Заврши „Баскерфест“ 2014

Со настапот на самба бендот „BARBAROSA“ , синоќа заврши „БАСКЕРФЕСТ“. Со овации, Охрид, го испрати уличниот фестивал. Трите плоштади, викендов, беа исполнети со ведри и насмеани лица кои уживаа во перформансите на артисти дојдени од целиот свет.  Охриѓани и туристите беа сведоци на еден несекојдневен перформанс и со овации го проследија секој перформанс.

повеќе...

Охриѓани и гостите кои се во Охрид ги почувствуваа позитивните вибрации на „Баскерфест“

Караванот за кого велат дека носи среќа, синоќа пристигна во Охрид. Со неколку часовен настап на  магионичарите, пантомимичарите, претстави во живо, улични танчари започна „БАСКЕРФЕСТ“ 2014.  Ширењето на позитивната енергија на „БАСКЕРФЕСТ“ продолжува и вечерва со почеток во 20.00 часот.

повеќе...

Викендов во Охрид ќе гостува најпознатиот и најпосетуваниот уличен фестивал „Баскерфест“

За првпат оваа година во Охрид утре, 28-ми и на 29-ти јуни ќе гостува најпознатиот и најпосетуваниот уличен фестивал во регионот „Баскерфест“. На Градскиот плоштад, малиот плоштад, плоштадот кај чинарот и низ охридската чаршија со своите несекојдневни перформанси, овој фестивал ќе ги забавува охриѓани и туристите кои престојуваат во нашиот град. Со повеќе од 150 улични артисти, музичари и театри „Баскерфест“ на посетителите ќе им понуди несекојдневно искуство и незаборавна забава, пантомима перформанси, претстава, музика во живо, улични танчери, ликовни изложби, креативни активности – вистински сплет на културни, забавни и…

повеќе...

Започнаа подготовките за третото издание на фестивалот „Фолк хит песна на летото“ 2014

Радио и Продукција Лав Охрид го распишуваат конкурсот за пријавување на авторски песни кои ќе влезат во избор за Фолк песна на фестивалот „Фолк хит песна на летото“2014, кој ќе се одржи на 13 Август на единствената сцена на Античкиот театар во Охрид. Сите заинтересирани текстописци, автори музичари и изведувачи можат да се пријават со свои дела најкасно до 20.07 2014година. Вашите дела треба да ги испратете на емаил: radiolavohrid@yaho.com. Сите дела кои ќе бидат прифатени од организаторот на фестивалот ќе бидат опфатени во понатамошна постапка и за сите нив…

повеќе...

Свечено отворен првиот фестивал „Црешнобер 2014“- Фолк фест во Дебарца

Во општина Дебрца, поточно во Требеништа, синоќа свечено беше отворено првото издание на првиот фестивал „Црешнобер 2014“- фолк фест. Фестивалот се одржува 2 дена. Првата вечер, синоќа беше посветена на настапот на играорни групи, а вечерва 22 јуни (недела) – фестивалска вечер посветена на македонската изворна песна. „Овој ден преставува зачеток на една традиција која во иднина ќе преставува носител на културната дејност во Општина Дебрца. Фестивалот Црешнобер преставува голем подвиг  и неговиот почеток е синоним за континуитет на културата во нашата Општина. Од идеја до реализација и стварност за овој вид…

повеќе...

Силен аплауз за настапот на „Танец“ во Рига

Со силен аплауз, синоќа во „Мега паркот“ во Рига беше поздравен настапот на Ансамблот за народни игри и песни „Танец“, во рамките на Фестивалот на летната долгоденица, кој е еден од најзначајните настани кои се реализираат во рамките на манифестација „Европска престолнина на културата“. Со настапот на „Танец“ на фестивалот кој традиционално се одржува на отворено, летонската  публика имаше можност да види мал дел од богатата македонска фолклорна традиција. Амбасадорот на нашата држава и презентер на непроценливото македонско фолклорно богатство кое претставува идентитет и историја на македонскиот народ се претстави…

повеќе...

Меѓународен фестивал на комедијата во општина Аеродром

Театарската манифестација „Аеродром се смее“ која беше организиранa првпат минатата година во општината Аеродром, оваа година прераснува во меѓународна и натпреварувачка. Фестивалот ќе се вика „Гола месечина“, го организираат Театар Комедија и Општина Аеродром со поддршка на Министерството за култура и ќе трае од утре до крајот на месецов. Министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска истакна дека меѓу приоритетите на Министерството е локалниот културен развој и затоа се вклучува во поддршка на манифестации во општините низ државата. Меѓу нив е и „Топол културен бран“ чија цел е достапност на културата до…

повеќе...

Проекција на филмот „Ив Сен Лоран“ на Фестивалот на француски филм во Охрид

Во рамки на седмото издание на  фестивалот  на Францускиот филм што годинава се одржува од 18 до 22 јуни во Скопје и Охрид, синоќа  во Центарот за Култура„’Григор Прличев“ во Охрид  се одржа  проекцијата на филмот посветен на познатиот француски моден креатор Ив Сен Лоран. Пред почетокот на проекцијата на гостите и охридските почитувачи на филмската уметност им се обрати градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески: „Франција ги има браќата Лимиер, а Македонија браќата Манаки. Во 1905 година со својот прв филм тие ги удриле темелите  на македонската кинематографија која за…

повеќе...

По трет пат ќе се одржи Интернационалниот фестивал на добра музика „Плетенка“

Здружението на интернационални фолклорни фестивали „ИФФОМ“, во соработка со КУД „ПЛЕТЕНКА”-Охрид, по трет пат ќе го одржи интернационалниот фестивал на добрата музика  „ПЛЕТЕНКА”. На фестивалот ќе настапат учесници од над 10 групи од целиот свет, кои ќе понудат вистинско уживање во различниот етнос и музика. Фестивалот ќе се оддржи на ден 22.06.2014 (недела), со почеток во 19часот, пред платото на Центарот за култура „Григор Прличев”, Охрид.

повеќе...

Седми Фестивал на француски филм од 18-ти до 22 јуни

Со филмот „Ке д’Орсе“ во режија на Бертран Таверние снимен минатата година, во среда во кино „Милениум“ ќе почне седмиот Фестивал на францускиот филм. Од 18-ти до 22 јуни ќе бидат прикажани најнови остварувања од француската кинематографија – девет долгометражни, четири кратки и еден документарен филм, на неколку локации во Скопје, а на 19 јуни ќе има и проекција во Охрид. „Златната маска“ на фестивалот оваа година е за режисерот Фредерик Шендорфер, кому свечено ќе му биде врачена во недела на затворањето на фестивалот, кога ќе биде прикажан и неговиот…

повеќе...