Под мотото „Од децата- за децата“ во рамките на ОУТУ „Ванчо Питошески“ се спроведе хуманитарна акција за помош на децата од социјално најзагрозените семејства во општина Охрид, со што се одбележа „Недела на борба против гладта (16-22 октомври)“. Целта беше да ја поттикне хуманоста кај младите и преку конкретни дела да се покаже солидарноста и грижата за нашите сограѓани и деца кои живеат во тешки социо- економски услови и секојдневно имаат проблеми како да се прехранат. „Невидливи, стопени од сиромаштија стотина, илјада луѓе не знаат дали денес ќе јадат. Тажно е што…
повеќе...Tag: храна
Црвен крст спроведува кампања „Помислете и на нас“ за помош на најсиромашните
По повод Светскиот Ден на храната, 16 октомври и Неделата на борба против гладта (17-23 октомври), под мотото „ПОМИСЛЕТЕ И НА НАС” Црвен крст Охрид спроведува кампања за помош на најсиромашните наши сограѓани. Активностите се насочени кон прибирање на финансиски средства преку продажба на вредносни бонови и прибирање на доброволни прилози наменети за набавка на прехрамбени производи за подготовка на хуманитарни пакети за социјално најзагрозените семејства од Охрид. Во текот на Неделата на борба против гладта од 17-23 октомври, во поголемите маркети во Охрид ќе бидат поставени видно обележени корпи…
повеќе...Нова мобилна апликација „Органски пат“
Апликацијата „Органски пат“ е развиена од Организацијата на потрошувачите на Македонија во партнерство со Асоцијацијата за развојни иницијативи – Зенит од Скопје и Здружението на агро-новинари „Медиа плус“ од Скопје. „Органски пат“ овозможува: да дознаете каде во ваша близина можете да набавите или консумирате органска храна; пребарување, контактирање и планирање посета на производителите на органска храна во Македонија, како и ресторани, продавници, сместувачки или туристички објекти кои нудат органска храна во своите понуди; да дознаете што е органска храна и како можете да ја препознаете; да откриете зошто органската храна е добра за зачувување на…
повеќе...Препораки за храна во летниот период
Што е препорачливо да се јаде секој ден, особено во лето? Овошје и зеленчук Постојат три причини зошто е препорачливо да се јаде повеќе овошје и зеленчук. Прво, овошјето и зеленчукот се главни извори на голем број хранливи состојки кои луѓето обично ги внесуваат во количини помали од препорачаните, како фолати, магнезиум, калиум, влакна и витамини A, Ц и К. Внесувањето на некои од овие нутриенти во организмот е важно за целата популација (влакна, витамини и калиум), додека некои од нутриентите (фолна киселина) се важни за специфични групи, како на…
повеќе...Македонските традиционални јадења ќе станат дел од Европското мени
Агенцијата за храна и ветеринарство потпиша договор со Европската Агенција за безбедност на храната – ЕФСА за реализација на проект за спроведување на истражувања на навиките во исхраната на деца од 1 до 9 годишна возраст, кој ќе го реализира во соработка со Институтот за јавно здравје. Истражувањата ќе се спроведат согласно европската методологија за ваков вид истражувања. Со проектот, кој за прв пат ќе се спроведе во земјава, како дел од истражувањето за навиките во исхраната кое ЕФСА го спроведува неколку години во земјите членки на Европската унија, за…
повеќе...Проект за подобра контрола на храната и болестите кај растенијата и животните
Јакнење на пазарната економија и подобрување на конкурентноста на македонските земјоделско-прехранбени производи на пазарите на ЕУ преку ефикасна, гарантирана заштита на потрошувачите и стандардите за безбедност на храната, е целта на новиот твининг проект што во наредните 17 месеци ќе го спроведува Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) со финансиска поддршка на ЕУ. Проектот „Понатамошно развивање на контролните системи на надлежните институции за заштита на здравјето на луѓето, животните и растенијата”, е вреден 751.473 евра, а предвидува размена на искуства, пренесување знаења и добри практики за законодавството и ЕУ политиките…
повеќе...Во Охрид презентирани брошурите за опасностите во храната
Организацијата на потрошувачи на Македонија заедно со Организацијата на потрошувачи Охрид и Агенцијата за храна и ветеринарство денес во Охрид презентираше три нови заедничко изработени брошури кои што се однесуваат на исхраната на населението. Целта беше тие брошури да се промовираат во маркетите во Охрид, да им се поделат на граѓаните, практично да се доближат до потрошувачите на кои што им се наменети овие брошури. „Едната брошура „Опасности во храната“ се однесува на опасностите, кои опасности би можеле да произлезат од прехрамбените производи кои што ние насекаде ги јадеме, без…
повеќе...Заврши 5-от Меѓународен фестивал на национална драма во Тетово
Театарски ансамбли од Македонија, Косово, Албанија, Турција и од Швајцарија настапија на годинешниот 5-ти, јубилеен, Фестивал на национална драма во Тетово. Публиката имаше можност да проследи одлични настапи на ансамблите од земјава, но и да ужива во перформансите на театрите од странство. Фестивалот беше отворен со претставата насловена „Графити“, по текст на Мехмед Краја, а во режија на Фадиљ Хусај, во изведба на гостите од Народниот театар од Косово. На свеченото отворање на Фестивалот, покрај директорот на театарот Валмир Азири, свое обраќање, а воедно и чест да го прогласи Фестивалот…
повеќе...Одбележан Денот на АХВ и Светскиот ден на храната
„Претстојниот 16 Октомври, Светскиот ден на храната го славиме и како ден на Агенцијата за храна и ветеринарство на Република Македонија. Храната претставува едно од најзначајните прашања. Ресурсите на храна на земјата се намалуваат. Популацијата е во пораст, а климатските промени и загадувањето животната средина битно влијаат врз приносите и безбедноста на храната“ – рече директорот на Агенција за храна и ветринарство Зоран Поповски во обрачањето пред присутните на настанот. Оваа година темата под која се одбележува светскиот ден на храната се однесува на влијанието на климатските промени врз безбедноста…
повеќе...Почнаа отворените денови на АХВ
Агенцијата за храна и ветеринарство на Република Македонија, денес од Ресен го почна новиот циклус на непосредни средби со операторите со храна и граѓаните од овој регион, во рамки на Отворените денови на Агенцијата за храна и ветеринарство. Почнувајќи од денес до средината на ноември, првите луѓе на Агенцијата средби со компаниите и граѓаните ќе одржат и во Битола, Охрид и Струга, во Прилеп, Велес и во Скопје. Преку отворените денови за компаниите и граѓаните кои Агенцијата за храна и ветеринарство почна да ги реализира минатата година, покрај запознавањето со…
повеќе...