Италијанската компанија Кондево во Штип, Гентерм и Акомпласт во Прилеп, Леар во Гостивар, ОДВ електрикс во Охрид и Струга, градат фабрики во моментов, а наскоро и Ван Хол ќе започне со изградба на својата втора фабрика. Индустриски бум со новите инвестиции над 5.000 нови работни места Со овие инвестиции ќе се отворат над пет илјади нови работни места во Македонија. Дополнително, американската автомобилска компанија КСС која ја заврши изградбата на фабриката во Кичево, веќе од наредниот месец треба да почне со производство, а во неа ќе се вработат 1.000 лица.…
повеќе...Tag: фабрика
Нова браунд филд инвестиција, фабрика за чипс во битолско Кравари
Претседателот на Владата на Република Македонија Никола Груевски денеска во битолското село Кравари ја пушти во работа новоотворената фабрика за производство на чипс, браунд филд инвестиција на Горданчо Мирчевски наш иселеник кој се врати од Австралија. „Инвестицијата на нашиот сограѓанин Горданчо Мирчевски во родниот крај е типичен пример за голем број Македонци кои ниту далечината, ниту времето, ниту пак стандардите на високо развиените земји не ги одделија од својата татковина. Македонија во своето поблиско и подалечно минато беше изложена на голем одлив на население. Многумина заминаа, но никогаш не заборавија…
повеќе...Хајтек прва домашна компанија која инвестира во ТИРЗ
Македонската компанија Хајтек е прва домашна фирма која ќе инвестира во отворање фабрика во Технолошко индустриските развојни зони. Инвестицијата ќе изнесува над 20 милиони евра, а ќе овозможи вработување на вкупно 300 лица од кои 100 во првата година, информира сопственикот на компанијата Саво Станковиќ на прес конференција во Владата по средбата со премиерот Никола Груевски. Тој оцени дека станува збор за втор по значење историски настан во 36-годишното постоење на компанијата, бидејќи, вели, дава можност за натпревар на европско ниво во сопствената земја без какви било ограничувања. „Досега работевме…
повеќе...Монтанте груп во јануари ќе почне да гради фабрика во Бунарџик
Во јануари идната година ќе почне изградбата на фабриката на италијанската Мотанте груп во ТИРЗ Скопје 1 – Бунарџик, првична инвестиција во вредност од 10 милиони евра. Се очекува објектите да бидат готови до крајот на мај или јуни наредната година по што ќе почне монтажата на опремата и обуката на лицата што ќе бидат вработени. Ова е потврдено со договорот за реализација на инвестицијата што во Владата на Република Македонија го потпишаа Клаудија Нидро од Монтанте груп и директорот на Дирекцијата за ТИРЗ Виктор Мизо. Фабриката ќе се гради…
повеќе...Почнува реализацијата на 50 милионската инвестиција на „Костал“
Германската компанија „Костал“ официјално почна со реализација на најавената инвестиција во Македонија во вредност од 50 милиони евра, а која треба да отвори илјада работни места. Стартуваат во постоечки објект како браунфилд инвестиција, а од почетокот на наредната година ќе почне и изградбата на нивната нова фабрика. Договорот за реализација на инвестицијата на „Костел“ денеска во Владата го потпишаа директорот на Дирекцијата на ТИРЗ Виктор Мизо и извршниот потпретседател на „Костал“ Кристофер Сандерс. Фабриката на „Костал“ ќе биде лоцирана во ТИРЗ Струга/Охрид каде што ќе произведува електронски компоненти за автомобилската…
повеќе...Џонсон Контролс отвора нова фабрика во Струмица
По успешноста на фабриката во Штип, Џонсон Контролс отвора нов капацитет во Струмица. Станува збор за инвестиција вредна 20 милиони долари која ќе отвори 1.500 нови работни места. Како што соопштија денеска директорот во „Џонсон Контролс“, Вили Ван Лои и директорот на Дирекцијата за Технолошко индустриски развојни зони Виктор Мизо по средбата со премиерот Никола Груевски, инвестицијата ќе стартува како браунфилд, во постоечка зграда, а потоа ќе прерасне во гринфилд. „Се соочувавме со капацитетски предизвици во Европа поради што направивме опсежни анализи и заклучивме дека треба да инвестираме тука“, рече…
повеќе...Започна израдбата на фабриката на „ОДВ ЕЛЕКТРИК“
„Упатувам благодарност до градоначалникот на Охрид Никола Бакрачески кој континуирано лобираше и не потсетуваше токму тука да се донеси некој инвеститор кој ќе инвестира и ќе отвори нови работни места“– истакна во своето обраќање , премиерот Никола Груевски по повод почетокот на изградбата на фабриката од германската компанија „ОДВ- Електрик“ во Технолошко – индустриската развојна зона во Струга. На свечениот чин покрај Премиерот Груевски присуствуваа и Вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески, директорот на Дирекцијата за ТИРЗ Виктор Мизо, директорот на „ОДВ Електрик“ Лудвиг Батон и германската амбасадорка Кристине…
повеќе...Отворена фабриката на германската „Техникал Текстајлс“ во ТИРЗ Штип
Во штипската ТИРЗ денеска е отворена новата фабрика на германската компанија „Техникал Текстајлс“ чија инвестиција чини околу 15 милиони евра, а во неа ќе се произведуваат повеќе компоненти на фиберглас кој има широка примена во градежната, авионската и автомобилската индустрија. Премиерот Никола Груевски, директорот на Дирекцијата на ТИРЗ Виктор Мизо и сопственикот на „Техникал Текстајлс“ Јинс Вандланд денеска свечено ја отворија фабриката во која веќе работат сто луѓе. Премиерот Груевски истакна дека во наредниот период во оваа фабрика се очекува да се отворат уште илјада нови работи места, што ќе…
повеќе...„OДВ Електрик“ отвора фабрика во охридско-струшкиот регион со 1.000 вработувања
Германската компанија од автомобилската индустрија „ОДВ Електрик“ за две недели ќе почне со изградба на фабрика во индустриската зона помеѓу Охрид и Струга каде најавува инвестиција од 15 милиони евра и отворање 1.000 нови работни места. Договорот за изградба на фабриката го потпишаа денеска во Скопје сопствениците на компанијата Кристијан Вајс и Андреа Мет и извршниот директор Лудвиг Батон со директорот на Дирекцијата за Технолошко индустриски развојни зони Виктор Мизо во присуство на премиерот Никола Груевски. „ОДВ Електрик“ по одлуката за инвестирање во Македонија во април лани на крајот на…
повеќе...Основци од „Св.Климент Охридски“ ја посетија охридската фабрика „Лихнида“
Деновиве учениците од шесто одделение при ОУ „Св. Климент Охридски“ – Охрид, во рамки на наставната програма по предметот Природни науки и техника, предводени од наставничката Нине Симоновска, ја посетија фабриката „Лихнида“ во Охрид. Учениците имаа можност да се запознаат со процесот на производство на пластични производи. „Голема благодарност до вработените во фабриката кои гостопримливо ги пречекаа и несебично ги прошетаа учениците низ целиот погон, запознавајќи ги со процесот на производство, суровините од кои се прават пластичните производи како и со целокупниот асортиман на производи кои се изработуваат во оваа наша…
повеќе...