Ставрески: 100 милиони евра за брани и хидросистеми за наводнувања

Сто милиони евра ќе се инвестираат во наредниот период во комунална инфраструктура и изградба на хидросистеми за наводнување во земјоделството, а 600 милиони евра се наменети за земјоделски субвенции и рурален развој. Ова го најави вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески при денешната посета на компанијата за производство на пластични маси „Конти Хидропласт“ во Гевгелија. „Земјоделството може и понатаму да смета на силна поддршка од Буџетот. 600 милиони евра се наменети за субвенции и рурален развој во период од четири години, по 150 милиони евра годишно. Второ, ќе ја…

повеќе...

Од Министерството за финансии издадени сертификати на 10 илјади сметководители

Министерството за финансии досега има издадено 10.005 сертификати за сметководители. Од нив, како што соопшти, 2.833 се трајни уверенија, а привремени уверенија, со важност од 30 месеци до 4 години, се 7.172.Сите заинтересирани за привремено и трајно уверение за сметководител или овластен сметководител, потсетува Министерството, треба да поднесат барање до 13 мај, кога е крајниот рок за аплицирање. Привремено уверение за сметководител ќе се издава на лице кое има најмалку средно образование и работно искуство од 3 години, или вишо образование и работно искуство од 2 години, или високо образование…

повеќе...

Општина: СДСМ во Охрид не остави ниту еден проект освен финансиски пустош и огромни долгови

Во врска со соопшетнието на ОО на СДСМ Охрид, реакција испрати и Општина Охрид, во која стои: „Ништо ново од СДСМ, кога се работи за оценка на работењето на локалната самоуправа. Празни зборови и излитени политички фрази, се разбира без факти и конкретни показатели. Уште еднаш ги потсетуваме на ноторниот факт: СДСМ на Охрид и неговите граѓани, не му остави ниту ЕДЕН ГОТОВ ПРОЕКТ, но затоа зад нивното раководење со општината остана финансиска дупка од над 33 милиони евра, урбан хаос и пренатрупана државна и јавна администрација. Проектите кои ќе…

повеќе...

Работна средба помеѓу градоначалникот Бакрачески и министерот Ставрески

Градоначалникот Никола Бакрачески денес во општинската зграда оствари работна средба со Министерот  за финансии Зоран Ставрески, на која се разговараше за целокупната финансиска состојба на Општина Охрид  во делот на остварување на буџетот, приходите, расходите како и за проектите на Општина Охрид финансирани со локални  и државни средства. Градоначалникот Бакрачески  пред Министерот Ставрески  го  изнесен  планот на Општината  за надминување на долговите  а го информира   и за потпишаните спогодби со приватните лица  кон кои општината е должник, околу исплата на долгот  на повеќе рати. На средбата беше оценето  дека…

повеќе...

Ставрески: Сите тутунари ќе го продадат тутунот за 2014

Околу 17 отсто помалку ќе тежи годинашната реколта тутун, но сите производители кои лани склучија договори за откуп, тоа ќе може да го сторат и во 2014-та. Со ова намалување на производството што  на средба го договорија вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески, министерот за земјоделство Љупчо Димовски, претставниците на тутунарите и откупните компании, заштитена ќе биде најранливата категорија производители која се занимава со оваа дејност од егзистенцијални причини и остварува максималне принос до 500 килограми. „Во оваа тешка ситуација кога сите се соочивме со сериозен проблем однадвор, најдовме…

повеќе...

Македонија прва во регионот го изработи Третиот план за климатски промени

Македонија го изработи Третиот национален план за климатски промени со што стана првата земја во регионот што има изработено трет ваков документ. Во него се содржани препораки и мерки за адаптација кон климатските промени и обезбедување на зелен развој на локално, државно и регионално ниво. Според вицепремиерот за економски прашања Владимир Пешевски, кој е и претседавач на Советот за одржлив развој, енергетската политика и политиката на здрава животна средина се еден од приоритетите на македонската Влада. „Прашањето за климатските промени и одржливиот развој се високо на политичката агенда на Владата.…

повеќе...

Глобална недела на пари во Македонија

Со симболично означување на тргувањето со удирање на ѕвоното во Македонската берза од страна на Александар Линин, најдобриот ученик од четврта година во Средното економско-правно училиште „Васил Антевски – Дрен“ од Скопје денеска официјално почна одбележувањето на Глобалната недела на пари во Македонија. На 30 најдобри ученици од училиштето им се овозможи да тргуваат на Виртуелната берза, едукативен портал на Македонска берза, кој е симулација на вистинското тргување. Ученикот кој по еден месец тргување ќе постигне најдобар резултат ќе добие награда – бесплатна обука во Македонската берза за принципите на…

повеќе...

Ставрески: Цврсти и конзистентни реформи за подобра бизнис клима

Македонија е мала земја и привлекувањето инвеститори во мала земја која нема излез на море не е лесна работа. Eдинствениот начин се цврсти и конзистентни реформи за олеснување на бизнис климата. Ова го истакнува вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески во интервју за лондонски „Банкер“ во врска со привлекувањето инвеститори и рангирањето на Македонија на 25. место во извештајот на Светска банка за условите за водење бизнис што според магазинот е многу висока позиција која Македонија ја става и пред некои големи нации како што е Јапонија. „Прво треба…

повеќе...

Ставрески: Растот на индустриското производство силен импулс врз економијата

„Растот на индустриското производство и зголемувањето на бројот на работници во индустријата во јануари е позитивно и ќе даде силен имплус врз развојот на економијата во оваа година“, изјави денеска вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески. Коментирајќи ги најновите статистички податоци за растот на индустриското производство од 6,4 проценти, министерот Ставрески оцени дека трендовите во индустријата се добри и оти тоа претставува поддршка за постигнувањето на предвидениот економски раст за годинава. Според него, значајно е и тоа што има креирање нови работни места во индустријата. „За 6,5 проценти е…

повеќе...

Ставрески: Пензиите зголемени за 600 денари, го исполнивме ветеното

Пензионерите денеска добија зголемени пензии за 600 денари што според вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески е исполнување на ветеното. „Како што им ветивме на пензионерите, денеска ја извршивме исплатата на пензиите. Секој пензионер во Република Македонија доби зголемена пензија за 600 денари и тоа секако е значајно за заштитата на нивниот животен стадард“, изјави Ставрески, одговарајќи на новинарски прашања по денешната прес-конференција во Агенцијата за катастар на недвижности. Тој нагласи дека просечната пензија е зголемена за 62 проценти во однос на 2006 година и оти за разлика од…

повеќе...