Министерот Ивановски во Мексико на состанок на Комисијата за широкопојасен интернет

Министерот за информатичко општество и администрација Иво Ивановски учествува на Седмиот состанок на Комисијата за широкопојасен интернет и дигитален развој, која се одржува во Мексико Сити. На состанокот присуствуваат 50 претставници од повеќе земји во светот, меѓу кои од УНЕСКО, Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП), Европската комисија,  од Интернационалната телекомуникациска унија (ИТУ). Министерот Ивановски оствари значајни контакти и разговори со највлијателните луѓе во светот во доменот на информациско-телекомуникациските технологии, што ја потврдува заложбата на Република Македонија за градење и развивање на информатичкото општество во нашата земја, кое ги…

повеќе...

Ивановски во Охрид ја промовираше најновата апликација за туристичките атракции

Почнувајќи од Охрид, Министерот за информатичко општество и администрација Иво Ивановски ја презентираше најновата апликација која што министерството за информатичко општество и администрација во соработка со Универзитетот Св. Кирил и Методиј, со факултетот за информатички комуникации, технологии и инженерство. Апликацијата ќе им помогне на сите посетители, сите туристи во Охрид, на сите туристички водичи да имаат современа алатка каде што ќе можат да ги презентираат убавините на Охрид и на РМ, со користењето на најновите технологии од 21 век. „Имено станува збор за апликација која што работи т.н. аугментед реалност,…

повеќе...

Промовирана првата верзија на софтвер за синтеза на македонски говор

Министрите за труд и социјална политика Спиро Ристовски и министерот за информатичко општество и администрација Иво Ивановски, денеска ја промовираа првата верзија на софтвер за синтенза на говор на македонски јазик. Софтверот генерира аудио говор од електронски содржини и е наменет за слепите лица. Бесплатен е и секој што сака ќе може да го користи без надомест. „Денеска направивме огромен чекор, рушиме уште една бариера за слепите лица – комуникациската. Овој ткн. ТТС, софтвер (текст во говор) ќе им овозможи достапност до целокупното општествено опкружување, загарантиран пристап до информациите, нивно…

повеќе...

Почна саемот за роботика и автоматика „РобоМАК 2013“

Педесет и седум домашни и околу 40 странски учесници се дел од четвртиот саем за роботика „РобоМАК 2013“, кој од денеска до 16 овој месец ќе се одржи во Скопје во организација на Европската студентска организација за електроинженери во соработка со Факултетот за електротехника и информациски технологии при универзитетот „Св. Кирил и Методиј“. Целта на саемот е популаризација на роботиката меѓу македонските и европските студенти и средношколци, кои по петдневна обука ќе ги одмерат силите на своите роботи во пет категории. На отворањето на Меѓународната работилница за роботика и автоматика…

повеќе...

Институциите со размена на податоци извршиле 35.202 трансакции во име на граѓаните

Државните институции што се вклучени во  проектот интероперабилност со кој се овозможува меѓусебна електронска размена на податоци досега спровеле 35.202 постапки, преку кои на граѓаните им ги намалиле административните бариери со одење по шалтери и им заштедиле време. Тоа го истакна денеска на прес-конференција министерот за информатичко општество и администрација Иво Ивановски, сумирајќи ги резултатите од реализирацијата на проектот, што почна да се реализира пред една година. Преку проектот во име на граѓаните податоци по електронски пат разменуваат  Централниот регистар, Агенцијата за катастар на недвижности, Царинската управа и Управата за…

повеќе...

Потпишан Меморандум за соработка со Педагошките факултети во земјата

Министерот за информатичко општество и администрација Иво Ивановски денеска во Охрид потпиша Меморандум за соработка со деканите на Педагошкиот Факултет „Св. Климент Охридски“ при Универзитетот ,,Св. Кирил и Методиј” од Скопје, Факултетот за образовни науки и Факултетот за информатика при Универзитетот „Гоце Делчев” од Штип и Педагошкиот Факултет при Универзитетот „Св. Климент Охридски” од Битола. Станува збор за продолжување на иницијативата на Министерството за инфомратичко општество и јавна администрација за бесплатни обуки за граѓаните на Македонија низ целата држава, конкретно за обуки за работа со основните канцелариски апликации и за…

повеќе...

Промовирана прва регионална студија за развој на е-Влада

Првата регионална студија за развој на е-Влада беше промовирана денеска во Скопје. Министерот за информатичко општество и администрација, Иво Ивановски денеска го отвори дводневниот состанок на Регионалната мрежа за е-Влада, на кој беше презентирана оваа студија. „Оваа регионална студија е од особено значење за Република Македонија и земјите од регионот, бидејќи се анализира индивидуалниот развој во сите сегменти на е-Влада, а резултатите се споредуваат со останатите земји на кои се однесува студијата, како и со најдобрите практики во Европската Унија. Предложените препораки во студијата, направени врз основа на спроведените анализи…

повеќе...

Презентиран електронски систем за закажување пациенти и интервенции

Национален електронски систем за закажување пациенти и интервенции во здравствениот систем во Македонија, денеска презентираше министерот за здравство Никола Тодоров. Станува збор за многу напреден систем, еден од ретките во поширокиот регион кој нуди сеопфатна можност за закажување од примарно до терцијарно ниво на здравствена заштита. „Секој пациент кога оди на матичен лекар, тој треба да го прегледа. Ако оцени дека треба да се заврши целата процедура, може да ја утврди дијагнозата и да му препише терапија, но ако оцени дека има определени проблеми за кои треба да биде консултиран…

повеќе...

Воведување меѓународни стандарди за подобрување на квалитетот во администрацијата

Министерството за информатичко општество и администрација ќе го изготви новиот Закон за управување со квалитетот и воведување на заедничка рамка за проценка во државната служба. Една од активностите којашто произлегува од програмата за работа на Владата на Република Македонија е воведување на ИСО 9001,2008 стандардот, како и Заедничката рамка за проценка на квалитетот (CAF). „Целта на законот е воведување на меѓународни стандарди кои ќе обезбедат подобар квалитет на услугите во државната служба. Владата формира Координативно тело составено од претставници на државната служба, со цел да се следи акциониот план за…

повеќе...