Охрид го огреаа две изгрејсонца. Утрово, над планината Галичица можевме да видиме две изгрејсонца. Едното беше она вистинското, додека пак другото беше атмосферска оптика, односно прекршување на зраците при што беше формирано лажно Сонце и мало виножито. Пред да изгрее вистинското Сонце, повеќе светеше она лажното! WebOhrid
повеќе...Tag: галичица
ЈУНП Галичица: Целосна забрана за движење низ шумите
Согласно одлуката на Министерството за земјоделство, шумарство и водостапнство за целосна забрана за движење низ шумите, без оглед на нивната намена, ЈУНП Галичица соопштува: Се забранува секакво движење низ шумата во границите на паркот. Се забранува напуштање на регионалните и локалните асфалтни патишта кои се низ територијата на паркот. Се забранува секакво движење ( пешачки, велосипедски и диви патеки) низ шумата во паркот. Не е дозволено палење на оган на отворен простор во границите на паркот во овај период, нити на места означени за тоа. Посетители кои влегуваат и се…
повеќе...Продолжениот празничен викенд го исполни излетничкото место Корита
Топлото време и продолжениот празничен викенд за Рамазан Бајрам го наполнија градот Охрид со гости. Речиси полни плажи, гужва во чаршијата, но сепак многумина се одлучија викендов да го поминат и на излетничките места. Љубителите на природата го искористија денот за прошетка во планина, правење скара со пријателите, но и ладење со чистата изворска вода на излетничкото место Корита, на планината Галичица. WebOhrid
повеќе...Завршен настан во рамки на проектот „Заштита на природата во НП Галичица: бајка или реалност“
Завршниот настан во рамки на проектот „Заштита на природата во НП Галичица: бајка или реалност“ финансиски поддржан преку ИПА2 Механизмот за граѓански организации и Global Green Grants Fund на кој присуствуваа претставници од локални и меѓународни организации, национални институции, како и граѓани, се одржа на 24 април во х. Royal View во Охрид. На настанот се обратија Драгана Велковска од Здружението за заштита на животните и животната средина Е.Д.Е.Н. која ги презентираше резултатите од проектот и Ајман Ал малла, раководител на Секторот за животна средина во Општина Ресен кој зборуваше…
повеќе...„Заштита на природата во НП Галичица: бајка или реалност“
Здружението за заштита на животните и животната средина „ЕДЕН“ организира завршен настан во рамки на проектот „Заштита на природата во НП Галичица: бајка или реалност“ поддржан преку ИПА 2 Механизмот за граѓанските организации. На настанот ќе се презентираат резултатите од проектот, а Ајман Ал малла, раководител на Сектор за животна средина во Општина Ресен, ќе ја сподели и успешната приказна на Општината која преку добро владеење стабилно чекори по патот на одржливиот развој. Освен на овие две теми, ќе се дискутира и за исходот од состанокот на граѓанскиот сектор со…
повеќе...Завршен настан во рамки на проектот „Заштита на природата во НП Галичица: бајка или реалност“
Здружението за заштита на животните и животната средина „ЕДЕН“ организира завршен настан во рамки на проектот „Заштита на природата во НП Галичица: бајка или реалност“ поддржан преку ИПА 2 Механизмот за граѓанските организации. На настанот ќе се презентираат резултатите од проектот, а Ајман Ал малла, раководител на Сектор за животна средина во Општина Ресен, ќе ја сподели и успешната приказна на Општината која преку добро владеење стабилно чекори по патот на одржливиот развој. Освен на овие две теми, ќе се дискутира и за исходот од состанокот на граѓанскиот сектор со…
повеќе...Непознати лица краделе дрва со моторна пила и два коњи во близина на изворот Свети Наум
Вчера околу 17:00 часот, во близина на изворот Свети Наум кај м.в. „Војтино“, од страна на полициски службеници од ПС за ГП и ГН „Св.Наум“ и Шумска Полиција биле забележани две непознати лица кои вршат кривично дело „кражба на дрва“ со моторна пила и два коњи за товарање на дрвата. Едно од лицата е фатено и лишено од слобода, додека другото лице се дало во бегство. Моторната пила, коњите и околу два кубни метри дрва се обезбедени и фотографирани од страна на Крим-техника од СВР Охрид. Истите ќе бидат подигнати…
повеќе...Охрид SOS: Примитивизам и беззаконие дивеат низ НП Галичица со амин од Општина Охрид и ЈУНП Галичица
На нашата адреса изминативе денови стигнаа повеќе поплаки од граѓани по повод дводневното дивеење низ зони за активно управување од Националниот парк Галичица кој, да потсетиме, е заштитен со Законот за заштита на природата и е со статус на УНЕСКО Биосферен резерват. Да потсетиме и дека во зоните за активно управување во Паркот се дозволени исклучиво активности од економски карактер кои немаат негативно влијание врз примарната цел на заштита, како што се екотуризмот и екстензивното земјоделство. Ова значи дека активностите кои се одвивале во Паркот на 25 и 26 јуни…
повеќе...НП Галичица воведува ограничено движење во шумите и шумските појаси
Како превентивна мерка за заштита од пожари Национален Парк Галичица воведе ограничено движење на сите лица во шумите и шумските појаси, освен за лицата со дозвола од дирекцијата на паркот. Исто така е воведена и забрана за палење стрништа, плевел и други растителни отпадоци во во границите на паркот. Ограничувањето за движење во шумите и шумските појаси е за периодот од 7 часот наутро до 17 часот попладне, а ќе трае до 15 август годинава. Од Паркот информираат дека од 17 часот попладне до 7 часот наутро дозволено е движење…
повеќе...Да го почувствуваме Охрид од планинска перспектива
Асоцијацијата на спортови СПОРТ ЗА СИТЕ – СИТЕ ЗА СПОРТ на 12ти јуни (недела) организира планинарска тура. Почетна точка с.Велестово 1100 мнв, крајна точка Врв Три Мажи 1630 мнв. Се искачува околу 550 до 600 метри денивелација и се изминува околу 4 км. во еден правец. Просечно време на минување на турата во двата правци е околу 4 до 5 часа. Тргнување во 7:30 од паркингот пред ЈП Билјанини Извори (Спортска сала Билјанини Извори) со организиран превоз до с.Велестово, а враќање во 15:00 часот повторно со организиран превоз од с.Велестово.…
повеќе...