На барање на неговиот клуб Наполи, Пандев нема да игра против Србија

Капитенот на македонската А репрезентација Горан Пандев нема да биде дел од составот на националната репрезентација во вторник во Јагодина за дуелот против Србија. На барање на неговиот клуб Наполи, македонскиот репрезентативец е ослободен од обврските бидејќи Наполи во петок го игра дерби натпреварот против Рома. Фудбалската федерација на Македонија се одлучи позитивно да одговори на нивната молба, Горан Пандев да биде ослободен од репрезентативните обврски за следниот натпревар. Шанса за настап на овој натпревар ќе им се даде на неколкумина од помладите фудбалери. Во нашата репрезентација натпреварот со Србија…

повеќе...

Перо Антиќ дебитираше за Атланта

Капитенот на нашата кошаркарска репрезентација, Перо Антиќ, синоќа ги одигра првите минути за Атланта Хокс. На отворањето на претсезоната, во дуелот со актуелниот шампион Мајами Хит, Антиќ одигра речиси 16 минути за кои постигна 3 поени со 4 скокови и 1 украдена топка. Атланта го загуби натпреварот кој се играше во „Америка Ерлајнс“ центарот во Мајами со 92-87, но Перо Антиќ, а и кошаркарската јавност во Македонија ќе го памети овој дуел како прв на наш кошаркар во дресот на НБА тим. Капитенот на нашиот национален состав одигра точно 15:47…

повеќе...

Пандев стрелец и асистент во победата на Наполи 4:0 против Ливорно

Нашиот репрезентативец Горан Пандев уште еднаш имаше клучна улога во победата за Наполи 4:0 против Ливорно. Тој го постигна првиот гол уште во 4 минута, додека пак асистираше за третиот гол на неговиот тим во 54 минута. Пандев излезе од игра во 77 минута, а Наполи после тоа постигна уште еден гол, во 83 минута и го постави конечниот резултат. WebOhrid

повеќе...

Деби гол на Јаховиќ против Динамо Киев

Адис Јаховиќ го постигна својот деби гол за тимот на Ворскла Полтава и тоа на натпреварот против Динамо Киев. Иако Јаховиќ дебитираше за тимот на Ворскла Полтава пред 4 денови во купот на Украина, сепак ова беше негов прв настап во Украинската Премиер Лига. Тој го отвори резултатот во 33 минута, а неговата екипа имаше предност пред фаворизираниот Динамо Киев до самата завршница на натпреварот. На крајот сепак гостите успеаа да изедначат на 2:2 во судиското продолжение. WebOhrid

повеќе...

Пандев стрелец на два голови за победа на Наполи

Нашиот репрезентативец Горан Пандев е најзаслужен за победата 0:2 на Наполи во гости против Џенова. Пандев го постави конечниот резултат уште во првото полувреме, со головите во 14 минута и во 25 минута. WebOhrid

повеќе...

Христијан Кировски го постигна неговиот прв гол за ЦСКА Софија

Во натпревар од 10 коло од Бугарската А Лига, играа тимот на Љубимец против ЦСКА Софија. Гостите ја оправдаа улогата на фаворит во овој натпревар и успеаа да победат со 0:3.  Христијан Кировски влезе во игра во првото полувреме во 31 минута, при резултат 0:1 за неговиот тим, а во 65 минута успеа да постигне гол за ЦСКА Софија и го постави конечниот резултат 0:3. Кировски го постигна својот прв гол за ЦСКА Софија. По 10 одиграни кола во Бугарија, ова беше негов 5-ти настап за ЦСКА, на 2 натпревари…

повеќе...

Тричковски стрелец во белгискиот Куп

Иван Тричковски го одигра целиот натпревар од Белгискиот Куп каде неговиот тим Беверен победи во гости против Розелар со 1:5.  Тричковски асистираше за четвртиот гол на неговиот тим, додека пак во 67 минута беше стрелец на петтиот гол, односно за поставувањето на конечниот резултат. WebOhrid

повеќе...

Попов играше цели 2 часа против Арсенал, но ВБА испадна од Лига Купот по изведувањето на пенали

Иако Горан Попов не доби шанса по првите 5 кола од новата сезона во англиската Премиер Лига, синоќа во Лига Купот каде Вест Бромвич Албион на домашен терен играше против Арсенал, нашиот интернационалец „се изнаигра“, и тоа дури цели два часа. По регуларните 90 минути резултатот беше 1:1, по што следеа две продолженија од по 15 минути. Иако гостите први промашија пенал, сепак среќата беше повеќе на нивна страна, следуваа две промашувања од тимот на Вест Бром, по што Арсенал оди во следната фаза од Лига Купот. Горан Попов не беше избран…

повеќе...

Нацев и Дробаров ќе печалат во Мексико

Ангел Нацев и Влатко Дробаров се нови засилувања за Мурсиелагос, тим кој настапува во Втората дивизија во Мексико. 23 годишниот напаѓач Ангел Нацев дојде од Турново, а има настапувано и за Брегалница и за Силекс. Влатко Дробаров е играч од одбраната, има 20 години, минатата сезона беше член на Тетекс, а има настапувано и за Напредок, Скопје и Вардар. За „Лилјаците“ во петокот не настапија нашите интернационалци како и третото засилување Цезар Ромеро, поради некомплетна документација за нивните трансфери. Се очекува тие да дебитираат на следниот натпревар, на 17 август,…

повеќе...

Пандев повторно стрелец, Наполи изгуби 1:3 од Порто

Во вториот натпревар од „Емирати Купот“ Наполи имаше предност во првото полувреме со голот на Пандев од пенал во 43 минута. Наполи замина на полувреме со предност од 1:0, но подоцна во натпреварот Порто успеа да постигне 3 голови и да триумфира на овој натпревар. Во другиот натпревар од „Емирати Купот“ Арсенал изгуби со 1:2 од Галатасарај. WebOhrid

повеќе...