Стефан Ристовски потпиша за Ријека

Македонскиот 23 годишен дефанзивец Стефан Ристовски е нов член на хрватскиот прволигаш Ријека. Изминатите 5 години, како член на Парма, Ристовски беше позајмуван во Кротоне, Фросиноне, Бари и Латина, а минатата сезона настапуваше во Серија А за тимот на Парма. Откако Парма објави банкрот и се пресели во најниска лига на натпреварување, Ристовски по истекот на договорот замина како слободен играч. За Ријека, Ристовски потпиша три годишен договор со можност за продолжување на уште една година. Тој изјави дека „Ријека и публиката го заслужуваат трофејот оваа година.“ Минатата сезона Ријека заврши…

повеќе...

Два голови на Јаховиќ за победа на Ворскла Полтава

Адис Јаховиќ повторно беше творец на победа за Ворскла Полтава. Овој пат во гости против Мариупол 1:2 Ворскла Полтава. Јаховиќ го отвори резултатот преку пенал во 49 минута. Во 71 минута домашните изедначија исто така преку пенал, а конечниот резултат го постави Јаховиќ во 82 минута. WebOhrid

повеќе...

Напаѓачите расположени – два голови на Тричковски, по еден за Трајковски и Велкоски

Македонските интернационалци беа расположени за игра. Иван Тричковски постигна два голови во натпреварот кој неговиот клуб Беверен со 2:4 го загуби од Гент. Александар Трајковски го отвори резултатот во 28 минута од натпреварот, во кој неговиот тим Мехелен со 2:1 го совлада Кортријк. На гостувањето против Травник, Крсте Велкоски постигна гол за Сараево, кој на крајот се покажа и тоа како значаен во натпреварот кој заврши со резултат 2:3 за тимот на Велкоски. WebOhrid

повеќе...

Гол на Ферхан Хасани за сигурна победа на Брондби

Ферхан Хасани му донесе сигурна победа од 3:1 на тимот на Брондби против Сондерјуск. Иако нашиот репрезентативец влезе во игра во 70-та минута и играше на десната крилна позиција, во 88-та минута за момент се префрли лево во шеснаесетникот на противникот, доби една нафрлена топка и од 15-тина метри биеше прецизно, со што го постави конечниот резултат и му донесе сигурна победа на Брондби. По оваа победа Брондби се наоѓа на 4-то место, позиција која води до Европа Лигата, но заостанува само 6 бодови зад второпласираниот Мидтјуланд и 3 зад…

повеќе...

Јаховиќ го кутна големиот Шахтјор

Со гол во 83 минута, нашиот репрезентативец Адис Јаховиќ му донесе победа од 1:0 на тимот на Ворскла Полтава против фаворитот – лидерот на табелата во Украина, Шахтјор. Иако гостите доминираа во текот на овој натпревар, особено во првото полувреме, свои шанси имаа и домашните. Адис Јаховиќ беше постојана мета на гостинските фудбалери, па најчесто играта беше прекинувана токму поради грубите стартови врз Јаховиќ. Во 83-та минута тој за момент успеа да и избега на противничката одбрана и искористи едно нафрлување, каде најпрво биеше со глава, а откако голманот интервенираше,…

повеќе...

Пандев стрелец на два голови за Наполи

Горан Пандев беше стрелец на два голови за Наполи во натпреварот против Удинезе, кој заврши 3:3. Пандев постигна голови во 38 и 41 минута, а беше заслужен и за третиот гол за Наполи кој го постигна Џемаили во 71 минута. Горан Пандев беше заменет во 74 минута при резултат од 3:2, а гостите успеаа да изедначат на 3:3 во 80 минута. WebOhrid

повеќе...

Хасани и Алиоски стрелци за своите клубови

Брондби изгуби со 1:3 од Копенхаген. Ферхан Хасани го отвори резултатот во 23 минута, но тоа не беше доволно за неговиот тим, кој веднаш после тоа прими три голови, во 25, 31 и 34 минута. Егзијан Алиоски го постигна неговиот прв гол за Шафхаузен, кој беше доволен за минимална победа од 1:0 на домашен терен против Чиасо. WebOhrid

повеќе...

Гол на Хасани за сигурна победа на Брондби

Ферхан Хасани го постигна вториот погодок за Брондби на гостувањето на неговиот тим против Вестсјаеланд. Хасани влезе во игра во второто полувреме. Неговиот тим поведе со 0:1 во 65 минута, а Хасани постигна гол во 84 минута и го постави конечниот резултат 0:2. WebOhrid

повеќе...

Георгиевски и Јаховиќ стрелци за нивните тимови во куп натпреварите

Во Романскиот Куп, Даниел Георгиевски беше стрелец на првиот гол во 14 минута на натпреварот кој неговиот тим Стеауа Букурешт го доби со 2:0 против Поли Тимисоара. Тимот на Ворскла Полтава во гости беше елиминиран од Купот на Украина од тимот на Тернопил по изведувањето на пенали. Домашните први дојдоа во водство, а Адис Јаховиќ го изедначи резултатот во 53 минута. По изведувањето на пеналите, поуспешни беа домаќините, кои одат во следна фаза од Купот на Украина. Во Италија се одигра 10-то коло од Серија А. Тимот на Каљари на…

повеќе...

Костовски му даде два гола на Пачовски, Тричкоски промаши пенал, повторно пораз за Јаневски

Во Про Лигата во Белгија активни беа тројца македонски репрезентативци, но и екс-селекторот на македонската фудбалска репрезентација Чедомир Јаневски. Мехелен го победи Леувен со 4:2. Голот за Мехелен го бранеше Томе Пачовски кој прими два голови и тоа од Македонецот Јован Костовски. Костовски на двапати го изедначуваше резултатот за гостите, на 1:1 во 45 минута и на 2:2 во 73 минута. Сепак, на крајот домашните успеаа да постигнат два погодоци, пред се благодарение од предноста од два играчи која ја имаа во последните минути. Александар Трајковски беше на клупата за…

повеќе...