Министерот за надворешни работи Никола Попоски вчера оствари средба со амбасадорот Аиво Орав, шеф на Делегацијата на Европската унија во Скопје. На средбата било разговарано за актуелните прашања во односите меѓу Република Македонија и Европската унија, со посебен осврт кон Пролетниот извештај на Европската комисија и следниот состанок на Пристапниот дијалог на високо ниво. Министерот Попоски го запознал соговорникот со тековните активности на Владата за остварување на Акцискиот план за почеток на преговорите меѓу Република Македонија и Европската унија. Посебен акцент бил ставен на активностите кои Република Македонија ги презема…
повеќе...Tag: еу
Премиерот Груевски се сретна со еврокомесарот Филе
Претседателот на Владата на Република Македонија, г-дин Никола Груевски, денеска (петок, 01.03.2013 година) оствари средба со Комесарот за проширување на Европската Унија, г-дин Штефан Филе. На средбата беа реафирмирани посветеноста и заедничките интереси за надминување на предизвиците согласно принципите и јавно искажаните ставови. Беше истакната заложбата за реализација на европската интеграција на Република Македонија. Се изрази благодарност и задоволство од ангажманот и поддршката на Европската Комисија за нашата европска агенда.
повеќе...Средба на Бесими со амбасадорите на земјите членки на ЕУ во Македонија
Вицепремиерот задолжен за европски прашања Фатмир Бесими денеска присуствуваше на средбата со амбасадорите на земјите членки на Европската унија во Република Македонија. На средбата, како што соопшти кабинетот на Бесими, било разговарано за напредокот во евроинтеграциите и за актуелната политичка состојба во земјава. Соговорниците се осврнале на активностите кои ги презема Владата во насока на спроведување на реформите и исполнување на критериумите за членство во Европската унија. Според соопштението, вицепремиерот Бесими ја истакнал подготвеноста за натамошно продолжување на Дијалогот на високо ниво, како и сите други проекти кои го поддржуваат…
повеќе...Учество на Попоски на 22-та сесија на Советот за човекови права на Обединетите нации
Министерот за надворешни работи на Република Македонија, Никола Попоски во рамки на учеството на 22-та сесија на Советот за човекови права на Обединетите нации, која почнувајќи од денес ќе трае сè до 22 март оваа година во Женева, оствари средби со високи претставници на ОН и неколку билатерални средби. На средбата со Високиот комесар за човекови права Нави Пилај, Министерот Попоски информираше за главните преземања на Република Македонија во доменот на човековите права. Изрази силна поддршка за активностите на ВКЧП Пилај, како и за нејзината улога во промоцијата на човековите…
повеќе...Напредокот во евроинтеграцијата клучен приоритет за Македонија
Европската комисија го поддржува интегрирањето на Република Македонија во Унијата, но важно е да се даде динамика на реформскиот процес, му порача евроамбасадорот Аиво Орав на новиот вицепремиер за европски прашања Фатмир Бесими. На денешната средба двајцата соговорници го потенцирале фактот дека декемвриските заклучоци на Советот се солидна можност за забрзување на реформите. Вицепремиерот Бесими нагласил дека фокусот на Владата ќе биде насочен кон приоритетните области во исполнување на обврските преземени во рамки на Пристапниот дијалог и извештајот за добрососедските односи. Потенцирано е значењето во овој период да се покаже…
повеќе...Груевски до Филе: Ние држиме до зборот и до јавно искажаните принципи, продолжуваме со реформите
Портпаролот на Владата на Република Македонија, Александар Ѓорѓиев потврди дека Владата го добила писмото од еврокомесарот Филе и дека веќе премиерот Груевски испратил одговор на писмото. „Во одговорот премиерот Груевски изрази благодарност за континуирана поддршка која еврокомесарот Филе ја дава на Република Македонија и на реформскиот процес на кој сите ние заеднички работиме, и за заедничкиот напор кој што во изминатите неколку години ја повлече напред нашата земја создавајќи прогрес кој ја отвори можноста понудена од Европскиот Совет на декемвриски самит во 2012 година. Премиерот Груевски изрази и жалење за…
повеќе...Груевски се сретна со европарламентарците
Претседателот на Владата на Република Македонија, г-дин Никола Груевски, синоќа (вторник, 12 февруари 2013 година) оствари средба со пратениците од Европскиот парламент г-дин Јержи Бузек, поранешен претседател на Европскиот парламент и поранешен премиер на Република Полска, г-дин Туне Келам, поранешен претседател на Парламентот на Република Естонија, г-дин Мирослав Миколашик од Република Словачка и г-дин Ласло Токес, од Република Романија, поранешен потпретседател на Европскиот парламент. На средбата се дискутираше за реформите и модернизацијата кои се спроведуваат во нашата земја, актуелните политички и економски состојби и за европските интеграции на Република Македонија.…
повеќе...Средба на Попоски со група членови на Европскиот парламент
Министерот за надворешни работи Никола Попоски, денеска оствари средба со група членови на Европскиот парламент, кои на негова покана се во посета на Република Македонија. Делегацијата реномирани европратеници-поддржувачи на европскиот интегративен процес на Македонија ја сочинуваат: претходниот претседател на Европскиот парламент Јержи Бузек (ЕПП, Полска), Туне Келам (ЕПП, Естонија), Мирослав Миколашик (ЕПП, Словачка) и Ласло Токес (ЕПП, Романија). Министерот Попоски изрази задоволство од високото ниво на соработка меѓу Република Македонија и Европскиот парламент, како и за континуираната силна поддршка за евроинтегративниот процес на Македонија. Во фокусот на разговорите беше Нацрт-резолуцијата…
повеќе...Средба на министерот Попоски со амбасадорите на земјите-членки на ЕУ и НАТО во Македонија
„Република Македонија има стратешки интерес за градење на одлични односи со сите соседи” Министерот за надворешни работи Никола Попоски утрово (7 февруари 2013) одржа средба со амбасадорите на земјите – членки на Европската унија и НАТО во Република Македонија. Состанокот беше во рамките на праксата на одржување работни средби со амбасадорите со цел размена на мислења за актуелни прашања од евроинтеграцијата на Македонија. На денешната средба, министерот Попоски ги презентираше чекорите кои ги презема Владата во светлина на заклучоците од декемврискиот Самит. Министерот потенцираше дека фокусот на Владата е насочен…
повеќе...