Новогодишен ручек за социјално ранливите граѓани на Охрид

Градоначалникот Никола Бакрачески денес приреди новогодишен ручек за социјално најранливата категорија на граѓани од Охрид. Оваа традиционална средба се одржа во ресторанот на ОУТУ „Ванчо Питошески“, а беше организирана во соработка со Црвен Крст – Охрид. Во името на локалната самоуправа, градоначалникот на присутните граѓани им посака многу здравје и посреќни денови во новата 2017 година. Новогодишниот ручек беше подготвен за 150 семејства, а на секое дете му беше доделено новогодишно пакетче.

повеќе...

Божиќна честитка од градоначалникот Бакрачески за верниците од католичка вероисповед

По повод Христовото раѓање – Божиќ, кој припадниците на католичката црква го прославуваат денес, 25 декември, градоначалникот Никола Бакрачески упати честитки до сите верници. „Божиќ е најголемиот христијански празник кој ги истакнува, семејните вредности, човечката добрина и взаемното разбирање. Овој празник на љубовта и добрината нека ви донесе хармонија и спокој, позитивна мисла и светлина и топлина во вашите домови. Божиќ е празник на лубовта и надежта, празник кој не потсетува дека треба да ги следиме етичките начела во нас и да дејствуваме во согласност со честа и вистината. Со…

повеќе...

Честитка од градоначалникот Бакрачески по повод Денот на наставата на турски јазик

Градоначалникот Никола Бакрачески, по повод одбележувањето на 21 Декември- Денот на наставата на турски јазик, упати честитка до припадниците на турската етничка заедница, во која изразува увереност дека со употребата на мајчиниот јазик во образованието се придонесува во чувањето на идентитетот на народите. „Одбележувањето на Денот на наставата на турски јазик, е уште една можност да се потврди нашата определба за мирен и просперитетен соживот со турската етничка заедница во Охрид, чии граѓани сестрано придонесуваат за развој на општествената заедница. Воедно тие се и мост за продолжување на вековнта традиција…

повеќе...

Бакрачески: Заводот за кардиоваскуларни заболувања од Охрид бележи тренд на постојан раст и развој

Заводот за кардиоваскуларни заболувања од Охрид е една од поуспешните приказни во системот на јавно здравство на Р.Македонија и институција која во последната деценија бележи тренд на постојан раст и развој, како во бројот на услуги и волумен на работа, така и во бројот на нови воведени методи, постапки и процедури, рече во изјава за медиумите, градоначалникот на општина Охрид, Никола Бакрачески. „Сето тоа беше забележано од страна на Министерството за здравство и Владата на Р.Македонија која што во изминатиот период од 10 години постојано вложуваше во оваа здравствена установа,…

повеќе...

Градоначалникот Бакрачески се сретна со претставници на германската невладина организација

Претставници на една од највлијателните германски невладини организии – СОГ (Sudosteeurope – Gesellschaft), Франц Лотар Алтман, Јохана Дајмел, Хансјорг Бреј и Кристијан Хагеман, денес беа примени од градоначалникот Бакрачески. Целта на нивната посета на Македонија, се престојните предвремени парламентарни избори и актуелната политичка ситуација во земјава. Градоначалникот Никола Бакрачески и претседателката на Советот, Гордана Коњановска ги запознаа гостите со актуелниот миг на Општина Охрид и влијанието што политичката криза го има во функционирањето на локалната самоуправа. Градоначалникот Бакрачески ги запозна гостите за начинот на кој работи локалната власт и поврзаноста…

повеќе...

Бакрачески: Како градоначалник ќе ги вложам сите напори администрацијата да биде максимално заштитена

Градоначалникот на Општина Охрид, Никола Бакрачески денес во неговиот кабинет оствари средба со дополнителниот заменик министер за информатичко општество и администрација м-р Александар Кирацовски. По средбата, градоначалникот во изјава за медиумите истакна: „На средбата разменивме мислења околу можностите за евентуално отстранување на било каква можност за притисоци во текот на изборниот процес, на ниво на општина Охрид и јавните претпријатија и оние институции над кои има надлежност Локалната самоуправа. Констатиравме дека треба да се вложат максимални напори од сите страни, а не само од страна на раководните структури на Локалната…

повеќе...

Градоначалникот Бакрачески на средби со жителите од неколку месни заедници

Градоначалникот Никола Бакрачески, заедно со претставници од стручните служби на општина Охрид и директорите на јавните претпријатија, денес остварија средби со жителите од месните заедници Љубаништа, Трпејца, Пештани, Елшани, Коњско и Рача. Ваквата практика на директна комуникација со граѓаните која ја практикува градоначалникот е значајна бидејќи токму жителите имаат можност активно да учествуваат во креирањето на програмата за комунален развој. Денешната средба беше искористена и за таргетирање на приоритетните проблеми кои месното население ги има како и можни решенија. Најчесто како потреба беа посочувани изградбата на потпорни ѕидови, поставување на…

повеќе...

Градоначалникот Бакрачески ќе посети неколку месни заедници

Во недела (13.11.2016), градоначалникот Никола Бакрачески, заедно со стручните служби од општина Охрид и директорите на јавните претпријатија ќе остварат средба со неколку месни заедници. Предвидено е средбите да започнат во 11 часот во Љубаништа, понатака во 12 часот Трпејца, 13 часот Пештани, 14 часот Елшани, 15 часот Коњско и 16 часот Рача. Средбите се отворени за сите жители од овие населени места и ќе се одвиваат во центарот на месните заедници.

повеќе...

Локалната самоуправа во инфраструктурни проекти инвестира околу 180 милиони денари

На денешната тематска прес- конференција, градоначалникот Никола Бакрачески направи рекапитулација на реализираните, тековните и идните инфраструктурни проекти и капиталните инвестиции. Тој посочи дека Охрид, во изминативе три години и седум месеци континуирано се уредува и разубавува и дека не постои точка на територијата на општина Охрид, каде во изминативе години не се инвестирало, реконструирало или градело. „До сега успеавме да инвестираме 179 милиони 166 илјади и 332 денари во разни инфраструктурни проекти кои опфаќаат реконструкција, санација и одржување на улици со вкупна површина од 130 860 метри квадратни и дополнително…

повеќе...

Одржана средба со урбаните заедници „Кошишта“ , „Железничка“ и „Радојца Новичиќ“

Средбите на градоначалникот Никола Бакрачески со граѓаните продолжуваат. Денес, градоначалникот заедно со директорите на јавните претпријатија и претставници од Локалната самоуправа остварија средба со жителите на три урбани заедници. Градоначалникот пред жителите од овие населени места ги презентираше проектите кои се реализирани во овие урбани заедници, а средбата ја искористи за директно од жителите да се информира за проблемите чие решавање е приеритетно. На средбата се дискутираше за одредени урбанистички решенија, беа дадени идеи за инфраструктурни решенија но и идеи од комуналната сфера. Ваквата комуникација на градоначалникот со жителите од…

повеќе...