ЦИВИЛ – Центар за слобода организира Средба со граѓанките и граѓаните на тема СИТЕ ЗА СЛОБОДНИ ИЗБОРИ во Охрид. Настанот ќе се одржи утре во големата сала на Општина Охрид, со почеток во 12:00 часот. „На настанот се поканети претставниците на локалната самоуправа, политичките партии, организациите на граѓанското општество, медиумите, членовите и поддржувачите на ЦИВИЛ и заинтересираните граѓанки и граѓани на Охрид.“- вели Биљана Еверетте, дел од тимот на ЦИВИЛ. Говорници на средбата ќе бидат претставници на локалната самоуправа и на ЦИВИЛ, а за дискусија можат да се пријават сите учесници.…
повеќе...Tag: избори
Димитриев на средба со членовите на ДИК
Претседателот на Владата на Република Македонија за спроведување на изборите Емил Димитриев вчера попладне имаше средба со членовите на Државната изборна комисија (ДИК) во функција на одржување на парламентарните избори на 24 април годинава. Димитриев средбата ја оцени како позитивна и конструктивна, посочувајќи дека од претходната средба се решени сите барања на ДИК, а барањата од оваа средба ќе бидат решени на следната владина седница. „Дискутиравме за заклучоците кои Владата ги донесе на една од претходните седници, но нотиравме и доста нови предлог-заклучоци кои ќе бидат предмет на дискусија на…
повеќе...Владата усвои заклучоци поврзани со работењето на ДИК
Во функција на подготовка на изборите на 24 април 2016 година, на вчерашната седница, Владата на Република Македонија за спроведување на изборите усвои повеќе оперативни заклучоци кои произлегоа од првата работна координативна средба на Владата и членовите на Државната изборна комисија, кои се во насока на организација на фер, кредибилни и демократски избори. Владата се обврза секоја седница на Владата, како прва пред точка на дневниот ред, да се разгледуваат отворените прашања поврзани со тековното работење на Државната изборна комисија во функција на задоволување на нејзините потреби и барања, како…
повеќе...Ванхауте: Избори на кои не учествуваат сите политички партии се проблематични избори
Белгискиот олеснувач Питер Ванхауте денеска пред почетокот на средбата на работните групи во клубот на пратеници рече дека според него можно е да се постигне договор и дека е добро што политичките партии даваат свои предлози, кои не се конечни решенија, туку само предлози. Тој потврди дека со некои од предлозите има проблем затоа што не се според стандардите на Европската унија. Ванхауте исто така додаде дека нема формален договор за методологијата за прочистување на избирачкиот список, но, е задоволен што може да каже дека Државната изборна комисија (ДИК) прави…
повеќе...Премиерот Димитриев е против одложување на изборите
Премиерот на преодната влада, Емил Димитриев, изјави дека нема основа за одложување на предвремените парламентарни избори и дека тие ќе се одржат на 24 април. Ова Димитриев го изјави при посетата на новата здравствена установа „Пет центар“ на која беше придружуван од лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски и министерот за здравство, Никола Тодоров. Димитриев рече дека во овој момент нема потреба од лидерска средба. „Сега во моментов не ценам дека има некоја потреба за лидерска средба, бидејќи ние како политички партии имаме секојдневна комуникација и денеска тимовите разговараат по отворените…
повеќе...Груевски: На 24-ти април доаѓа казната и одмаздата на народот
Поминавме година во која некој користејќи го СДСМ сакаше на најможно валкан начин да го сруши ВМРО-ДПМНЕ, да ја дестабилизира Македонија, и да ја промени по терк како што налагаат неговите интереси, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски во своето обраќање на Годишната конференција на УЖ на ВМРО-ДПМНЕ. „Се беше совршено подготвено, но како што знаеме не постои совршен злочин. Во овој случај недостасуваше една сериозна финеса, која како и многупати низ историјата се покажа клучна за нашиот опстанок, која ја заборавиле, или во најмала рака ја потцениле, а тоа…
повеќе...Средба Влада – ДИК
Во функција на подготовка на изборите на 24 април 2016 година, денес, се одржа работна средба на Владата на Република Македонија за спроведување на изборите и Државната изборна комисија. Двете страни ја истакнаа својата посветеност и заложба за организација на фер, кредибилни и демократски избори. Владата за спроведување на избори и Државната изборна комисија, согласно законските прописи и изразената волја се согласија за координирана соработка во функција на спроведување на фер, кредибилни и демократски избори, интензивна комуникација во насока на креирање на решенија за реализација на изборниот процес согласно законските…
повеќе...Груевски: За избори на 24 април гласаа сите партии во Собранието, вклучително и СДСМ
Законот за избори, каде што експлицитно се наведува 24 април 2016 година како датум на одржување на изборите, е закон што беше изгласан едногласно во Собранието, вклучително и од пратениците на СДСМ, истакнал лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, на денешната средба со заменикот на генералниот секретар на Европската народна партија (ЕПП), Кристијан Кремер, кој доаѓа од редовите на германската Демохристијанска партија (ЦДУ). На средбата, како што соопштуваат од партијата, било разговарано за имплементацијата на Договорот од Пржино, за надминувањето на политичката криза и за евро-атлантските интеграции на Македонија. „Претседателот Никола…
повеќе...Заев: ЦО едногласно одлучи, СДСМ на избори на 24 април не учествува
Опозициската СДСМ синоќа одржа Централен одбор на кој едногласно била донесена одлука партијата да не учествува на изборите предвидени на 24 април, но да му се даде уште една шанса на Договорот од Пржино со тоа што техничките министри од СДСМ ќе останат во владата до денот кога Собранието ќе се распушти. „Социјалдемократскиот сојуз синоќаа имаше плодна дебата и донесе едногласна одлука. СДСМ нема да учествува на изборите на 24-ти април. Заклучоците коишто ги донесовме на Централниот одбор после дебатата се следните: Фер, регуларнии и демократски избори се императив, а…
повеќе...Чичаковски: Темелна проверка на избирачкиот список не е можна до 24 април
Избори на 24- април технички може да се спроведат, но не и темелна проверка на избирачкиот список. Ова го пишува во изјавата која претседателот на Државната изборна комисија Александар Чичаковски им ја подели на политичките партии кои во Клубот на пратеници разговараат за изборниот процес. „На прашањето дали избори на 24 април може да се спроведат, мојот одговор е дека технички изборите може да се спроведат, меѓутоа проверка и пречистување на Избирачкиот список не може да спроведе што значи дека не може да се обезбеди ниту Избирачки список во кој…
повеќе...