Инфо ден за програмата Креативна Европа – потпрограма Култура

Претставување на критериумите за учество во овие значајни категории на програмата ,,Креативна Европа’’ … Во соработка со Канцеларијата за Креативна Европа – потпрограма Култура на Р Франција и Францускиот институт во Скопје, Министерството за култура на 28 април 2015 година во Скопје во Порта Македонија организира Инфо ден за програмата Креативна Европа – потпрограма Култура ( Категории: Мрежи и Платформи). Гостин на настанот ќе биде, г-дин Паскал Брунет, Директор на Канцеларијата за европски културни врски (Relais Culture Europe) од Париз, која меѓудругото е одговорна за спроведување на програмата Креативна Европа…

повеќе...

Александар Николоски претседаваше со пролетната сесија на ПС на Советот на Европа

„Имам чест на мојот македонски јазик да ви посакам успешна работа“, на овој начин Александар Николоски го започна претседавањето на пролетната сесија на ПС на Совет на Европа, најстарото и најголемо парламентарнпо собрание во Европа со 318 пратеници од 47 земји. Иако официјални јазици за претседавање се англиски и француски Николоски ја искористи можноста на македонски да ги поздрави пратениците. Во јануари 2015 година, Шефот на Делегацијата на Собранието на Република Македонија, Александар Николоски беше избран за еден од потпретседателите на Парламентарното собрание за 2015 и 2016 година. Во текот…

повеќе...

Средношколци од „Јахја Кемал“ ги посетија Будимпешта и Виена

Будимпешта и Виена се градовите што средношколците од Колеџот „Јахја Кемал“  во месец март имаа можност да ги посетат на успешно реализираната традиционална ученичка екскурзија. Учениците од тридневната екскурзија се вратија задоволни и среќни со впечатоци од посетата на европските градови. WebOhrid

повеќе...

Европски искуства од програмата Еразмус плус за ранливите категории на граѓани

Заменик градоначалникот на општина Охрид, Ангел Јанев, денес во општина Охрид прими дел од учесниците на семинарот „Пристап до сите“ од програмата Еразмус плус на Европската Унија. На семинарот учествуваат студенти од Македонија, Босна и Херцеговина, Албанија и Хрватска, кои низ работилници на повеќе теми, размената на искуства и примена на европските стандарди, бараат начини за поголема општествена инклузивност на граѓаните со инвалидитет. Општина Охрид, како што истакна Јанев, во рамките на своите законски надлежности и во своите развојни програми, посветува особено внимание на оваа група на граѓани, за нивна…

повеќе...

До пет нови дестинации во Европа за 20 до 30 евра

По цена од 1.799 денари (30 евра) од 30 јуни годинава нискобуџетната авиокомпанија „Визер“ ќе лета од Скопје до Барселона секој вторник и сабота. По таа цена македонските граѓани од 29 јуни ќе може да патуваат и од Скопје за Осло. Покрај тие две дестинации, согласно договорот на македонската Влада за субвенционирање нискобуџетни летови, „Визер“ воведува дестинации од аеродромот „Александар Велики“ до Хамбург и до Нирнберг секоја среда и недела од 1 јули годинава по цена од 1.499, односно 1.199 денари. За Фридрихсхафен, исто така од крајот на јуни „Визер“…

повеќе...

Шеста препорака за Македонија за почеток на преговорите за членство во ЕУ

Еврокомесарот за проширување на Европската унија, г. Штефан Филе, го објави годишниот Извештај за напредокот на Република Македонија, во кој Европската комисија по шести пат во низа дава препорака нашата земја да ги започне преговорите за членство во Европската унија. Во Извештајот се даваат позитивни и негативни забелешки за сработеното во спроведувањето на реформите во клучните области. Од суштинско значење останува одржувањето добрососедски односи, компромисно и меѓусебно прифатливо решение за името, под покровителство на Обединетите нации. Еврокомисијата преку Пристапниот дијалог на високо ниво останува посветена на евроинтегративниот процес на нашата…

повеќе...

Премиерот Груевски се сретна со делегација на Парламентарното собрание на Советот на Европа

Претседателот на Владата на Република Македонија, Никола Груевски, оствари средба со делегација на Парламентарното собрание на Советот на Европа составена од  Стефан Шенах и  Роберт Валтер. На средбата позитивно беа оценети досегашните заложби за исполнување на критериумите за членство во Европската Унија, како и соработката која се остварува со Парламентарното собрание на Советот на Европа во насока на реализацијата на зацртаните цели. Соговорниците се осврнаа на повеќе актуелни теми и прашања кои се во насока на подобрување на стандардите, градење на доверба и унапредување на интегративните процеси. Беше разговарано за…

повеќе...

Одбележан Денот на Европа

На малиот плоштад со богата културно-уметничка програма, приредена од учениците од општинските училишта се одбележа Денот на Европа. На денешен ден, пред 64 години, Роберт Шуман ја презентираше декларацијата, која се смета за темел на денешната Европска унија. На почетокот, во заедницата беа Белгија, Франција, Германија, Италија, Луксембург и Холандија, за да сега, по бројни процеси на трансформирање и проширување во Европската унија членуваат 27 земји. „Древниот Охрид е вистинското место од каде можеме уште еднаш  да ги упатиме пораките за  чување на  цивилизациските вредности како темел за развој на…

повеќе...

Македонија со бројни манифестации ќе ги одбележи Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа

Со голем број настани во Република Македонија утре достоинствено ќе биде одбележан 9 Мај – Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа. Државните институции, претседателот на Републиката и Владата, невладините организации ќе организираат поголем број манифестации по повод одбележување на овие два големи настани. „Република Македонија ги почитува, уважува и вреднува овие два големи настани – Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа. Тие почиваат на вредности во кои веруваат и за кои работат граѓаните на Република Македонија, вредностите на слобода, напредок и хуманост, и на…

повеќе...

ЕК: Македонија со трет најголем раст на БДП во Европа

Република Македонија минатата година имала трет најголем раст на Бруто-домашниот производ (БДП) во цела Европа, а годинава се предвидува дека ќе биде четврта според проектираниот раст на целиот европски континент, се вели во денешната пролетна економска прогноза на Европската комисија. Македонија имала раст на БДП од 3,1 проценти, што е помалку на „стариот континент“ само од Романија (3,5%) и Литванија (3,3%), додека целата Европска унија имала раст од само 0,1 процент, Еврозоната била во рецесија (-0,4%), САД во суфицит од 1,9 отсто, а Јапонија со раст од 1,5 отсто на…

повеќе...