Уставниот суд со конечна одлука: Избори на 5 јуни дефинитивно нема

Уставните судии на денешната седница едногласно ги поништија двете одлуки за распуштање на Собранието донесени на 18 јануари и на 23 февруари оваа година, потврдија за „Мета“ од Уставниот суд. „Се поништува одлуката за распуштање на Собранието од 18 јануари и одлуката за изменување на одлуката за распуштање на Собранието од 23 февруари, 2016 година. Оваа одлука на Уставниот суд произведува правно дејствие од денот на донесувањето“ – ни изјави генералната секретарка на Уставниот суд, Оливера Филиповска. Со денешната одлука на уставните судии и официјално запираат сите активности со предвремените…

повеќе...

Заев: Нема мрдање, аболицијата да се повлече и регуларни избори!

Обраќање на претседателот на СДСМ, Зоран Заев „Благодарам на „Цивил“ што не собира да дебатираме вака во Македонија. Поздрав до сите присутни. Навистина сме различни, јас сум претседател на најголемата партија, јас сум Зоран Заев, СДСМ. Со дел од луѓето сме во коалиција, со дел дури и не се познаваме, со дел соработуваме на поинаков начин. Но, ова е нешто што го најавува новото време во Макеоднија. Доаѓа ново време и колку сме подготвени толку ќе бидеме поуспешни и на крајот на денот постоиме сите, како што вика господинот Ламбе, за татковината.…

повеќе...

Димитриев се сретна со европратеничката Петир

Претседателот на Владата на Република Македонија за спроведување на изборите, г-дин Емил Димитриев, денес оствари средба со Маријана Петир, пратеник во Европскиот Парламент. На средбата стана збор за европските интеграции на Република Македонија, реформите кои се спроведуваат и актуелните политички состојби во земјата. Соговорниците ја истакнаа заложбата и потребата од интеграција на Република Македонија во Европската Унија. Премиерот за спроведување на изборите Димитриев ја истакна посветеноста на Владата за реализација на реформите кои се од интерес за унапредување на стандардите значајни за европските интеграции. Тој истакна и благодарност до Европскиот…

повеќе...

Димитриев: Исполнети се сите услови за одржување на изборите на 5 јуни

Претседателот на Владата задолжен за спроведување на изборите Емил Димитриев е убеден дека се исполнети сите услови за одржување на изборите на 5 јуни и оти Владата направила се што е во нејзина моќ за да се постигне тоа. Овај го посочи во одговор на новинарско прашање при посетата на касарната Илинден во Скопје, каде положи цвеќе на Споменикот на загинатите припадници на полкот за специјални операции на АРМ кај Вејце. Тој додаде дека Владата направи се максимум да помогне на институциите кои се одговорни за организирање на изборите. –…

повеќе...

ВМРО-НП нема да учествува на изборите на 5 јуни

ВМРО-Народна партија, чиј лидер е поранешниот премиер Љубчо Георгиевски, објави дека нема да учествува на предвремените парламентарни избори закажани на 5 јуни. Од партијата велат дека нема да приклучат кон ниту една политичка коалиција. „ВМРО-Народна партија беше подготвена да учествува на изборите во согласност со препораките на меѓународната заедница, кои од нас беа безрезервно прифатени. Скандалозната одлука донесена од претседателот Ѓорге Иванов за аболиција на политичари од двете партии, со која се предизвика уште подлабока политичка криза и со тоа го закопа Договорот од Пржино, предизвика жестоки реакции и на…

повеќе...

ДИК го изгласа роковникот изборната кампања почнува на 16 мај

Државната изборна комисија денеска го усвои роковникот за извршување на изборните дејствија за спроведување на предвремените парламентарни избори, закажани за 5 јуни. Според одлуката на ДИК, избирачкиот список јавно ќе биде објавен на 25 април. Проверката на списокот ќе трае 15 дена, а ќе биде затворен на 19 мај. Според роковникот, кандидатските листи на партиите ќе треба да се заклучат до 11 мај, а на 16 мај и официјално ќе почне изборната кампања. Од избирачкиот список ќе се избришат само 1.135 лица за кои е утврдено дека се починати. ДИК…

повеќе...

Вељаноски упати покана до меѓународната заедница за следење на изборите

Претседателот на Собранието Трајко Вељаноски, упати покани до претседателот на Парламентарното собрание на ОБСЕ, Илка Канерва, претседателот на Европскиот парламент, Мартин Шулц, претседателот на Парламентарното собрание на Советот на Европа, Педро Аграмунт и претседателот на Парламентарното собрание на НАТО, Мајкл Р. Тарнер, за намерата да учествуваат во набљудувањето на предвремените избори на пратеници во Собранието, да ја известат Државната изборна комисија, која ја утврдува процедурата за вршење на набљудување на изборите. Во Изборниот законик, во членовите 161 и 162, е предвидено дека целиот изборен процес можат да го набљудуваат меѓународни…

повеќе...

Заев: СДСМ ниту ќе учествува на избори на 5 јуни, ниту ќе ги дозволи

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, придружуван од членот на Извршниот одбор на СДСМ, Благој Бочварски, претпладнето се сретна со амбасадорот на Кралството Холандија во Република Македонија, Ваутер Пломп. Тема на состанокот беше актуелната политичка криза во Македонија, усложнета со едностраната одлука на власта за одржување избори на 5 јуни и апсурдната одлука на Ѓорѓе Иванов за аболиција на криминалниот врв на власта. Заедничка е констатацијата дека погазувањето на Договорот од Пржино, чијашто цел се фер и регуларни избори, ја носи земјата кон ризични и многу штетни последици по Република Македонија…

повеќе...

Вељаноски го потпиша решението и ги распиша изборите

Претседателот на Собранието на РМ, Трајко Вељаноски, денеска ги распиша изборите, информираат од неговиот кабинет. Во соопштението од кабинетот на Вељаноски пишува дека тој решението го доставил до Државната изборна комисија како орган за спроведување на изборите, до Министерството за правда и до Министерството за надворешни работи. „Почитувани граѓанки и граѓани, верувам дека сите субјекти вклучени во изборниот процес ќе придонесат изборите да поминат во мирна и демократска атмосфера и дека секој од нас на 5 јуни ќе го оствари своето право да гласа, односно да ја даде својата доверба…

повеќе...

Интернет-порталите пак куртулија од надзор за време на изборите

Првпат во независна Република Македонија од денот на распишување на изборите, според Изборниот законик, покрај радиодифузерите, јавниот радиодифузен сервис и трговските радиодифузни друштва, е воведена контрола и врз електронските медиуми (интернет-порталите). Оттогаш за сите медиуми почнуваат да важат правилата од Изборниот законик донесен во ноември 2015 година. Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги во јануари годинава ја усвои „Методологијата за мониторинг на изборното медиумско претставување преку радио и телевизиските програмски сервиси за време на изборните процеси“, во која стои дека нема да вршат надзор врз изборното медиумско претставување на…

повеќе...