Работнички оди понатаму, Ренова и Шкендија се збогуваа од Лигата на Европа

Дачија успеа да докаже дека е подобар тим од Ренова. На првиот натпревар во Скопје, Дачија успеа да „украде“ минимална победа од 0:1 и пласманот за следното коло да го осигура на домашен терен во Молдавија. А денес, на свој терен Дачија ја надигра Ренова и со 4:1 (вкупно 5:1) обезбеди пласман во следната рунда од Лигата на Европа. Работнички одигра 2:0 против Флора во Скопје и со вкупен резултат од 2:1 успеа да оди во второто квалификационо коло од Лигата на Европа. Иако Флора забележа минимална победа од 1:0…

повеќе...

Минимален пораз на Работнички во Естонија, Шкендија 1:1 против Аберден

Работнички претрпе минимален пораз во Естонија од тимот на Флора во рамките од квалификациите за Лигата на Европа. Флора дојде во водство во 59 минута со голот на Гусев и успеа да го сочува резултатот до самиот крај. Повратниот дуел е за седум дена, односно на 9 јули на Националната арена „Филип Втори“ во Скопје. Шкендија успеа да одигра 1:1 против шкотскиот Аберден. Иако гостите се фаворити, Шкендија храбро го започна овој дуел. Битката се водеше рамо до рамо, а шанси имаше на обете страни. Натпреварот се разжешти во последните минути.…

повеќе...

Европскиот Суперкуп 2017 ќе се игра на „Филип Втори“

Фудбалската федерација на Македонија ја доби довербата од УЕФА за организација на ексклузивниот дуел меѓу победниците на Лигата на Шампионите и Лигата на Европа за сезоната 2016/17 година. Одлуката ја донесе Извршниот комитет на Европската фудбалска унија на состанок во Прага, а на прес конференција ја соопшти Џани Инфантино, Генерален секретар на УЕФА. Скопје во август 2017 година ќе биде домаќин на двете најдобри екипи на европска почва што претставува огромно признание за македонскиот фудбал и Фудбалската федерација на Македонија кои добиваат историска организација на врвен европски фудбалски настан. УЕФА…

повеќе...

Македонските тимови ги добија противниците за натпреварите во Европа

Денес во Нион беа извлечени двојките од првото коло од квалификациите за Лигата на шампиони и за Лигата Европа. Македонскиот фудбалски шампион Вардар оди директно во втора рунда од квалификациите за Лигата на шампиони каде го доби кипарскиот шампион АПОЕЛ. Првиот натпревар ќе се игра во Кипар на 14 јули, додека пак повратниот дуел во Скопје ќе се игра на 21 јули. Во првото коло од квалификациите за Лигата Европа, Ренова ќе игра против Дачија од Молдавија, Шкендија против Аберден од Шкотска, додека пак Работнички ќе игра против Флора Талин…

повеќе...

Македонија прва по новоотворени работни места во Европа

Македонија е на прво место со раст од 223 проценти според бројот на новоотворени работни места по глава на жител во Европа, а втора е Словачка со раст од 128 проценти или речиси двојно помалку. Ова го посочи премиерот Никола Груевски прашан за коментар за последниот извештај на Ernst & Young во кој се анализираат 43 земји во Европа, колкав раст имаат во бројот на новоотворени работни места по глава на жител во 2014 година споредено со 2013 година, по поставувањето камен-темелник на ТИРЗ во Делчево. „Раст од 223 проценти…

повеќе...

Охрид ќе учествува на Фестивалот на европските езера во Италија

Делегација на општина Охрид предводена од градоначалникот, Никола Бакрачески, ќе учествува на Шестото издание на Фестивалот на европските езера што од 29-ти мај до 2-ри  јуни се одржува во Исео, Италија како и на вториот глобален состанок на официјалните делегации од членките на Европската мрежа на езера што на 30-ти мај се одржува во овој италијански град. Антонио Балески од Секторот за туризам и локален економски развој на денешната средба со новинарите се осврна на годинешната програма на фестивалот. „Фестивалот на европските езера годинава ќе трае четири дена и во…

повеќе...

Свечена академија по повод Денот на Европа

Традиционално, беше доделено и признанието за европска личност на годината, кое годинава му беше врачено на македонскиот уметник Јован Балов … Во организација на Европското движење во Република Македонија, синоќа во Младинскиот културен центар се одржа свечена академија по повод 9 Мај – Денот на Европа. На свеченоста, на која присуствуваа видни личности, меѓу кои и амбасадорот на Европската Унија во Република Македонија, Аиво Орав, се обрати и државниот советник во Министерството за култура, Снежана Ристовска. Таа го истакна придонесот на Европското движење во Македонија кое, како една од првите…

повеќе...

Во Дебрца одбележани Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа

Во Дебрца одбележани Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа. Присутните ги поздрави градоначалникот на општина Дебрца, Игор Трајкоски. „Ми претставува особена чест и задоволство што можам заедно со Вас да го одбележам седум деценискиот јубилеј на Денот на победата над фашизмот, како и три деценискиот јубилеј на Денот на Европа. Деветти мај е еден од оние денови кои остануваат светилници не само во нашата историја,туку и во светската.Токму на овој ден 1945 г. во Берлин германскиот фелдмаршал Вилхелм Кајтел го потпиша официјалниот документ за крај на Втората…

повеќе...

ОУ „Григор Прличев“ се вклучи во одбележувањето на Денот на Европа

Покрај другите училишта во општина Охрид и ОУ „Григор Прличев“ се вклучи во одбележувањето на Денот на Европа. Училиштето ја претставуваше Хрватска, а вредните ученици покрај материјалите кои ги изработија се претставија со закуска во која можеа да уживаат посетителите. „Во прекрасна атмосфера и добра организација покрај настапот на нашите хористи и дел од оркестарот, учениците кои беа на штандот со насмевки го споделуваа наученото за оваа држава.“– велат од училиштето.

повеќе...

Одбележан Денот на Европа

Со изведба на македонската и европската химна, денес, на малиот плоштад кај старата Градска библиотека започна одбележувањето на Денот на Европа. Учениците од основите училишта од Охрид, преку уметничко изразување ги презентираа културите на земјите членки на ЕУ. Со тоа најмладите ја испратија пораката на ЕУ до граѓаните и ги запознаваа со приближувањето на земјата кон полноправно членство во евроатлантските структури. Претседателката на Советот на општина Охрид, во своето поздравно обраќање во име на градоначалникот, Никола Бакрачески на присутните им го честита Денот на Европа и при тоа додаде дека…

повеќе...