Охриѓанецот Климент Махоски – најдобар студент на ФИНКИ

На прославата на третиот роденден на ФИНКИ – Факултет за информатички науки и компјутерско инженерство-Скопје, која се одржа на 31 март, беа доделени дипломите на сите дипломирани и магистрирани студенти од оваа година, како и беа доделени награди  на најдобрите студенти. Меѓу нив, охриѓанецот Климент Махоски беше прогласен за  првенец на генерацијата со просек 10,00 во сите години на студирање, како најдобар студент на ФИНКИ. Инаку ФИНКИ е основан во 2011 година, како продолжение на традицијата на Институтот за информатика при Природно математичкиот факултет и Институтот за компјутерска техника и информатика при Факултетот за електротехника…

повеќе...

ФИНКИ ќе добие своја зграда, досега запишани 3.000 студенти

Во текот на наредната година се очекува да почне изградба на зграда за потребите на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ), најави денеска министерот за образование и наука Спиро Ристовски. За локацијата има две предлог варијанти, но одлуката за тоа, како и за идејното решение, ќе биде соопштена дополнително. „Во најскоро време ќе почне изградбата на објект и ќе биде една од најсовремените и најнови згради, соодветно на потребите на факултетот и со сосема доволни просторни услови за да се задоволат потребите на огромниот број студенти, кои имаат…

повеќе...

Ристовски: Лабораториите на Ветеринарниот факултет водечки во регионот

Министерот за образование и наука Спиро Ристовски денеска ги посети лабораториите на институтите за храна, ветеринарство и биомедицина кои функционираат во рамки на Факултетот за ветеринарна медицина. Изразувајќи задоволство од начинот и квалитетот со кој се спроведуваат испитувањата, Ристовски напомена дека не случајно овие лаборатории и Ветеринарниот факултет се прогласени за регионален тренинг центар. „Во овие лаборатории се анализира квалитетот на храната од животинско потекло со користење 104 акредитирани методи и најсовремена опрема. Прогласени за регионален тренинг центар од страна на Меѓународната агенција за атомска енергија со седиште во Виена…

повеќе...

Златен медал за студент на УИНТ „Св. Апостол Павле“

Павел Тасков, студент на Универзитетот за информатички науки и технологии од Охрид освои златен медал на интернационалниот натпревар во роботика -Робомак. Пред сѐ, што претставува Робомак? Робомак е интернационален натпревар во роботика, програмирање и вештачка интелигенција. Тоа е натпревар насочен кон популаризирање на роботиката и новата технологија во роботиката, со цел за малку да ја оживее оваа сцена и да ги поврзе луѓето во ова поле. Во што се состоеше натпреварот, твојата задача и задачата на твојот тим? Целиот натпревар беше поделен во 5 категории, Сумо, Хуманоид, Right Target, Трка…

повеќе...

ФЕИТ доби два сертификата кои се потврда за квалитет на факултетот

Факултетот за електротехника и информациски технологии се здоби со стандард за квалитет ИСО 9001:2008 и акредитираше Инспекциско тело за електротехнички уреди, инсталации и опрема. Како што истакна деканот на ФЕИТ, проф. д-р Миле Станковски по средбата со министерот за образование и наука Спиро Ристовски, со овие сертификати факултетот ја потврдува ориентираноста кон континуирано унапредување на сопственото работење во областа на едукацијата, научно-истражувачката дејност и соработката со стопанството. „Сертификатот ИСО 9001 подразбира околу 30 процедури со кои што комплетно е опфатено работењето на факултетот. Со тоа ние очекуваме дека ќе го…

повеќе...

Универзитетот „Св.Апостол Павле“ и компанијата „Ведел ИТ“ потпишаа меморандум за соработка

Универзитетот за Информатички науки и технологии „Св. Апостол Павле“ од Охрид и компанијата „Ведел ИТ“ потпишаа меморандум за соработка. Оваа соработка се заснова на размена на искуства и знаења, поттикнување и продлабочување на образовна, практична, научна и техничка соработка во областа на информатичките науки и компјутерското инженерство. Примарната цел на овој меморандум  е да се официјализира  соработката помеѓу Универзитетот и „Ведел ИТ“ и да се овозможат услови за заедничка работа во стручни и научни проекти, имплементација на практикантска програма за студенти, презентација на практични искуства, како и унапредување на едукативните…

повеќе...

Универзитетот „Св.Апостол Павле“ ќе биде сместен во реконструираните објекти од касарната

За година или најдоцна за година и шест месеци, Државниот Универзитет „Св. Апостол Павле“ ќе биде преместен на  делот од просторот од охридската касарна што од Министерството за одбрана  беше предадено во сопственост на министерството за образование .  Првата фаза за реконструкција и санација на објектите од касарната во кои ќе биде сместен факултетот за информатички науки и технологии   започнуваат наредниве денови, најави министерот за Образование Спиро Ристовски, кој беше во еднодневна работна посета на Охрид и на терен согледуваше до каде се реализирани проектите кои во делот на…

повеќе...

Студенти од Св. Апостол Павле креираа мултифункционална бесплатна Android апликација

Студентите од „Свети Апостол Павле“ Универзитетот за информатички науки и технологии изработија мултифункционална Android апликација за паметни телефони и таблети, наменета за потребите на Техномаркет. Оваа апликација ќе им овозможи на потрошувачите лесен и едноставен пристап до сите услуги на најголемиот ланец на продавници за бела техника и апарати за домаќинство. Креаторите на победничката апликација беа наградени со Самсунг галакси таблети од Техномаркет. „Успех за сите студенти е кога своето теоретско знаење ќе го пренесат во изработка на практични проекти наменети за компании од различни индустрии. Изработката на Андроид апликација претставуваше…

повеќе...

Лабораторијата за тестирање мебел – пример за комерцијално работење

Лабораторијата за тестирање мебел, инсталирана пред четири години на Факултетот за дизајн и технологии на мебел и ентериер, е пример за комерцијално работење. Со услугите што им ги дава и наплаќа на производителите на мебел, за околу пет години се очекува да ги врати парите кои во неа ги вложи Владата преку проектот за набавка и опремување лаборатории на јавните високообразовни институции. Неа денеска ја посети министерот за образование и наука Спиро Ристовски, кој ги повика и другите факултети и институти сопственици на лаборатории да го забрзаат процесот на акредитација,…

повеќе...

Од 2014/2015 постдипломски студии на ФАМУ во Охрид

Од академската 2014/2015 година во Охрид ќе почнат постдипломски студии по филмско сценарио, според програмата на престижната Академија за филмска и телевизиска уметност-ФАМУ во Прага, кои ќе бидат дел од Универзитетот „Гоце Делчев“-Штип. Македонија е прва земја со која ФАМУ склучува ваков тип соработка. Идејата е од 2008 година, а почна да се конкретизира со неодамна потпишаниот меморандум со МОН за соработка за формирање мешовит тим. Во него, покрај други еминентни личности, ќе бидат актуелниот декан на Академијата  во Прага  Павел Јех и македонскиот режисер Иво Трајков, кој е професор…

повеќе...