ЕКО-ТЕАМ собира податоци за состојбата на канализациониот систем во Охрид и Струга

Согласно договорот меѓу Република Македонија и Јапонија преку JIKA во Охрид и Струга престојува јапонски тим од експерти кој ќе работи на истражување и изработка на физибилити студијата за рехабилитација на колекторскиот систем на Охридското Езеро во делот кој спаѓа на територијата на Република Македонија. За таа цел, како што велат за WebOhrid од ЈП „Нискоградба“ Охрид веќе се договорени целите и динамиката на работа со Министерството за финансии и со Министерството за животна средина и просторно планирање. „За потребите на изработка на физибилити студијата на територијата на Општина Охрид…

повеќе...

ЈП „Нискоградба“ повторно одзатнуваше канализациони системи

ЈП „Нискоградба“ – Охрид и денес на две локации одзатнуваше канализациони системи. На улицата „АСНОМ“ се интервенираше на затната одводна цевка која беше преполна со влажни марамчиња , од каде деновиве е извадена голема количина марамчиња. Истата ситуација се случуваше и во строгиот центар на Охрид, каде на улциата „Коста Абраш“ до новиот мал плоштад, се одзатнуваше канализациона шахта која исто така беше преполна со влажни марамчиња. Од ЈП „Нискоградба“ уште еднаш апелираат до граѓаните да проработи свеста да и да се прекине оваа несватлива навика со фрлање комунален отпад во…

повеќе...

Екипите на ЈП „Нискоградба“ работеа до доцна во ноќта

По поројниот дожд кој вчера го зафати Охрид, екипите на ЈП „Нискоградба“ се справуваа со атмосферските води, кои за момент поплавија повеќе улици низ целиот град. До доцна во ноќта, на улицата Никола Карев, екипите работеа на прочистување на запушената канализациона цевка. Од канализацијата работниците извадија топка, влажни марамчиња, хигиенски влошки, со кои несовесни граѓани ја затнале канализацијата. Како најголем проблем од ЈП „Нискоградба“, како што претходно објавивме, ги посочија влажните марамчиња кои голем број граѓани и покрај апелите упорно место во канта за комунален отпад, ги фрлаат во канализациониот…

повеќе...

Состојба со поплавите од синоќешното невреме во Скопје

Од дежурните екипи во Ј.П. „Водовод и канализација“ – Скопје известуваат дека во текот на ноќта од сите критични места во градот (подвозници и сообраќајници), водата се повлекла и дека истите на споменатите места интервенирале со пумпи за црпење и вакум цистерни. Во моментов работат на црпење на вода и отпушување на канализации од приватни и деловни објекти претежно на територија на општина Центар. До 09:00 часот примени се околу 40-тина дојави и на истите интервенираат редоследно. Од одговорното лице за заштита и спасување при локалната самоуправа на Град Скопје…

повеќе...

Се поплочува патот до црквата Св.Климент во Велгошти

Јавното Претпријатие „НИСКОГРАДБА“ денеска извршуваа повеќе градежни зафати. Во Велгошти, кај црквата Св. Климент се врши подготовтка на патот за покривање со бехатон плочки, а во стариот дел на градот кај месноста „Канео“, црквата Св. Софија и кај малиот плоштад се врши проверка на пумпните станици.

повеќе...

Пратеникот Николоски во посета на изградбата на канализациона мрежа во Мешеишта

Денес во посета на општина Дебарца престојуваше пратеникот Александар Николоски, кој заедно со градоначалникот Игор Трајкоски го посетија с.Мешеишта, каде што ги согледаа градежните активности околу изградбата на канализационата мрежа, која започна да се гради пред месец и пол. Според договорот фирмата изведувач работите траба да ги заврши во рок од 10 месеци. При посетата од страна на изведувачот беше кажано дека темпото на изградба се одвива со одлична динамика и дека досега е изградена една третина од канализацијата односно 3 километри цевковод со поставени шахти. Вредноста на договорот е…

повеќе...

Во тек е изградбата на канализациона мрежа во село Мешеишта

Во село Мешеишта деновиве интезивно се гради канализационата мрежа во должина од 8 километри. Договорот за изградба на канализационата мрежа со фирмата изведувач е десет (10) месеци, тоа значи дека до крајот на годината мешеиштани ќе ја добијат долгоочекуваната канализациона мрежа со што конечно ќе се реши проблемот со преполнетите септички јами. Средствата за изградба на канализационата мрежа се обезбедени од Агенција за земјоделство и рурален развој во висина од 14.545.000,00 денари и претставува еден од поголемите инфраструктурни зафати во општината, односно еден од ветените проекти на Градоначалникот Трајкоски.

повеќе...

Можност за отплаќање на заостанат долг на рати кон ЈП „Нискоградба“

ЈП „Нискоградба“ – Охрид, ги информира корисниците на услугите кои имаат заостанат долг по основ на неплатени сметки за одведување на отпадни и атмосфетски води, истиот можат да го отплатат на повеќе рати во зависност од висината на долгот. Оваа можност се дава за оние корисници кои ќе склучат договор со ЈП до крајот на месец февруари. Кон оние корисници кои нема да го подмират заостанатиот долг ќе бидат преземени сите законски и подзаконски акти за наплата на истиот по пат на извршител. Сите заинтересирани лица да дојдат во просториите…

повеќе...

Нова водоводна линија на улица „Лазо Трповски“

Екипите на МЈП „Проаква“ Р.Е. Водовод Охрид на 16-ти јануари започнаа со изведба на нова водоводна линија на потегот на улицата „Лазо Трповски“ према улицата „Мирче Ацев“. Профилот на линијата изнесува Ф 63 и е во должина од 80 метри. Работите се одвиваат според планираната динамика и нејзиното финиширање се очекува во планираниот рок, информираат од МЈП „Проаква“.

повеќе...

Нов канализациски систем за жителите на Мороишта

Премиерот Никола Груевски во струшкото село Мороишта попладнево го пушти во употреба новиот канализациски систем. „Инвестираме во поздрава животна средина, во поквалитетен живот на денешните, но и на идните генерации на Мороишта. Немањето канализациска мрежа во минатото беше тешко секојдневие за вас. По децениски проблеми со постојните јами, Владата изнајде начин и средства да го реши овој проблем. За таа намена беа издвоени околу 12 милиони денари со кои конечно се изгради потребната инфраструктура“, рече Груевски, обраќајќи се пред собраните жители на селото кои го поздравија пуштањето во употреба на…

повеќе...