Заменик министерот за информатичко општество и администрација Тимчо Муцунски утре, 29 јуни (среда), ќе одржи работен состанок со градоначалникот на општина Охрид, Никола Бакрачески и со директорите на јавните претпријатија, установи и институции под надлежност на општина Охрид, за новиот Закон за општата управна постапка. Настанот ќе се одржи во просториите на општина Охрид.
повеќе...Tag: градоначалник
Бакрачески: Опозицијата против интересите на Охрид
Денешната 56 Седница на Советот на Општина Охрид, помина во знакот на неизгласувањето точка за дополнување на дневниот ред, која се однесуваше на усвојување на програмата за поставување на времени објекти на територијата на општината. Иако за изготвувањето на програмата, според градоначалникот Никола Бакрачески“ беа потребни повеќе од две години интензивна работа“,од неразбирливи причини опозицијата не се согласи дневниот ред да биде дополнет. „Јас не би сакал да шпекулирам со претпоставки, зошто тоа не е мој стил. Тоа е стил на некои советници, меѓутоа од текот на расправата за ставање…
повеќе...Започна дводневната џип турнеја во Охрид
Градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески рано утрово се обрати на официјалниот почетокот на дводневната џип турнеја Охрид- Љубаништа што денес стартуваше во Охрид. Според градоначалникот Бакрачески овој несекојдневен и атрактивен настан претставува начин за збогатување на туристичката понуда во Охрид, а локалната самоуправа е насочена кон поддршка на алтернативните форми на туризам. „Сакам да му се заблагодарам на „Оф роуд“ клубот од Охрид за навистина успешната организација. И покрај тоа што е премиерна на манифестацијата гледаме дека учествуваат голем број учесници од Оф роуд клубовите од Македонија, меѓутоа има и…
повеќе...Интензивно се работи на реконструкција на болничкиот комплекс „Св.Еразмо“
Неколкучасовната обиколка на градоначалникот Бакрачески на неколкуте локации каде интензивно се работи заврши со посета на специјалната болница за ортопедија и трауматологија„ Св Еразмо“ каде во поодмината фаза е реконструкцијата и адаптацијата на болничкиот комплекс . Во него ќе бидат сместени Одделите за ортопедија, трауматологија и комплексот за кардиоваскуларни заболувања. Реконстукцијата се одвива според предвидениот план и динамика. За седум месечниот период откако се започна со работа е направено многу.Се уредуваат болничките соби, операционите сали, амбулантите и лабараторијата, а набавена е и нова опрема. Истовремено се изведуваат градежните работи во…
повеќе...Во тек е асфалтирањето на патот во месноста Кромидишта кај Рача
Градоначалникот Никола Бакрачески денеска беше во неколкучасовна обиколка и увид на градежни активности на неколку локации во градов каде интензивно се работи. „Можам да го изразам своето задоволство од она што во моментов се работи. Се работи на многу места и во исто време се изведуваат голем број на проекти, нешто што навистина е нескромно да кажам дека е невидено во динамиката на развој на градот Охрид и според бројот на изведени проекти и активности коишто се одвиваат и според финансиската конструкција којашто е обезбедена за нив“. – оцени градоначалникот…
повеќе...Јавен повик за именување на плоштади и преименување на улици
Градоначалникот на општина Охрид Никола Бакрачески јавно ги повикува сите физички и правни лица да дадат свои предлози, идеи и сугестии за именување на следниве локации: мал плоштад кај поранешна библиотека, плоштад кај мини – маркет, Булевар Туристичка и Улица Железничка. Граѓаните и правните лица своите предлози можат да ги испратат преку архивата на општина Охрид во затворен плик адресиран до Градоначалникот или на следнава електронска пошта gradonacalnik@ohrid.gov.mk. Рокот за доставување е десет дена од денот на објавата.
повеќе...Бакрачески: Координирано и максимално учество на надлежните во потрага по исчезнатите лица од Охрид и Дебрца
На иницијатива на градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески, денеска во зградата на општина Охрид се одржа координативен состанок со сите надлежни служби и субјекти со цел побрзо наоѓање на двете исчезнати лица Климе Фармакоски од Охрид и Ристе Алексиески од Дебарца. На средбата со која заседаваше градоначалникот Бакрачески присуствуваа градоначалникот на Дебарца , Игор Трајкоски, претставници на Општинскиот штаб за заштита и спасување, директори на охридските јавни претпријатија , претставници од Територијалната противпожарна единица, од Министерствата за внатрешни работи и за одбрана, членови од Црвен Крст- Охрид, од Центарот за…
повеќе...Чешкиот претседател воодушевен од убавините на манастирскиот комплекс Св.Наум
По официјалното отворање на македонско – чешкиот бизнис форум што денеска се одржува во Охрид, градоначалникот Никола Бакрачески во улога на домаќин заедно со високите гости, го посетија манастирскиот комплекс Св. Наум. Двајцата претседатели македонскиот, Ѓорге Иванов и чешкиот Милош Земан со импресии од убавините со кој изобилува овој крај и од добриот дочек го напуштија комплексот. Попладнево,претседателот Земан со сите почести беше испратен на охридскиот аеродром „Св. Апостол Павле“.
повеќе...Се регулира работниот статус на 67 лица вработени во образовните институции во Охрид
Градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески и заменик министерот за образование и наука во Владата на Р. Македонија, Спиро Ристоски, денеска доделија решенија за трансформација на работниот однос од привремен во редовен на 67 лица вработени во основните и средни училишта во градов. Проектот е особено значаен затоа неговата реализација значи регулирање на работниот статус на сите вработени во охридските училишта. На свеченоста по повод настанот пред присутните во салата на општина Охрид градоначалникот Бакрачески, истакна: „Велат дека сите луѓе по природа го сакаат знаењето само доколку тоа умешно се предава…
повеќе...Ставена во употреба спортската сала во Косел
Градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески и заменик министерот за образование и наука во Владата на Р. Македонија, Спиро Ристоски денеска ја ставија во употреба комплетно реконструираната спортска сала во рамки на подрачното Основно училиште „Ванчо Николески“ во охридското село Косел. Станува збор за проект тежок околу 50 илјади евра финансиран од Владата на Р. Македонија, којшто е особено битен за правилното градење и насочување на младите кон здравите животни навики. „Претходно салата во подрачното училиште„ Ванчо Николески“ во с. Косел беше вон функција, затворена од санитарна инспекција и во неа…
повеќе...