во повеќе области, како и за интензивирање на билатералниот политички дијалог и контакти…
повеќе...Бесими–Лалакос: Евроинтеграциите важен процес
Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања Фатмир Бесими денеска се сретна со амбасадорот на Република Грција во Скопје, Харис Лалакос. Целта на состанокот, соопшти Секретаријатот за европски прашања, беше да се разменат мислења и да се даде осврт на преземените мерки и активности од страна на Владата на Република Македонија во евроинтегративниот процес, како и во делот на унапредување на добрососедските односи. Вицепремиерот Бесими и амбасадорот Лалакос на средбата ја истакнале важноста за напредокот на Република Македонија во евроинтегративниот процес и со цел понатамошно унапредување на овој процес…
повеќе...Евроатланските интеграции важни за развојот на македонската економија
Интегрирањето на Република Македонија во светската економија е неопходно за економскиот просперитет на државата. Со зачленувањето на Македонија во НАТО и ЕУ ќе се зголеми обемот на домашното производство, извозот, вработеноста и странските инвестиции. Ова беше нагласено на денешната конференција за влијанието на евроатланските интеграции врз економијата во Македонија, што ја организираше Евроатланскиот совет во соработка со Факултетот за безбедност и Стопанската комора на Македонија. Според министерот за економија Ваљон Сарачини, влијанието на евроатланските интеграции врз економијата во Македонија е повеќеслојно бидејќи зачленувањето во ЕУ и НАТО ќе води кон…
повеќе...Бесими – Бенце: Соработка и поддршка за процесот на пристапување на Македонија во ЕУ
Заменик претседателот на Владата на Република Македонија задолжен за европски прашања Фатмир Бесими се сретна со aмбасадорот на Република Унгарија Јожев Бенце. На средбата, вицепремиерот Бесими и амбасадорот Бенце ја истакнале успешната билатерална соработка, потврдени од серијата посети на високи претставници од двете земји во изминатиот период. Амбасадорот Бенце ја потврди заложбата на Унгарија за целосна поддршка на европската интеграција на Република Македонија. „Во тој контекст,соработката на политичко ниво треба да биде проследена со блиска соработка помеѓу државните институции од двете земји преку пренос на искуства во различни области во…
повеќе...Измените во ИПАРД за поголема искористеност на ЕУ средствата
Пари за купување најсовремена механизација, за изградба, не само за реновирање пластеници и оранжерии, за обнова на млекарници, фарми, преработувачки капацитети во месната индустрија, како и за изградба, не само за реновирање објекти за рурален туризам, се дел од измените на ИПАРД програмата. Нивната имплементација ќе стартува со следниот јавен повик што треба да биде објавен во јуни годинава. Како што соопшти денеска заменик министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Зоран Коњановски, намалена е границата за аплицирање што овозможува ИПАРД барања да поднесуваат и поситните земјоделци, но зголемена е и…
повеќе...Бесими – Брет: Фер и демократски избори значајни за евроинтеграциите
Одржувањето фер, мирни и транспарентни локални избори, како и водењето демократска изборна кампања, се приоритет за Македонија, се согласиле на денешната средба вицепремиерот за европски прашања Фатмир Бесими и амбасадорот на Мисијата на ОБСЕ во Скопје Ралф Брет. Целта на состанокот била да се разменат мислења и да се укаже на мерките што ги презема Владата за одржување фер и демократски избори. Со оглед дека коментарите на ОБСЕ/ОДИХР ќе бидат рефлектирани во Пролетниот извештај на Европската комисија за Македонија, Бесими истакнал дека Владата презема дополнителни мерки и активности за добивање…
повеќе...Со средства од ЕУ поефикасен систем за идентификација на земјишни парцели
Со 730 илјади евра, средства од Инструментот за претпристапна помош (ИПА) на Европската унија, ќе се надоградува системот за идентификација на земјишни парцели. Со него ќе и се помогне на државата поефикасно да ја спроведува програмата за финансиска поддршка во земјоделството, директните плаќања, како и програмите за рурален развој, а од друга страна земјоделците ќе добијат поедноставен и посигурен процес на аплицирање за субвенции. Според министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски, со системот за идентификација на земјишни парцели ќе се ограничи можноста за неправилно внесување на податоците при…
повеќе...Средба на вицепремиерот Бесими со германскиот амбасадор Штајнакер
Активностите поврзани со процесот на евроинтеграција кои се преземаат во Република Македонија, особено во делот на Пристапниот дијалог на високо ниво (ПДВН) беа тема на вчерашната средба на заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања Фатмир Бесими со амбасадорот на Германија во Република Македонија Гудрун Штајнакер. За време на средбата Бесими посебно се осврна на имплементацијата на активностите во делот на клучните приоритети опфатени со ПДВН. Соговорниците разговараа за соработката меѓу двете земји при што заменик претседателот на Владата Бесими истакна дека соработката и билатералната поддршка преку развојните програми…
повеќе...